Tag Archives: царица

Светата царица Теофанија

 Доаѓа од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Задоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели.

Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во затвор.

Тие две невини души трпеа затворени три години. Еднаш на празникот на светиот пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови.

Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори. По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го сметаше своето царско достоинство за нешто битно. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостина, обновувајќи многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета. Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога, во 892 година.

Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Педесетница.

Денеска се чествува преподобната ЦАРИЦА Света ИРИНА 👑

Mонашкото име на Ирина ѝ е Ксенија. Жена на царот Калојан (1118–1143). Освен по нејзините монашки подвизи и многубројни добри дела, прочуена е и како основоположничка на манастирот Пантократор во Цариград, еден од најславните и најубавите цариградски манастири.

Црквата Света Ирина (турскиAya İrini) е поранешен христијански храм, денеска претворен во музеј, кој се наоѓа во ИстанбулТурција. Денешниот музеј се наоѓа во дворот на Топкапи-сарај. Била изградена во 4 век во времето на Константин I Велики.

Се смета дека оваа црква била првата која била изградена во Византија. Во 532 година за време на нередите во Ника, таа била запалена, но многу брзо повторно била обновена од страна на Јустинијан I. По падот на Цариград, најверојатно поради блискоста си со Света Софија и Султанахмедовата џамија, таа не била претворена во џамија но била користена како магацин за оружје. Од 1846 година била претворена во музеј.

Светата царица Теофанија

Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Задоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели.

Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во затвор. Тие две невини души трпеа затворени три години.

Еднаш на празникот на светиот пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови. Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори.

По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го сметаше своето царско достоинство за нешто битно. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостина, обновувајќи многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета.

Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога, во 892 година. Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Педесетница.

Праведната царица Теодора, kоја го обнови почитувањето на cветите икони

Царица, сопруга на злобниот иконоборен цар Теофил. По смртта на овој цар, царицата Теодора се зацари со својот син Михаил III. Веднаш го воспостави иконопочитувањето на Соборот во Цариград во 842 година. Во таа прилика беше востановено и празнувањето на победата на Православието коешто оттогаш се врши во првата недела на Чесниот пост.

Оваа света, за Црквата заслужна жена, Му ја предаде својата душа на Бога на 11 февруари 867 година. Во тоа време на потполно торжество на Православието над сите ереси, по прекрасната Божја Промисла меѓу Словените беа испратени Светите Кирил и Методиј како христијански мисионери.