Tag Archives: Бугари

Внесувањето на Бугарите во Уставот е во согласност со Крушевската република и АСНОМ (Видео)

Премиерот Димитар Ковачевски од Собранието им укажа на граѓаните да не се плашат од измената на Уставот и вметнување на Бугарите и другите народи во преамбулата. Тој укажа дека уставните измени не се под никаква уцена, ниту диктат.

Според Владата, предлогот за вметнување на Бугарите во Уставот и на уште неколку етнички заедници е поради зајакнување на правата на заедниците поради усогласување со Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, а уставната традиција на Македонија е започната уште со Крушевската република.

– Уставноправната поставеност и традиција на Македонија во која се афирмира јазичниот , верскиот и културниот идентитет на сите заедници во нашата земја започна уште во државноправните традиции наведени во Крушевската република и во одлуките на АСНОМ.

„Ние не треба да ја пропуштиме оваа шанса за Европа. Еднаш тоа се случи кога се одвоивме од Хрватска. А дали ќе се случи пак годинава, вие во парламентот ќе одлучите. Европските претставници предупредуваат дека постои ризик од одвојување на Северна Македонија и Албанија ако пред крајот на годината не се усвојат уставните измени. Тоа значи дека тие не се диктат, туку дел од преговарачката рамка со ЕУ“, рече Ковачевски.

Тој ги убедуваше пратениците дека ЕУ не се меша во идентитетските прашања и дека ништо од уставните измени не задира во нив. Според премиерот, промената на Уставот носи само добрососедски односи.

Во својот говор се осврна и на европските фондови до кои пристап ќе има Македонија. Пратениците ги убедуваше да гласаат и да ги донесат измените бидејќи ќе се отворат големи фондови, кои ќе донесат просперитет за државата.

Зуроф: Бугарите се целосно одговорни за депортациите на македонските Евреи

Несомнено е дека за депортацијата на македонските Евреи е одговорна Бугарија, но одвратно е што сега се прави притисок за да не се открива вистината.

Ова го вели за Канал 5, Ефраим Зуров, израелски историчар ..

Зуроф е роден во Америка а како ловец на нацистите има клучна улога во изведување на судењето на обвинети нацистички воени злосторници.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Бугарскиот окупатор почнал со собирање на 7.000 Евреи од Македонија, кои биле однесени во фашистичкиот логор Треблинка

На 11 март 1943 година бугарскиот окупатор извршил општа блокада и рација за собирање на Евреите во Македонија.

За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена.

Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот фашистички логор „Треблинка“ на територијата на Полска.

Во овој логор на смртта, по извесно време, германските фашисти ликвидирале над 7.000 Евреи од Македонија.

Кобното утро за битолските Евреи – 11 март 1943 година
Претставници на институции од Битола, здруженија на граѓани и поединци, вчера и денес, со повеќе манифестации потсетуваат на кобното утро од 11 март 1943 година кога 3.276 битолски Евреи беа депортирани од градот.

Масовното населување на Евреите во Битола датира од 1497 година според православниот, односно 5257 година според еврејскиот календар и е резултат на масовното иселување на Евреите од Пиринејскиот Полуостров, со протерувањата од Шпанија, а подоцна и од Португалија.

Шпанските и португалските Евреи, познати како Сефардски Евреи, населувајќи се во Битола, како и насекаде во светот живееле свој посебен живот, прилагодувајќи ги своите народни и духовни потреби на условите на живот кој се одвивал околу нив, а центарот на нивниот општествен живот била нивната општина.

Еврејската населба во Битола ги зафаќала денешниот простор од Безистенот до Здравствениот дом во Битола, а подоцна оформиле нова населба наречена „Ла мале“, која се наоѓала од десната страна на реката Драгор, од дрвениот мост па се до хотелот „Солун“. Во градот имало и трета населба од Мас-пазар до „Пипер ан“ која се викала „Ла Табана“. Во т.н. центар на еврејската населба била синагогата „Ла Хавра“, место кое денес битолчани го нарекуваат „Кај Аврата“.

Пријателствата со другото население во градот значеле и споделување на заеднички судбини, но и предизвици па затоа забележливо е учеството на евреите во Илинденското востание, активностите на ТМРО и вклученоста во антифашистичката борба во 1941 година. Во тој период, санкциите против Евреите се засилуваат, во 1942 година тогашниот окупатор им наредил да живеат во помал станбен простор, забрането им било да користат автомобили, радиоапарати, телефони…се до одлуката кога кобното утро на 11. март 1943 година, 3.276 битолски Евреи се депортирани во концентрациониот логор Треблинка.

Во знак на сеќавање и денес битолчани ќе положат цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи и народната хероина Естреја Овадија Мара кои се наоѓаат пред Домот за народно здравје „д-р Хаим Абраванел“ во Битола.

ГРУБИ: Со Бугари во Уставот најмногу добиваат Македонците, ни Преспанскиот, ниту договорот со Бугарија е против македонскиот народ

Со влегување на Бугарите во преамбулата на уставот добиваат Македонците затоа што така се прави разлика меѓу Македонците и Бугарите и со тоа завршуваат претензиите дека сите Македонци се Бугари, вели вицепремиерот Артан Груби во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk.

Груби убедува дека ни Преспанскиот договор, ниту договорот со Бугарија е против Македонија и против македонскиот народ.

– Не знам кој ги храни наративите против уставните измени во провладините медиуми, но знам дека храбро е донесена одлуката за склучување на договорот за добрососедство со Бугарија. Ја гласавме во Владата и беше усвоен во Собрание. Јасно е дека имало резерви да не се направи некој превид и се покажа спротивното и започнавме преговори со ЕУ, вели Груби одговарајќи на прашањето за антибугарска хистерија во провладините медиуми.

Тој верува дека јавната кампања во медиумите и јавноста против внесување на Бугарите во уставот е поврзано со негативните чувства што за време на поранешна Југославија постоеја кон Бугарија.

– Овдешната јавност е многу чувствителна кон прашањето со Бугарија поради наметнатата свест од поранешна Југославија. Вие добро знаете како ја доживуваме Бугарија во осумдесеттите и деведесеттите години. Ние тогаш имавме подобар стандард од Бугарите додека сега Бугарија е членка на ЕУ и на НАТО. Сега тие не условуваат и тоа ги иритира граѓаните, оценува Груби.

Коментирајќи ги резултатите од анкетите, кои наводно покажуваат пад на поддршката на етничките Македонци за ЕУ, Груби негира дека владата го храни евроскептицизмот преку провладините медиуми затоа што знае какви ставови има владата.

– Можеби луѓето што ги водат тие медиуми имаат такви убедувања. Знам дека постои аверзија против уставните измени и договорот со Бугарија. Но, ние треба да ги решаваме проблемите, да донесеме тешки одлуки, кои ќе бидат праведни и добри за луѓето. Ако сакаме да влеземе во ЕУ треба да донесеме тешки одлуки и треба да мислиме за идните генерации, а не за следните избори, додава Груби.

Ако Македонците и Албанците се поларизираат околу уставните измени, тогаш ќе се доведе во прашања европската иднина на земјата, смета тој.

Чепреганов: Албанците и Бугарите работат заедно на разнебитување на Македонија, во границите како што била поделена од 1941-1945

„Универзитетски професори, историчари, меѓународноправни експерти и дипломати забележуваат дека постои добра координација на релацијата Приштина – Скопје – Тирана и дека ништо не е случајно ниту кажано ниту направено, па и во врска со „Заедница на албански општини“ во Македонија. Зад сè се препознава големоалбанската кауза, која на Балканот не признава државни граници поинакви од оние што се утврдени во 1913 година и делумно реализирани за време на Втората светска војна.“ – се вели во анализата со наслов „Ѝ намигнува ли некој дискретно на Софија?“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Темпирани повици за формирање „Заедница на албански општини“ во Македонија

Покрај другото, во анализата пишува: Не стивнуваат реакциите кај македонската јавност, но и во соседството, по последното барање на сега опозициската партија Алтернатива да се формира заедница на албански општини во Македонија по урнекот на Заедницата на српски општини во Косово. Целата ситуација будно ја следи и официјална Софија, која сигурно нема да седи со скрстени раце ако дојде до реализација на ваквата идеја и затоа барањето за внесување на Бугарите во македонскиот устав не е нималку наивно, како што некој сака да го прикаже.

„Нашиве заблудени политичари никако да сфатат дека историјата ни се повторува, само сега малку поинаку спакувана. Албанците и Бугарите работат заедно на разнебитување на Македонија, и тоа токму во границите како што била поделена за време на Втората светска војна.“ – смета историчарот Тодор Чепреганов.

Изјавите на министерот за економија Крешник Бектеши во Тирана дека тој не е македонски министер, лобирањето на шефот на дипломатијата Бујар Османи за признавање на Косово, зачестените „седенки“ на лидерите на албанските политички партии од земјава во Тирана јасно покажуваат што е нивен приоритет, а тој приоритет никако не се вика Македонија. Во време кога државата се соочува со отворен фронтален напад од соседна Бугарија, користењето на сопствената држава како алатка за решавање на проблемите во некои туѓи дворови може да донесе проблеми и во сопствениот двор.

Бугарската БТВ прикажа филм – Бугарите се жртви на насилство во Македонија (ВИДЕО)

Бугарската телевизија БТВ сними документарец насловен „Бугари во Македонија“.

Документарецот, како што велат од телевизијата, е снимен во Охрид, а неговата цел е да се докаже дека Бугарите во Македонија се соочуваат со насилство, кое се поврзува со последниот настан со тепањето на Христијан Пендиков.

„ По серијата вандализам во Македонија и тепањето на Христијан Пендиков – екипа на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе ве сретнеме со неколку мажи – родени и израснати во Македонија, но тие велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство.

За првпат – за БТВ зборуваат и двајца браќа од Охрид, кои беа приведени веднаш по нападот на Пендиков.

Бугарите направиле филм за „македонските бугари“ – Ќе се емитува денеска

Бугарската телевизија БТВ за денеска најави емитување на филм со наслов „Бугарин во Северна Македонија“.

Во најавата не се наведува дали станува збор за документарец, но според објавени исечоци, во него има сведоштва на граѓани на Северна Македонија кои се декларираат со бугарска самосвест, меѓу нив е и Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.

„По серијата вандализам во Северна Македонија и тепањето на Христијан Пендиков – екипата на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе ве запознаеме со неколку мажи – родени и израснати во Северна Македонија, но велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство“,

пишува во најавата на БТВ.

За првпат, велат, јавно ќе зборуваат двајца браќа од Охрид кои биле приведени по нападот на Пендиков.

Филмот, според најавата, го снимале една репортерка и еден снимател.

„Ќе ве запознаеме со неколку мажи – родени и израснати во Северна Македонија, но велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство“, е дел од најавата за денешното емитување на филмот.

Горанците од Косово ѝ порачаа на Јотова: Овде НЕМА БУГАРИ И НИКОГАШ НЕМАЛО!

Партијата „Наша иницијатива” од Косово, која ги застапува интересите на Бошњаците и на Горанците во земјата, изразува загриженост по повод ненајавената посета на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова на Косово на 18 февруари, и вестите во Бугарија околу целта на нејзината посета, објави електронското издание на весникот „Илинден”.

Во реакцијата, партијата ја отфрла изјавата на Јотова дека на Косово „живеат околу 15.000 Бугари“, мислејќи на Бошњаците и на Македонците (Горанци) во областа Гора и Призренска Жупа.

Партијата смета дека на овој начин Бугарија ја злоупотребува својата положба и членството во Европската Унија, грубо мешајќи се во внатрешните работи на Косово.

БУГАРСКИ КЛУБ И ВО ВАЛАНДОВО: Наскоро…со име што не ги навредувало Македонците и ќе го води Македонец

За две недели и Валандово ќе добие бугарски културен клуб кој ќе носи име што нема да ги навредува чувствата на македонските граѓани и ќе биде регистриран во Централен регистар согласно новиот Закон за здруженија, дознава „А1он“.

Клубот ќе биде отворен за две до три недели, откако ќе се реновира деловниот простор.

За разлика од „Цар Борис Трети“ во Охрид и од “Иван Михајлов“ во Битола кои се предводени од претседатели или секретари кои се изјасниле како македонски Бугари со бугарска самосвест, тука одговорен на клубот ќе биде Ѓорѓи Петровски, Македонец кој нема бугарска самосвест или бугарски пасош.

Петровски во разговор за „А1он“ рече дека се ангажирал околу отворањето на клубот затоа што едноставно сакал да им помогне на Бугарите во Македонија, а не затоа што се чувствува како македонски Бугарин.

– Немам бугарски корени колку што знам. Живеам сам, а родителите ми се починати. Јас немам чувства дека сум Бугарин и не го правам ова затоа што ми понудиле нешто или за да дојдам до бугарски пасош. Едноставно сака да им помогнам на луѓето затоа што се соочуваат со проблеми тука, рече Петровски за „А1он“.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Мирчевски му напиша песничка на Устата: Бугарска три пут ратовала увека наје*ала па Хитлерa звала…

НАПОМЕНА: Текстот на песнава е козерија/иронија/фикција, и доколку ми се закани некој Македонец – веднаш ќе изјавам веднаш дека сум Бугар, доколку ми се закани Бугарин-јас ама ич не се мислам да се изјаснам како Грк, а доколку дојде закана од Србин – изјавувам дека сум Албанец .Па да видиме од која земја ќе слета авион и ќе ме собере !

Песната оди вака…

Ko to kaže, ko to laže, Bugarska je mala,nije mala, nije mala, triput ratovala ratovala, ratovala uveka naje*ala,
ratovala, ratovala pa Hitlera zvala nije mala nije mala, od komšije krala,
nije mala nije mala, avione slala, otvarala, otvarala, klubove belaja,
i nije dala nije dala , komšijama prava, ratovala, ratovala uveka naje*ala,
ratovala, ratovala pa Hitlera zvala