Tag Archives: Бугарија

Малолетник запали бугарско знаме во Бугарија

17-годишен малолетник го запалил бугарското знаме откако претходно го украл од градското собрание на селото Александрово, во месноста Павел Бања, пренесува бугарската телевизија НОВА.

По пријава од страна на градоначалникот, полицијата во рок од 24 часа го открила сторителот и на 1 март случајот бил расчистен.

Против сторителот веќе е поведена претистражна постапка, пренесуваат бугарските медиуми.

Засега не се објавуваат мотивите на малолетникот.

Џамбаски сонувал за Санстефанска Бугарија: Ќе ја следиме идејата што и да нè чини

Санстефанска Бугарија е неостварениот и ќе остане засегогаш неостварен сон во главите на многу Бугари, а секако исклучок не е ниту европратеникот познат по неговите нацистички ставови, Ангел Џамбаски.

Тој по повод денот на потпишувањето на Санстефанскиот договор на Фејсбук објави статус во кој секако не пропушти да каже дека сонува за голема Бугарија и дека ќе прави сè за да го оствари тој сон.

– Колку и да и беа благодарни на Русија, овие луѓе (тогашните потписници Бугари) никогаш не сакаа Бугарија да ја имитира или да биде под нејзина власт. Сонуваа за европска, но суверена и силна Бугарија.
За ваква Бугарија денес сонуваме ние во ВМРО. Бугарија, во која ниту соросоидните секташи не туркаат кон културно самоубиство, ниту евроазискиот субверзивен елемент – кон предавање на идеите и визијата на нашите преродбеници. Визијата за европска, независна, силна и суверена Бугарија. Визијата на ѕвездата од Сан Стефано која ја исцртува вистинската траекторија. Ќе ја следиме. Што и да не чини. – напиша Џамбаски на Фејсбук.

Санстефанска Бугарија е држава која никогаш не се создала, останала парче хартија исцртано со Санстефанскиот мировен договор од 1878 година со кој Бугарија добивала автономија.

Таа требало да ги опфаќа териториите од Дунав долж новосоздадената српска граница и по западната граница преку Врање до Скопска Црна Гора. Оттаму границата преминувала по западните граници на Куманово, Кочани, до Кораб планина.

Потоа, границата се спушта на југ по Црн Дрим и потоа по западната граница на Охрид, Старово и Корча до планината Грамос. Понатаму, границата тргнува на исток преку Костурското Езеро, стигнувала до река Магленица и се спушта до Солунскиот Залив.

Границата го заобиколува Солун и преку езерото Бешик Ѓол излегува на Струмскиот Залив. Од Бурувиот Ѓол границата се извиткува на север кон Родопите до Чепеларе, каде завива на исток и се спушта по Арда, па минува преку Источна Тракија до Црно Море, оставајќи го Едрене во Османлиското Царство, а Лозенград, Лилебургас и Мало Трново во Бугарија. Границата го напушта морскиот брег при Мангалија и преку Добруџа излегува на Дунав при Расово.

Западните држави никогаш не профатиле создавање на ваква држава, поради што подоцна бил одржан Берлинскиот конгрес, кој го укинува Санстефанскиот договор.

Таква држава никогаш реално не постоела, но голем дел од Бугарите се уште мечтаат и да повротиме, тоа ќе остане само сон, најголемиот неостварен сон за Бугарите затоа што Македонија никогаш нема да биде бугарска.

ГРУБИ: Со Бугари во Уставот најмногу добиваат Македонците, ни Преспанскиот, ниту договорот со Бугарија е против македонскиот народ

Со влегување на Бугарите во преамбулата на уставот добиваат Македонците затоа што така се прави разлика меѓу Македонците и Бугарите и со тоа завршуваат претензиите дека сите Македонци се Бугари, вели вицепремиерот Артан Груби во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk.

Груби убедува дека ни Преспанскиот договор, ниту договорот со Бугарија е против Македонија и против македонскиот народ.

– Не знам кој ги храни наративите против уставните измени во провладините медиуми, но знам дека храбро е донесена одлуката за склучување на договорот за добрососедство со Бугарија. Ја гласавме во Владата и беше усвоен во Собрание. Јасно е дека имало резерви да не се направи некој превид и се покажа спротивното и започнавме преговори со ЕУ, вели Груби одговарајќи на прашањето за антибугарска хистерија во провладините медиуми.

Тој верува дека јавната кампања во медиумите и јавноста против внесување на Бугарите во уставот е поврзано со негативните чувства што за време на поранешна Југославија постоеја кон Бугарија.

– Овдешната јавност е многу чувствителна кон прашањето со Бугарија поради наметнатата свест од поранешна Југославија. Вие добро знаете како ја доживуваме Бугарија во осумдесеттите и деведесеттите години. Ние тогаш имавме подобар стандард од Бугарите додека сега Бугарија е членка на ЕУ и на НАТО. Сега тие не условуваат и тоа ги иритира граѓаните, оценува Груби.

Коментирајќи ги резултатите од анкетите, кои наводно покажуваат пад на поддршката на етничките Македонци за ЕУ, Груби негира дека владата го храни евроскептицизмот преку провладините медиуми затоа што знае какви ставови има владата.

– Можеби луѓето што ги водат тие медиуми имаат такви убедувања. Знам дека постои аверзија против уставните измени и договорот со Бугарија. Но, ние треба да ги решаваме проблемите, да донесеме тешки одлуки, кои ќе бидат праведни и добри за луѓето. Ако сакаме да влеземе во ЕУ треба да донесеме тешки одлуки и треба да мислиме за идните генерации, а не за следните избори, додава Груби.

Ако Македонците и Албанците се поларизираат околу уставните измени, тогаш ќе се доведе во прашања европската иднина на земјата, смета тој.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН – Во Сан Стефано е склучен мировен договор со кој Русија на Бугарија и ја подарува Македонија

На денешен ден, 3 март 1878 година, по завршувањето на Руско-турската војна (1877-1878), во гратчето Сан Стефано, кај Цариград, бил склучен мировен договор, познат како Санстефански мир.

Со договорот е заклучено на Црна Гора, Србија и Романија да им се признае независност и територијално проширување на сметка на Турција. За Босна и Херцеговина била предвидена автономија под надзор на Австро-Унгарија, а било создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција – Голема Бугарија.

Покрај другите делови, во кнежевството било предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро-Унгарија, Германија и на другите големи сили со превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13 јуни  до 13 јули 1878 година), договорот бил ревидиран.

Одредбите на Санстефанскиот договор и на Берлинскиот конгрес, неповолно се одразиле врз понатамошните односи на Балканот.

„Склучувањето на Санстефанскиот договор беше голема грешка од руска страна. Зашто тој Договор правеше од Македонија чисто бугарска земја. Таа е словенска, но не и бугарска…” (“Петербуршки ведомости”, Бр. 315 од 1900 година)

По силните притисоци на Австро-Унгарија и Англија врз така скроениот Санстефански договор, идејата за негова ревизија била прифатена и од владата на Русија.

Кнезот Горчаков, по чија наредба руската делегација го потпишала договорот, нешто подоцна самиот напишал:

– Санстефанскиот мир ни создаде големи потешкотии. Сега ние треба да отстапуваме, и без жртви, одвај ќе најдеме излез од положбата, вели кнезот Горачков.

По тој настан реагирал и грофот Шувалов, кој на австроунгарскиот министер Андраши му изјавил:

– Санстефанскиот мир е несреќа за нас, а не за Австрија. Тоа е најголемото недоразбирање што можевме да го направиме. На крајот на краиштата, ние ќе бидеме принудени да отстапиме пред очите на цела Европа, изјавил Шувалов.

Договор по Руско-турската војна

Санстефанскиот мировен договор е договор помеѓу Руското Царство и Отоманската Империја склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Бил потпишан на 3 март 1878 во Сан Стефано (Јешилќој), село западно од Истанбул, од страна на Никола Павлович Игнатиев и Александар Нелидов од страна на Руското царство и министерот за надворешни работи Сафет Паша и Амбасадорот во Германија Садулах Беј од страна на Отоманската Империја.

Со договорот всушност се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава. Според некои извори за Русија Санстефанскиот договор претставувал само прелиминарен договор кој требало да служи како основа за понатамошни преговори со останатите големи сили од тоа време.

Австро-Унгарија, Британската Империја и Франција не биле задоволни со проширувањето на влијанието на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство довело до потпишување на нов мировен договор само неколку месеци подоцна, на Берлинскиот конгрес одржан во јуни и јули 1878 година.

Британскиот историчар A.J.P. Тејлор вели: „Ако договорот од Сан Стефано останел во сила и Отоманската империја и Австро-Унгарија би преживеале до денес. На крајот од 1878 Роберт Сесил пишува: Треба повторно да формираме рахитична форма на турското владеење на југот од Балканот. Но, тоа е само одмор. Нема виталност останато во него.“

Денот на потпишувањето на овој договор во денешна Република Бугарија се слави како национален ден на ослободување.

По крајот на Руско-турската војна во Едрене било потпишано примирје. Уште во почетокот на Руско-турската војна ситуацијата во Европа била загрижувачка. И покрај противењето на опозицијата на чело со Вилијам Гладстон во мај 1877 година, Владата на Велика Британија донела одлука да се вклучи во војната на страната на Отоманската империја во случај Русија да го нападне Истанбул и да навлезе на територијата на Египет или да ги окупира Дарданелите или Персискиот залив. Руската влада брзо ја уверила на Англија дека Египет и Персискиот залив не се во нејзините планови.

Бидејќи стравувала од сојуз на Русија со Германија и Австро-Унгарија, британската влада сакала да ја привлече Австро-Унгарија на своја страна. Во мај 1877 година британскиот премиер испратил таен меморандум до австро-унгарската влада која одговорила дека нема да биде согласила на една долготрајна руска заштита над Бугарија. Отворените антируски искази во Англија и несогласувањето на Хабсбуршката монархија со руските планови довело до тоа да Високата Порта побара дипломатска помош. Виена сепак ја отфрлила османлиската молба за помош бидејќи не барала начин да ја спаси империјата туку да се прошири кон Балканскиот полуостров. Поради тоа Австро-Унгарија сакала мировниот договор по војната да биде потпишан од сите Големи сили, зад кој договор застанала и Велика Британија.

Германија ја зазела страната на Русија

Во февруари 1878 година Германија ја зазела страната на Русија бидејќи се интересирала само од слободниот превоз по Дунав и Дарданелите, а освен тоа се залагала за поробеното христијанско население на Балканот. Канцеларот Ото фон Бизмарк понудил да посредува во руско-британските несогласувања. На крајот на истиот месец министерот за надворешни работи на Австро-Унгарија се спротиставил остро против проширувањето на Бугарија на југ од Стара Планина. Во меѓувреме Русија започнала да има тешкотии и со балканските сојузници. Романија изразила незадоволство од преминувањето на Јужна Бесарабија во составот на Руската империја иако таа ја добила Северна Добруџа како компензација. Подоцна сите овие околности, вклучувајќи го и фактот што руската армија не ги ослободила Македонија и Родопите, ја попречиле реализацијата на Санстефанскиот договор и поради тоа истиот бил ревидиран преку Берлинскиот договор.

Мировните преговори започнале на 13 февруари откако во Едрене пристигнал првиот член на турската делегација, министерот за надворешни работи Сафвет Паша. Две недели подоцна пристигнал и вториот – Сабдулах бег, амбасадор во Берлин. Во тоа време започнал и упадот на Британската морнарица во Мраморно Море. Уште во почетокот на преговорите Сафвет паша најавил дека империјата ќе ги оствари изработените од Цариградската конференција реформи, но тој ги отфрлил условите за мир бидејќи потпишување на договорот требало да има само ако биде започнат конгрес на сите Големи сили. Сафвет сакал да ги одлага преговорите но да не ги прекинува бидејќи се плашел од нова руска офанзива кон главниот град но сеуште се надевал на британска и австро-унгарска подршка. Преговорите започнале да одат во ќор сокак па руската влада решила да преземе цврсти мерки. На 24 февруари испратила одред од 10.000 луѓе крај Цариград, а главните руски преговарачи се преместиле од Едрене во Сан Стефано, но оваа тактика на заплашување не дала резултат и османлиските преговарачи продолжиле да заработуваат во време до посакуваната помош од конгрес со Големите сили.

Турците против границите на Бугарија и Србија

Делегацијата на Отоманската империја се противила на границите на Бугарија и Србија, кои зазимале значителни делови од териториите на империјата. Руските претставници не сакале да отстапат од своите позиции. На 25 февруари во Сан Стефано пристигнал големиот везир Ахмед Вефик но повторно не бил постигнат успех па на 28 февруари истите биле прекинати. Истиот ден грофот Игнатиев го известил главниот командант на војските кнез Николај Николаевич дека примирјето мора исто така да биде прекинато но Николаевич бил загрижен дека ваквите дејства би довеле до војна со Велика Британија. На 1 март руските претставници поставиле ултиматум на османлиската делегација да го потпише договорот или воените дејствија ќе бидат обновени а во исто време руската армија започнала готовност за датргне кон османлиската престолнина. Така Високата порта започнала повторно да преговата. Договорот бил потпишан на 3 март 1878 година а одлуките на договорот стапиле во сила на 18 март.

Со договорот се воспоставува автономна област во рамките на Отоманското Царство со широки овластувања, Христијанска управа и право на сопствена армија. Оваа територија го опфаќа просторот помеѓу Дунав и планинскиот масив Стара Планина, регионот на Софија, Пирот и Врање во долината на Морава, Северна Тракија, делови на Источна Тракија и речиси цела Македонија (Член 6 од договорот).

Принц избран од народот, потврден од страна на Отоманската империја и Големите сили ќе управува со територијата. Совет на видни луѓе ќе дадат предлог на Устав (Член 7). Воените трупи на Отоманската империја ќе се повлечат од оваа територија, додека Руската воена окупација ќе продолжи во следните две години (Член 8).

Црна Гора Согласно договорот, речиси двојно ја зголемува својата територија за сметка на Отоманската Империја, при што и се преклучени (Никшиќ),(Подгорица) и (Антивари). Отоманската империја ја признава нејзината независност.

Велика Британија и Австро-Унгарија се спротивставиле

Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор Отоманската империја ги прифатила барањата на Русија но се надевала дека барем делумно ќе влијае на новата бугарска држава. Велика Британија и Австро-Унгарија се спротиставиле на договорот изјавувајќи дека Русија т.н. Источно прашање го заклучила единствено во нејзина корист без да расправа за тоа со западните сили. Заедно со Велика Британија, Италија и Франција исто така се изјасниле против излегувањето на Бугарија на Белото Море, под изговор дека ќе биде користено од Русија за свое идно влијание на Медитеранот. Велика Британија започнала да се подготвува за војна. Австро-Унгарија била незадоволна бидејќи кон новата бугарска држава била вклучена Македонија. Германија индиректно ја подржала Русија. Оваа криза довела да Русија започне да размислува за идните можни конфликти против Велика Британија и Австро-Унгарија. Руската армија била изморена од војната и неспособна.

На крајот на март 1878 година од Русија во Австро-Унгарија бил испратен грофот Игнатиев кој требал да постигне разбирање за спорните прашања. Започнале преговори околу средна и западна Македонија кои влегувале во Бугарија, а Австро-Унгарија овие територии ги посакувала за свои цели и излез на Егејско Море а како компензација Србија би се проширила кон источните делови. Така преговорите немале успех, а од Берлин пристигнала телеграма во која Германија се понудила како посредник меѓу британската и руската страна, со цел да се избегне голема војна.

На 27 април 1878 година руската влада донела одлука за исполнување на барањата на Австро-Унгарија во врска со Бугарија, со цел да избегне конфликт. Според договорот со британската страна, Бугарија била поделена на два дела. Јужниот дел го добил името Источна Румелија. Србија и Грција исто така не биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство подоцна довело до одржување на Берлинскиот конгрес во 1878 година. Романија, која дала голем придонес на страната на победниците во војната, била крајно разочарана од договорот. Јавноста во Романија гледала на договрот како предавство од страна на Русија, која го прекршила Руско-романскиот договор пред започнувањето а војната, со кој се гарантирал интегритетот на романската територија.

Ученички конкурс во Бугарија -„Моите корени се од Македонија или Одринско“

Во Бугарија по втор пат ќе се одржи државниот ученички конкурс за документарен расказ, интервју или есеј на тема „Моите прадедовски корени од Македонија и Одринска Тракија“.

Натпреварот е во орган изација на Бугарското здружение на македонски род во партнерство со Историскиот факултет на Универзитетот Св. Климент Охридски“ и Македонскиот научен институт, објави БГНЕС. .

Агенцијата пренесува дека учениците со роднини и пријатели од Македонија или Одринска Тракија се очекува да презентираат кратка студија за нивната семејна историја или судбината на поединечно лице/и поврзани со овие делови.

Се очекува тие презентираат разговори-интервјуа со своите роднини и роднини – родители, баби и дедовци, тетки и чичковци и подалечни постари роднини и роднини.

Тиеовие информации можат да ги дополнат со информации од книги, статии и други публикации; од истражувања во музеи, во приватни и јавни архиви.

На натпреварот можат да учествуваат и ученици кои не потекнуваат од Македонија и Одринска Тракија со истражување и презентирање на таквото потекло на нивни семејни пријатели, познаници и соученици.

Пишаниот текст се очекува да содржи кратки информации за релевантните населби во Македонија или Одринска Тракија; од каде потекнуваат корените на родот; информации за лицата од семејството, за животот и егзистенцијата; потипични инциденти и настани, вклучувајќи ги и оние поврзани со училишното образование или револуционерната работа; датум и причини за преселба во Бугарија, доколку ги има; место(и) на населување во Бугарија и економска и социјална адаптација; дали да одржува или не врски со првобитното место во Македонија или Одринска Тракија; дали има останати роднини во Македонија или Одринска Тракија.

Како додаток на пишаните текстови може да се вклучат цртеж на семејно стебло, фотографии од поединци, населби и семејни настани, сеќавања на роднини и други материјали, како и цртежи од ученици на споменатите теми, пренесува БГНЕС.

Бугарската БТВ прикажа филм – Бугарите се жртви на насилство во Македонија (ВИДЕО)

Бугарската телевизија БТВ сними документарец насловен „Бугари во Македонија“.

Документарецот, како што велат од телевизијата, е снимен во Охрид, а неговата цел е да се докаже дека Бугарите во Македонија се соочуваат со насилство, кое се поврзува со последниот настан со тепањето на Христијан Пендиков.

„ По серијата вандализам во Македонија и тепањето на Христијан Пендиков – екипа на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе ве сретнеме со неколку мажи – родени и израснати во Македонија, но тие велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство.

За првпат – за БТВ зборуваат и двајца браќа од Охрид, кои беа приведени веднаш по нападот на Пендиков.

„Пиеме апчиња за смирување пред средбите со македонските историчари”

Кога членовите од бугарскиот тим во заедничката историска комисија треба да се сретнат со македонските колеги задолжително земаат таблети за смирување, вели бугарскиот историчар Кирил Топалов, кој е дел од бугарскиот тим.

Во интервју за БНР, тој говори, како што вели, за проблемите што ги имаат со македонските колеги.

– Ти им велиш дека 2 и 2 се 4, а колегите ти велат дека се 5. Што да очекуваш освен да губиш нерви. Ни велат дека Самоил бил македонски цар, а не бугарски. Кога ги прашавме што значи тогаш камената плоча во Битола не знаеја што да одговорат. Некои од медиумите дури објавија дека тоа не е вистинската плоча, туку дека Бугарите ја направиле. Многу е тешко да се зборува со македонските колеги, се пожали Топалов.

Според него, кога зборуваат за различни прашања, како на пример Охридска архиепископија која што ја основал Василиј Втори и ја нарекол „архиепископија на цела Бугарија“, македонските колеги им велеле дека треба да настапуваат мултиперспективно, што значи дека секоја од страните може да ги толкува историските настани како што сака.

– На прашањето дали може за едно бело платно ако го гледаш мултиперспективно да кажеш дека е црно, ни рекоа „да“, ако имаш аргументи“. Ете такви разговори водиме со нив, изјави Топалов – пренесува Слободен Печат.

„Македонија не е држава, тоа е територија“: Бугарскиот пејач добил сериозни закани – ќе бара правда

„Прва лекција по историјата на Македонија. Тоа не е држава, туку територија. Мала провинција со големи амбиции, пораднала со бугарските традиции“.

Ова е само дел од тексто на песната која ја објави бугарскиот рапер Иван Динев, познат како Устата.

Изведувачот вели дека добил стотици пораки со закани по неговиот живот, откако во својата песна ги понижи Македонците и ја навреди цела држава.

Пејачот вчера поднел пријава во полиција, а денеска документи ќе стигнат до Државната Агенција за Национална сигурност (ДАНС) и бугарското МНР.

Во средата раперот поднел пријава во полиција, но нагласил дека прашањата што му ги поставувале таму биле апсурдни.

„Затоа решив да се обратам до повисоките институции“, изјави Динев за бугарска „НОВА“.

Пред неколку дена Динев сподели со своите следбеници на социјалните мрежи дека добил над 100 смртни закани по објавувањето на песната чија порака била насочена кон Македонија.

Понатаму во песната тој вели: „Со бугарски корени се сите дрва до 1945-та година. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскот“.

Бугapиja не пpecтанува да се шиpи – Што е следно, бугарски кyлтypни клубови и во Косово ?

Откако ќе го освојат цел Балкан, ќе тргнат на поход кон и кон Индија, Монголија, Кина…

Да потсетиме дека пред неколку денови во репортажата на Бугарската национална телевизија (БНТ) се тврди дека на Косово живеат 15 000 лица со бугарска самосвест.

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова бара од Приштина – Бугарите на Косово да бидат официјално признаени и да добијат посебна графа на пописот.

Првиот канал на Бугарската национална телевизија емитуваше репортажа со наслов „Како живеат косовските Бугари?“.

Видеозаписот ги пренесува и пораките на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која вчера го посети Косово, а на враќање имаше средби и со претставниците на Бугарите во Северна Македонија.

седиштето на „Обединети Бугари на Косово“ во Крстец.

Целото видео (на бугарски јазик) можете да го погледнете ТУКА.

Стануваат ли и Гораните – Бугари?

Ако се проверат топонимите на местата каде се одвиваше посетата на Јотова, бргу станува јасно дека таа била во областа Гора на Косово. Тоа е просторот од косовската страна на Шар Планина, па се до Призрен. Административно, најголем дел од таа територија е дел од општината Драгаш.

Според англиската верзија на Википедија, последните проценки на ОБСЕ се дека во општината Драгаш живеат околу 41 000 жители. Од нив, околу 23 000 се Албанци. Останатите 18 000 се водат како Горани и/или Бошњаци, но се забележува и дека на пописот во 2011 година како Бошњаци се изјасниле околу 4 000. Тоа би значело дека во општината има околу 14 000 Горани, што пак е цифра многу блиска до споменатите 15 000 Бугари на Косово во прилогот на тамошната национална телевизија.

Во репортажата на БНТ, сепак, не се споменуваат ниту Гораните ниту Бошњаците. Се говори само за Бугари.

„Кај си бе Уста во уста да те гребам“ – Како Бетмен Велит му ја „затна устата“ на бугарскиот рапер (Видео)

Водителот и шоумен Богдан Илиевски, познат како „Бетмен велит“ влезе во рап битка со бугарскиот рапер Иван Динев – Устата кој пред неколку дена објави песна со која ја навредува Македонија и македонскиот народ.

„Кај си бе Уста во уста да те гребам, сакаш да влезеш во уста, но можеш ко ќе ти наредам. Сѐ што имам да ти кажам што си ти сам крив, не ти смета мојот јазик, туку што сум жив. Ама јазик имам и на него се ќе ти раскажам, мисли што сакаш, мисли дека те лажам, но не ме боли уво…“ – рапува Бетмен.

Во продолжение слушнете како Бетмен Велит му „ја затна устата“  на Устата, со својата рап верзија како одговор на бугарската вербална агресија: