Tag Archives: Бугарија

,,Васко Жабата” тепаше, немаме среќа против Бугарија ни во фудбал

Македонската фудбалска репрезентација со 1-0 е поразена од Бугарија во последниот меч од Лигата на нации, клучна беше 14. минута кога останавме со играч помалку поради црвен картон на Тодоровски.

Македонските навивачи направија жешка атмосфера, на Арената „Тодор Проески“ имаше повеќе од 20.000 навивачи, но тие разочарани го напуштија стадионот од она што го видоа. Клучниот момент на натпреварот се случи уште во 14. минута кога Тодор Тодоровски поради опасен старт доби директен црвен картон, Македонија рано во мечот остана со фудбалер помалку.

покрај тоа што игравме со фудбалер помалку, бевме рамноправни, но не можевме да бидеме и подобри од Бугарите. Првата посериозна закана ја имаше нашата репрезентација, Ристовски шутираше силно од далечина, но Наумов го одбрани неговиот удар. По пет минути игра во второто полувреме, брз контра напад на Бугарите кој го реализираше Десподов за водство од 1-0.

На десет минути пред крајот Алиоски имаше уште една шанса, неговиот шут заврши крај голот на Бугарија. Во самиот финиш од мечот се случи и инцидент кој го почнаа Барди и Кирилов, а се вклучија многу фудбалери од двете екипи, но мешаницата беше брзо расчистена.

 Последната шанса да избегнеме пораз ја имаше Дориев, но Наумов го одбрани неговиот удар.  По овој пораз Македонија падна на третата позиција на табелата, Бугарија пред нас, на второто место го заврши натпреварувањето, прва е Грузија, а последен Гибралтар.

(Фото) Ковачевски на трибини, за кого ли навива? :)

Премиерот Димитар Ковачевски заендно со поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ вечерва се на Националната арена “Тодор Проески” за да ги бодрат македонските фудбалери во дуелот со Бугарија.

Бугарија засега е во водство со 1 спрема нула.

Премиерот вечерва во живо можеше да забележи колку Македонците ги поддржуваат неговите политики во однос на Бугарија, а посведочи и на иссвиркувањето на бугарската химна и навредливите скандирања кон бугарските фудбалери.

Слушнаа и како Македонците во еден глас ја пеат “ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ”.

За кого ли навива лепо друштво 🤣👇

Исвиркана бугарската химна на стадион! (Видео)

Сите омаловажувања, негирања и на име, јазик, идентитет, историја, култура Македонците на трибините вечерва ги “вратија” на сметка на бугарската химна која беше исвиркана од илјадници грла.

Тензична е атмосферата на Националната арена “Тодор Проески” и на теренот и на трибините, особено по најголемиот инцидент на натпреварот кога македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски доби црвен картон од австрискиот судија.

Легендарни – „ЧЕРВЕНАТА“ се вее вечерва на стадион

Велешки навивачи направија огромна “червена” односно познатите југословенски 100 динари и велат дека таа вечерва ќе се вее на трибините.

Ристовски до Бугарите: Добредојдовте во Македонија, сега е наш ред европски да ве пречекаме (Фото)

Капитенот на фудблската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, поради повреда испадна од списокот на Благоја Милевски за последните два натпревари од Лигата на нации.

Искусниот десен бек не играше во Грузија, а нема да настапи ниту на вечерашното затворање на групната фаза против селекцијата на Бугарија. Во пресрет на дуелот на „Тодор Проески“ Ристовски на социјалните мрежи испрати порака до своите колеги од источниот сосед.

„Добредојдовте во Македонија…Сега е наш ред ЕВРОПСКИ ДА ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ“, напиша Ристовски.

Избрусен „бугарски фашистички окупатор“ од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш

Градоначалникот на Чашка пријавил во полиција дека на спомен обележје над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп, со брусење е оштетен дел од текстот на плочата на споменикот.

Полициски екипи упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави Телма.

Според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, предвидена е казна за кривично дело со парична казна или со затвор до три години за оној што ќе оштети или уништи меморијален споменик.

Целиот текст на следниот линк.

Македонците ја сметаат Србија за најголем пријател, Бугарија за најголем непријател

Повеќе од една третина од граѓаните на Македонија веруваат дека Србија е најголемиот сојузник на земјата, додека Бугарија ја сметаат за најголем непријател, покажува истражувањето на фондацијата Конрад Аденауер.

Како што се наведува, во однос на перцепцијата која земја е најголем сојузник на Македонија, 37,4 отсто од граѓаните сметаат дека тоа е Србија, 24,1 отсто немаат одговор, додека 19,8 отсто сметаат дека тоа се САД, 5,8 отсто дека тоа е Турција. а 5,4 отсто дека тоа е Германија.

На прашањето која земја е најголемиот непријател на Македонија, 44 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Бугарија, додека 12,1 отсто сметаат дека тоа е Русија.

Испитаниците имаат најпозитивни впечатоци за квалитетот на меѓусебните односи на Македонија со Турција – 1,6 отсто од испитаниците, потоа 68,6 отсто со Србија и 64,3 отсто со Германија.

Граѓаните на Македонија имаат најнегативни впечатоци за меѓудржавните односи со Русија и Бугарија, за кои 59,3 отсто, односно 52,5 отсто сметаат дека имаат лоши билатерални односи со својата земја.

Речиси две третини или 65,7 отсто го поддржуваат проектот „Отворен Балкан“, додека 15 отсто не го поддржуваат, што значи дека 50,7 процентни поени повеќе ја поддржуваат оваа форма на поблиска соработка меѓу Македонија, Албанија и Србија.

„Ова истражување на јавното мислење во Македонија, објавено во публикацијата „30 години надворешна политика и одбрана“, беше спроведено во текот на август 2022 година на 1.111 испитаници.

За членство на Македонија во ЕУ гласале 63,8 отсто. Според Фондацијата „Конрад Аденауер“, овој процент, иако се уште е многу висок, покажува јасни негативни трендови во однос на првите две децении од независноста.

Вкупно 57,1 отсто од граѓаните се изјасниле дека се против „францускиот предлог“, кој беше предуслов за укинување на ветото на Бугарија и почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, наспроти 27,2 отсто кои го прифаќаат, што претставува разлика. од приближно 30 проценти во корист на противниците на овој документ.

На прашањето кога мислат дека Македонија ќе влезе во ЕУ, 28 отсто од испитаниците одговориле дека тоа никогаш нема да се случи, што е најголемата група, додека 23,7 отсто изразиле песимизам со одговорот дека не знаат кога ќе се случи, т.е. дека немаат одговор, наведува „Конрад Аденауер“.

Таче како ,,селска визитарка”: Во понеделник заминува во Бугарија да моли за струја

Откако во Белград на самитот на Отворен Балкан се расправаше за заеднички настап на трите земји за справување со енергетската криза, премиерот Димитар Ковачевски в понеделник ќе отпатува во Софија на разговори со бугарските власти за можна меѓусебна координација и помош меѓу Бугарија и Македонија. Во македонската делегација на оваа работна посета ќе има претставници од ресорите економија и енергетика. Засега нема најави со кого ќе бидат средбите од бугарска страна, иако е нормално да се очекува за кризата сигурно да разговараат двајцата премиери – Ковачевски и Галаб Донев.

Иако генерално е мал корисник на гас, Македонија го добива целото нејзино снабдување преку руски гасовод кој поминува низ Бугарија.

На прес конференцијата по завршувањето на самитот на Отворен Балкан Вучиќ, Ковачевски и рама изјавија дека нѐ чека тешка зима. „ако зборувам поинаку не би било фер и не би ја зборувал вистината. Ќе се обидеме како Западен Балкан да побараме делумно помош за купување енергија преку Европската унија. Ако ни успее тоа, многу ќе ни помогне. Ако со Македонија имаме заедничка гасна конекција би си помагале едни со други. Но, тие немаат гас, а ние немаме капацитети“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Примерот ни е како селска визитарка, коментира граѓанин на социјалните мрежи за патувањата на премиерот Ковачевски.

Невреме и во Бугарија – Дваесет луѓе се спасени со хеликоптер

Дваесет луѓе се спасени со хеликоптер од поројниот дожд во Карлово, централна Бугарија.

Tие се спасени со хеликоптер „Кугар“ од најтешко погоденото село Богдан по силниот дожд во централниот дел на Бугарија во Рајна кај Карлово, јави дописникот на МИА од Софија. Уништени се три куќи и продавница во селото Слатина, една куќа во селото Богдан и неколку делумно уништени куќи во село Каравелово.

Сто војници од бугарската армија се во областа за да им помогнат на повредените, коментира началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, додавајќи оти хеликоптерот ќе ги надлетува најкритичните точки додека да падне мрак.

Се очекува воениот хеликоптер да достави храна и вода до селото Богдан, кое и понатаму е отсечено.  Паднале четири мостови на реките Стријама и Татладере.

(Видео) Бугари од Албанија се жалат во Софија: Македонија има претензии кон бугарското малцинство

Македонија има претензии за области каде што е концентрирана бугарската дијаспора во Албанија, велат албански државјани кои се декларираат како Бугари. Тие во гостување во студиото во бугарската државна телевизија БНТ побараа итна средба со бугарскиот претседател Румен Радев.

Албанските Бугари се жалат дека на нив се префрла бугарско-македонскиот спор. Во Голо Брдо и Гора, тврдат тие, е сконцентрирано бугарското малцинство, признато од Парламентот во Тирана во 2017 година, но организации блиски до Скопје тврделе дека населението во овие области е македонско.

„Бугарската заедница во Албанија со векови живее во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Кукушка Гора. Поделбата на Голо Брдо и Гора во посебни општини ќе му овозможи на тамошното компактно бугарско население полесно да привлекува инвестиции, да го докаже своето бугарско потекло и да побара помош од Бугарија. Наша територија – сите патишта се земјени патишта, немаме ниту еден пат со асфалт. Многу е тешко да се влезе на нашите територии. Немаме ниту еден пратеник. А во општините немаме претставник од нашиот народ“, вели Хаџи Пируши од здружението „Просперитет“ во Голо Брдо.

Претставниците на бугарските здруженија велат дека бугарската заедница не била регистрирана во ниту еден албански документ, а на припадниците на бугарската заедница им било барно да го докажат потеклото врз основа на извод од матична книга на родените.about:blank

„Порано Голо Брдо беше самостојна општина, односно во изводот на родените пишуваше дека личноста е родена таму, а бидејќи се работи за компактно бугарско население, односно таму освен Бугари нема други луѓе. беше многу лесно да се утврди бугарското потекло на дотичниот кандидат. Сега, кога се ликвидирани овие општини, ни се губи секаква трага чисто административно“, рече во емисијата професорот од Институтот за население и хуманитарни истражувања при БАН, Спас Ташев.

Во октомври следува попис во Албанија, а паралелното движење со прашањето за поделба на општините, сепак, е загрозено од тамошните организации на Македонците, кои имаат свој пратеник.

„Васил Стерјовски е човекот кој тврди дека во Албанија има само Македонци, а не Бугари, а Софија ја бугаризира Тирана. Стеровски сака јасно да стави до знаење дека општините Голо Брдо и Гора имаат македонско население. Од објавите на социјалните мрежи дури е јасно дека тој ја обвинува нашата земја за вештачки создавање заедници, што предизвикува потсмев кај луѓето таму. Но, нашите сонародници сакаат Бугарија да направи повеќе за своето тамошно малцинство, особено со оглед на македонската пропаганда која функционира со години“, вели новинарот во прилогот на БНТ посветен на „бугарското малцинство во Албанија“.

„На Бугарите им треба поддршка – особено за бугарските училишта. Имаме неколку илјади Бугари од Албанија кои високото образование го завршиле во Бугарија. Овие луѓе можат да бидат мост на соработка. Има многу опции, но некој мора да ја координира оваа активност за Бугарија да може заштита на своите сонародници“, вели Ташев.

Македонија има претензии за области каде што е концентрирана бугарската дијаспора во Албанија, велат албански државјани кои се декларираат како Бугари. Тие во гостување во студиото во бугарската државна телевизија БНТ побараа итна средба со бугарскиот претседател Румен Радев.

Албанските Бугари се жалат дека на нив се префрла бугарско-македонскиот спор. Во Голо Брдо и Гора, тврдат тие, е сконцентрирано бугарското малцинство, признато од Парламентот во Тирана во 2017 година, но организации блиски до Скопје тврделе дека населението во овие области е македонско.

„Бугарската заедница во Албанија со векови живее во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Кукушка Гора. Поделбата на Голо Брдо и Гора во посебни општини ќе му овозможи на тамошното компактно бугарско население полесно да привлекува инвестиции, да го докаже своето бугарско потекло и да побара помош од Бугарија. Наша територија – сите патишта се земјени патишта, немаме ниту еден пат со асфалт. Многу е тешко да се влезе на нашите територии. Немаме ниту еден пратеник. А во општините немаме претставник од нашиот народ“, вели Хаџи Пируши од здружението „Просперитет“ во Голо Брдо.

Претставниците на бугарските здруженија велат дека бугарската заедница не била регистрирана во ниту еден албански документ, а на припадниците на бугарската заедница им било барно да го докажат потеклото врз основа на извод од матична книга на родените.