Tag Archives: Бутел

Девојка почина по пад од зграда во скопски Бутел

На 09.06.2023 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на плочник пред зграда на подрачје на Бутел била пронајдена С.Д. на 20 години од Скопје со тешки телесни повреди здобиени при пад од зграда.

Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на 10.06.2023 во 00.30 часот починала.

Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Врие од полиција во скопски Бутел (ФОТО)

Врие од полиција на улица „Боца Иванова“ во Бутел 1.

Читател на КУРИР ја контактираше нашата редакција и информира дека интервентната полиција е присутна во голем број на оваа локација во населбата.

Тој испрати и фотографии од местото.

КУРИР побара одговор од МВР, но пријава за настан од тоа место, полицијата нема добиено.

ПОВТОРНО ПУКАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Нова пресметка во Бутел, двајца специјалци префрлени на Ургентно

Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале, јавува „Инфомакс.мк

Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата.

Според информациите на Инфомакс, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема починати од престрелката.

Најмалку пет лица се дале во бегство со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи беше запрена од полицијата и задржана на лице место.

Полицијата трага по избеганите, а на лице место се чека увидна екипа и обвинител.

Минатата недела на само 300 метри од плоштадот во центарот на градот се случи професионална ликвидација на две лица со автоматски пушки, а сторителите се уште не се најдени.

Претходно беше киднапиран внукот на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски по кого полицијата се уште трага.

Фото и извор: Инфомакс.мк

(ВИДЕО) Бранка од Бутел сведочи: Ја загубив внуката во земјотресот во Сирија, се уште е под урнатините

Под урнатините на сирискиот град Алепо остана и четири годишната внука на Бранка Недељковиќ, Македонка која над две децении живеела во Сирија пред да избега поради војната, објави Алфа.

Во обид да си ги извлече од станот на 4-кат во зградата, двете деца и сопругата, помладиот син во семејството Неделковиќ не успеал да ја спаси ќерка си.

Тие не се повредени, они се добро, ама девојчето.. четири години, отишла. Започнале да паѓаат делови од кујната, трчал да ги спаси, го спасил едното, не можел и другото, не можам ништо да го разберам и тој е потресен, и нема линија да зборувам со него. Нема контакт, нема струја, нема интернет“ вели Бранка Недељковиќ.

Доколку на време се вратеа во Македонија, ништо од ова немаше да се случи, низ солзи вели Бранка Недељковиќ.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Фатен е убиецот на Камер Идризи кој беше застрелан лани на Рамазан Бајрам во Бутел

Фатен е убиецот на скопјанецот Камер Идризи кој беше застрелан лани на Рамазан Бајрам среде раскрсница во Бутел. Во него беа испукани десетици куршуми од автомобил во движење.

Полицијата го пронајде осомничениот во синоќешната голема акција која ја спроведе со единицата Тигри. Приведени се 4 лица осомничени за  различни кривични дела, меѓу нив е и  осомничен за пукањето на бул. „Словенија“ минатиот месец кога беше повредено едно лице.

Кај приведените е пронајден и украден автомобил, таблици од возило, предмети од извршени кражби. Групата била поврзана меѓу себе во извршувањето на кривичните дела. МВР трага по уште две лица од оваа група за кои е распишана и потерница.

Во Бутел, избоден со нож вработен во Општината

Вработен во Општина Бутел, утрово во непосредна близина на општинската зграда, бил прободен со нож, по што е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Ваков инцидент регистрирало и Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што ги соопштуваат само иницијалите на инволвираните.

-Во 7:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на Општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје, велат од МВР.

Полицијата работи на расчистување на случајот и засега нема информации за причините за нападот.

Пoчинa и втората жртва во вoopужeната пресметка во Бутел

Почина 24-годишното момче кое беше во критична состојба пренесено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, после пукањето во скопската населба Бутел 2.

Во престрелката во Бутел едно лице беше убиено, Од МВР истакнаа дека на паркинг на подрачјето на Чаир каде што било паркирано патничко возило „Волксфаген Голф 7“ со скопски регистарски ознаки во кое бил 24 годишниот возач Л.П од Скопје и неговиот сопатник К.И. 43 години од Скопје неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото.

Според извори од МВР, испукани биле над 80 крушуми.

Испукани 90 куршуми во „Голфот“на убиениот во Бутел

Рафали од калашников го вознемирија вчера вечер жителите на скопската населба Бутел. Едно лице е убиено, а едно тешко повредено во вчерашните пукотници.

Како што јавуваат дел од медиумите убиениот е 42 годишниот скопјанец Камер Идризи, а тешко повреден е негов роднина.

Голем број полициски екипи вршеа увид на местото на убиството кое се случи во близина на таканаречените социјални згради на булеварот „Босна и Херцеговина“

24 Инфо, пишува дека зад воланот на „голфот“ бил внукот на Идризи кои биле паркирани во близина на еден ресторан. Тогаш во нив било пукано од црн џип од кој пукале најмалку двајца. Убијците биле со „калашникови“ и испукале голем број на куршуми. Неофицијално, според порталот, биле испукани околу 90 куршуми, а полицијата на местото пронашла две испразнети рамки од автоматски пушки.

Како што информираат од МВР, синоќа околу 22:00 часот било пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило ,,голф”, во кое имало две лица, кои биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.

Од страна на лекар кај едното лице била констатирана смрт. Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

Драми на Уpгeнтeн синоќа: Стотина лица влетале на Kлиникa за да бараат peaнимиpaњe на yбиeниот во пpecтpeлкaтa во Бутел

Преку 100 лица упаднале вечерва на Ургентниот центар, откако таму било донесено безживотното тело на убиениот Камбер Идризи, кој загина во престрелка која се случи вечерта на 12 мај во населбата Бутел 2.

Пријатели, роднини и познаници упадналее во Ургентниот центар со оружје, се заканувале на персоналот во болницата и го демолирале Ургентниот центар барајќи од докторите да го реанимираат загинатиот Идризи. Присутните се заканувале и со оружје на персоналот во Ургентниот центар.

За среќа, на помош на лекарите набрзо пристигнале припадници на ЕБР но и Армијата која го обезбедува ковид центарот.

Пред Ургентниот центар се уште има голема група на луѓе, но и силно полициско присуство.

Неофицијално, убиениот Камбер Идризи имал преку десетина прострелни рани, од кои најмалку две во главата, вратот, левата града, шаката и коленото.

Од болницата 8-Септември на КАРИЛ е префрлен и вториот настрадан во престрелката, Егрин И. кој имал неколку прострелни рани во вратот и рамото. Во моментов се наоѓа во индуцирана кома.

Престрелката се случи во населбата Бутел 2, на паркингот во блокот на т.н социјални згради. Најмалку две лица се забележани како излегуваат од возило „Голф“ и со две автоматски пушки стрелаат кон сега починатиот и повредениот.

Во непосредна близина на местото на престрелката има и детско игралиште, но за среќа никој друг не бил повреден во моментот на престрелката.

Полицијата трага по сторителите.

Камбер Идризи беше добро познат припадник на скопското подземје, советник на градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, и пријател на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

Детали за убиството во Бутел: Пукано кон голф, едно лице убиено, друго пренесено во „Мајка Тереза“

По пукање од автомобил доцна вечерва во скопски Бутел 2, убиено е едно лице, а едно е тешко повредено, при што итно е префрлено во комплекс клиниките „Мајка Тереза“.

Од МВР за ТВ21 информираат дека денеска во 22.00 часот е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило марка „голф“.

„Во СВР Скопје околу 22.00 часот е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило „голф“, во кое имало две лица, по што биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Едното лице им подлегнало на повредите. Увидна екипа е на терен и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за ТВ21.

Претходно, за ТВ21 од МВР го потврдија настанот.

„Имаме пријава за слушнати истрели. На терен се екипи“, велат од МВР за ТВ21.

Неофицијално има едно починато лице со иницијали К.И., а на терен се три амбулантни возила.