Tag Archives: Чаршија

ВИДЕО од опожареното „Ауди“ во кое вчера избегаа убијците од Стара чаршија

Петте лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К.(37) и Е.И.(28) во локал во Старата чаршија, потоа избегале со автомобил. Како што соопшти денеска МВР, околу 20.30 часот, односно 20-тина минути по нападот, било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари.

Екипата на Клан М денеска го снимаше местото каде целосно изгоре автомобилот „Ауди“:

Јавен обвинител вчера излегол на лице место на местото на злосторот и по негова наредба телата се дадени на обдукција. Од МВР велат дека со насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството.

Изгорениот автомобил ќе се даде на вештачење.

КОЈ РУШИ ВО СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА ? (Фото)

За старата скопска чаршија сме пишувале многу пати и постојано апелираме за нејзиното организирано деградирање. Како за ниту едно друго прашање кое сме го отвориле во јавноста, за ова прашање се молчи од сите страни. Ниту Градот Скопје, ниту Заводот за заштита на споменици, ниту Министерството за култура, не се огласуваат по ова прашање.

АПЕЛИРААТ до македонските телевизиски куќи, јавно да ја отворат темата за Старата скопска чаршија и да ги соочат сите овие институции на дебата вклучувајќи ја и Општината Чаир, на чија територија се дозволува дивеењето и деградирањето – пишува marh.mk.

Тековно во непосредна близина на црквата „Св. Спас“ се руши и подготвува ново градилиште. Се работи за парцелата 9200 според Агенцијата за катастар на недвижности, со имотен лист 101691, кој понатаму се дели на 28 делови во различна сопственост. На кој начин се доаѓа до дозвола за градење на овие простори, дали се почитува законот за заштита на старата скопска чаршија, дали се извршени археолошки истражувања и многу други прашања остануваат непознати за нас. На Улицата „Макарие Фрчковски“ каде допира највисоката кота на парцелата се забележуваат остатоци од камена пластика.

ЦЕЛ ТЕКСТ

Апелите се шират и на социјалните мрежи, каде се вели дека потенцијални има две локации каде се гради на диво.

(ВИДЕО) Груби со црево ја чистеше чаршијата во пресрет на Курбан Бајрам

Вчера вечер заедно со општинските работници за хигиена ги чистиме, дезинфицираме и подготвуваме џамиите во Скопје во пресрет на Курбан Бајрам, вели првиот вицепремиер, Артан Груби, на неговиот Фејсбук профил. 

Груби во видео прикажува како ги чисти сокаците во Старата скопска чаршија.

Видео: