Tag Archives: Будва

Пaника во Будва, избeган лав ги крена на нозе службите и граѓаните

Околу 60 лица се вклучени во потрагата по избеганото младенче лав во близина на Будва, меѓу кои доброволци, членови на Центарот за заштита и проучување на птици, полиција, пожарникари и ловци. Потрагата, која започна денеска, беше организирана од Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора во областа Мејн, Побори, Марковиќи.

Граѓанскиот и еколошки активист Александар Драгичевиќ, кој учествува во потрагата, изјави дека лавот е стар меѓу четири и осум месеци и тежи од 40 до 60 килограми, а е забележан пред неколку ноќи.


Светската организација за заштита на природата изрази загриженост поради веста.

„Лавот наводно е во приватна сопственост на странски државјанин лоциран во Будва, но нема податоци за неговиот увоз, што укажува дека најверојатно илегално влегол во земјава. ..“, соопшти Светската организација за заштита на природата

Женска УЛТИМЕЈТ ФАЈТ борба на улиците во Будва (ВИДЕО)

На интернет кружи видео од брутална тепачка меѓу четири девојки, наводно во Будва.

На конфликтот на паркингот претходела кратка вербална дискусија.

Како што може да се види на видеото, едната од девојките притрчува до другата и и удира шлаканици, на што таа одговара со тупаници.

Само една од присутните девојки се обиде да ги раздвои, додека снимателот зад камерата на неговиот мобилен телефон извика „Па, ќе земам милиони на Јутјуб!“.