Tag Archives: Царовска

Пpoфecop до Цapoвcкa: Нeпoчитувaнa, бeвтe нajлoшиoт миниcтep во иcтoриjaтa

РЕКВИЕМ ЗА ЕДНА МИНИСТЕРКА

„Во изминатите пет години заедно со мојот тим испорачавме политики во интерес на граѓаните. Продолжувам да се борам и да ги застапувам истите вредности, истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и силата на жените и младите“

Мила Царовска

Непочитувана министерке Царовска,

Навистина немав намера повеќе во животов да се занимавам со Вас. Што би се рекло- доста е. Од Вас!

Но слушајќи ја денес Вашата изјава, решив да Ви го напишам ова писание, не за да нешто Ви соопштам, бидејќи Вас ништо не Ве допира, туку за да подетално можат моите другари, колеги и цела јавност (за Вас плебс), да видат со каков африкански диктатор си имавме работа ние од образованието. Не знам на што се должеше Вашето деспотско однесување. Од една страна постојано зборувавте за Европа и европски вредности и секако за Вашите омилени МАРГИНАЛИЗИРАНИ КАТЕГОРИИ на родови булшит филозофии, а од друга страна посамобедисана и полоша сте од Роберт Мугабе. Тоа е веројатно поради фактот што никогаш не сте работеле во образование, а дојдовте како самопрогласен реформатор и ослободител од долгогодишните несоодветни политики во образованието. И така прекрасно поткована со знаења, стекнати во невладината ХЕРА, дојдовте да заповедате, да не почитувате никого. Чудно, ХЕРА склучи договор со БРО за незнам колку пари да не учат нас и нашите деца за тоа дека нема само маж и жена, туку има и друго. За тоа дека има пол, но има и род. За тоа дека секс може да имаат и маж со маж.

Прекрасно!

Сега така ослободени од стеги, гордо чекориме во иднината.

Но, непочитувана министерке за ова веќе знаат сите. Заради Вас и Вашите каприци изборите поминаа на штета на СДСМ. Добро, не само заради Вас, но секако Вие непочитувана министерке сте во Топ 5 најомразени личности од власта. Секако, да не заборавам и најлош министер за образование. И ова не е само моја оцена. Цело министерство плаче од Вас. Од портирот доле што мора да ви го чува лифтот и да ги брка сите од фоајето кога Вие доаѓате, па се до 14-ти кат. Сите сектори го сонуваат денот кога ќе си заминете. И Вие и Вашите умислени послушнички што си ги донесовте од Труд и социјала.

Но, да почнам нели околу средно уметничко. Нели тоа е училиштето во кое јас работам. Култното средно уметничко низ кое поминале многу, премногу големи луѓе. Што професори, што ученици. Едно и единствено, расадник на македонската ликовна култура. Вам, непочитувана министерке тоа ништо не Ви значи, бидејќи Вие не сте веројатно од овој свет. Вие да бевте присутна во реалноста и да не бевте самобендисана, ќе завртевте 5-6 телефона и ќе дознаевте кого носите за ВД директор во уметничко. Оти во Скопје со 5-6 телефона се се дознава. Барем така прават оние што сакаат да бидат информирани.

И така неимформирана, непочитувана министерке , си го донесовте за ВД директор во средно уметничко Филип Фидановски. Веројатно единствен критериум за Вас беше неговата ЛГБТ ориентација. Немаше потреба од уверение за директор, Тојфел тест по англиски…и сите оние критериуми наведени во член 91 од законот за средно образование. Од тој ден (11.11.2020) кога го назначивте за ВД Филип Фидановски, во средно уметничко се случи она што србите го викаат “Оде воз у кукуруз ”
Вашиот незаконски поставен пулен самиот со одлука си ја зголеми платата од 33.000 ден. на 43.000 ден. Ги прогласи и тоа со документ, колегите членови на училишниот одбор за криминалци, го попречуваше изборот на претставници на родители, изборот на членови на одборот, вршеше мобинг и го принуди секретарот да оди во предвремена пензија.

Вашиот пулен непочитувана министерке, во април 2020 година, кога во Македонија умираа по 50 луѓе дневно од Ковид, издаде наредба за 8 часовно работно време на професорите без оглед на тоа што немаат толку часови по распоред. Исто така, издаде наредба за настава со физичко присуство. Кога цела Македонија беше онлајн.

Вашиот пулен Филип Фидановски со Ваша помош ги промени нормативите. Ви пиша писмо во кое Ви соопшти дека на пола школо им ги менува нормативите и тие остануваат на улица. И Вие му потпишавте. Ги имам СИТЕ документи. Смени нормативи на пример на предметот Применета графика, каде што наместо Факултет за ликовни уметности-графика, стави Факултет за ликовни уметности-сликарство?!? Ги укина сите нормативи по предмети со норматив ФЛУ-педагошки оддел. На состанок ни изјави дека ќе донел светско име да предава Фотографија. Ќе го донел Милчо Манчевски. Да не ти се верува!!! Секако дека оваа вест Милчо ја демантираше.

Дали ова Вам непочитувана министерке Ви изгледа нормално? Му потпишавте согласност за нови нормативи затоа што Ви е убав? Или маргинализиран?

Дали знаете дека организираше приемен испит на Задушница? На празник, спротивно на законот. Дали знаете дека склучи договор за превоз на ученици без тендер? Дали знаете дека не поднесе завршна сметка пред одборот?

Дојдовте ли барем еднаш да поразговарате со нас? Кога велам НАС, мислам на сите професори што се спротиставивме на ова лудило. А тоа бевме 99% од професорите. Никој немаше позади Филип Фидановски. Сите беа против него и неговите лудории. И вие наместо да дојдете и да го решиме проблемот, Вие не нарековте “Бандата на Диме”

Епа бандата Ве примора да го отстраните од директор. Пишувавме, реагиравме, штрајкувавме пред МОН…цела јавност ни даде подршка.

Отиде Вашиот ВД во историјата. И никогаш повторно нема да биде директор.

А сега непочитувана министерке вториот дел од ова писание!

Делот каде што ќе Ве разобличам. Каде што ќе докажам дека позади Вашата наместена насмевка се крие само криминалец. Оти криминалец е нели човек кој не ги почитува законите. Особено е поразително кога министер не почитува право и закон. Бидејќи владата за тоа се залага. И Европа налага, нели? Правосудство, право, владеење на закони.

Но да одиме по ред.

Откако, несреќникот ВД директор Филип Фидановски на почетокот на август 2021 год. си поднесе оставка, нели требаше нормално да се назначи друг директор на училиштето. Но Вашиот најголем кошмар т.е јас повторно Ви се појави. Овој пат како избран кандидат на јавен оглас за директор. За Ваша несреќа, неможевте да инсталирате “Ваши” луѓе во УО (бидејќи такви во уметничко нема), па моравте да се соочите со проблем. Проблемот за Вас се викаше Димитар Филиповски. Избран кандидат на оглас за директор. Кандидат што ги исполнува сите услови согласно законот. Но Вие, непочитувана министерке моето решение го ставивте во “мирување” додека не завршеле изборите што не беа ни распишани. (Прилог 1) Браво! На сугестија знаете чива ја донесовте колешката Елена Дуковска за ВД директор и тоа на 06.08.2021. Без уверение за положен испит за директор. Спротивно на законот. Оти нели пишува таму…и за ВД треба Уверение.

За да нема некакви заблуди, колешката Елена Дуковска ја почитувам и она е далеку од ликот и делото на Филип Фидановски.

Проблемот сте Вие непочитувана министерке.

Зошто? Затоа што се мајмунисувате со законите на оваа држава. Затоа што ја испративте инспекторката Соња Зашовска од ДПИ, која констатираше со записник дека НИКОЈ во училиштето нема соодветни квалификации за директор. (Прилог 2) За ова ЛАЖНО составување на записник против инспекторката Зашовска е покрената и постапка. (Прилог 3 и 4).

Документи, министерке, документи. Corpus delicti.

Се жалев до второстепена комисија министерке. И Ве добив министерке. Ви го поништија решението и Ви наложија да постапите по огласот на кој што бев избран. И за ова имате документи во прилог непочитувана министерке. (Прилог 5)

Но, внимавајте сега колку сте склони на противзаконие…постапувате на 16.11.2021 според налогот добиен од второстепена и се повикувате на записникот на инспекторот Соња Зашовска која констатирала нели дека никој нема во училиштето Уверение за директор, ОСВЕН Елена Дуковска што била запишана да полага и имала уплатница???

Носите Решение за нов Вд мандат на Елена Дуковска врз основа на записник ??? (прилог 6)
Оној што барем малку разбира право, знае што ова значи. Нормално, моето решение го одбивате, согласно записникот на инспекторот Соња Зашовска. (Прилог 7)

Непочитувана министерке, јас имам Уверение за директор и тоа едно од 2012-та кога прв пат го полагав и едно од 2017-та кое е трајно.

И правдата ќе си ја истерам. И не само јас. И сите оние мои колеги од уметничко кои се бореа и се борат сеуште со штетата што ја направивте. И не само колеги. И родители. И ученици. И бивши и сегашни. Сите оние што застана гордо и со исправена глава против Вашиот терор.

Поздрав непочитувана министерке и да даде Господ никогаш повеќе да не дојде во ниедно министерство личност како Вас.

ПС- Незнам зошто ќе го менувате цел кров на училипштето за 150.000 евра кога нигде не тече.
Без почит,

Пишува Димитар Филиповски, академски вајар од Скопје- професор во ДСУЛУД,,Лазар Личеноски,,-Скопје.

И Царовска реши да ја напушти Владата

Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во изјава за медиумите при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна.

-Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите, рече Царовска.

Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставака даде Арафат Шабани од движењето Беса.

Заменик-министерот за образование ќе биде од редовите на Алтернатива. Партијата за тоа место го предложи Лулзим Алиу.

Ременски против Царовска:Што разбрала таа што во МВР ќе пријавува книжарници

Професорката Фросина Ременски и поранешна висока функционерка на СДСМ и на Собранието, ги критикува предупредувањата од МОН дека сите оние што ќе продаваат хартиени учебнци, ќе добијат пријави во Полиција.

„Нашата домашна библиотекa брои околу 2.100 книги од секаков жанр и на повеќе јазици. Каде и да одиме купуваме книги, а на старите напуштени им даваме живот и век. 

Син ми “чул – не дочул” ме прашува вчера зошто полиција ќе оди по книжари како што чул на телевизија. Како да му кажам на детето дека, книгата никој не може да ја забрани – напротив колку е позабранета, толку повеќе ќе се бара. 

Но, колку разбрал тој, толку разбрала таа што во МВР ќе пријавува книжарници. 

Ќе беше подобро да ги пријави 60-те милиони евра потрошени за лаборатории кои (дел) со фалсификати наместо на факултетите отидоа по МВР и никогаш не стигнаа до студентите – исто како оние компјутери за секое дете. Ама неее …, таму не смее да се чепка, па затоа удри по книжарите“, пишува Ременски на својот гејсбук профил

Царовска: Секој родител што му наметнува печатен учебник на ученикот му прави штета!

МВР има укажувања, а и постапувања каде што се прекршени материјалните права на авторите и на издавачите на учебници, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање дали МОН е информирано дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение за кое од оваа година треба да се употребуваат дигитални.

– Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министерството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави министерката.

Посочи дека учебниците се бесплатни и се достапни на e-biblioteka.gov.mk и треба да се користат во дигитална верзија затоа што, рече, тоа е од највисок интерес на учениците и процесот на нивно дигитално описменување и за следење на наставни содржини проследени со мултимедија и квизови кои ги нема во печатената верзија.

– Секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро, затоа што користење дигитални учебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална писменост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење и примање знаење, истакна Царовска.

Печатени верзии на учебниците МОН има набавено 20 отсто од вкупниот потребен тираж и ги има платено и пратено до училиштата за да се обезбедат учениците кои немаат електрична енергија дома да може да ги имаат кај себе, а одреден број примероци и за користење во училишните библиотеки.

– За сите останати, МОН набави дигитални уреди, таблети, и околу 3.500 до денеска се дистрибуирани и на располагање на општините им се уште 6.500 од вкупно 10-те илјади набавени. Тоа значи дека секој ученик треба да има пристап до дигитален уред освен оние што немаат електрична енергија во домашни услови и за нив се обезбедени печатени, додаде министерката.

,,Расказ од четврто одделение ги прикажува МАЈКИТЕ како монструми, Царовска ја поткопува вербата во семејството, лечат комплекси врз децата”

Фејсбук писание на Сашо Тасевски:

Ние татковците си ќутиме, зашто ние сме главни фраери. Ние правиме милиони, глеаме фудбал со други ко нас, се чаламиме и галамиме… Само у кафана. Кој е подобар? Барса или Реал? Меси или Роналдо? Нормално е да ќутиме ко не сме кафана, ко бркаме голем бизнис.
Ама зошто мајкиве ќутат?


Она расказон во читанката за четврто одделение каде мајката е прикажана како хистерична лудача од која децата се кријат под маса е хорор. Мајка прикажана како монструм.
Тоа се тие четива кои на Мила и ги дошепнуваат згрешените советници околу неа. Четива производ на ЛГБТ издаваштвото и родовите срања.


Тоа, се тие автори, самите истрауматизирани од такви родители кои после лечат комплекси на нашите деца, преку некој ко Мила Финска.
Но пострашно е што тој наратив во образованието, го урива столбот на семејството – МАЈКАТА, а со тоа ја поткопува вербата во едно здраво, силно семејство кое заштитува.
Удри по мајката со најгрдапропаганда и си удрил по вербата на детето во нејзината љубов. Ги вртат против своите мајки. Тоа е суптилна контрола и убер манипулација
Така работат Мила и ЛГБТ.


Ви текнува на Петре и Пиреј?На сликата а мајката која сама копа пет гробчиња за своите деца. На нејзината љубов.
Ви текнува за што е снимен Спасувањето на војникот Рајан? Мајка губи три сина во војна и војската решава да го извлече барем нејзиниот четврти син од боиштето, да и остане барем едно дете живо.
Ви текнува на Мајка Храброст на Брехт? Не верувам? На Мајка од Горки?
На онаа партизанска песна што сме ја читале во основно кога мајката плаче по Срѓан, Мрѓан и Млаѓан, загинатите партизани синови?
Ви текнува на Гегите кои го носат мртвото тело на Кузман на неговата мајка, а пискотници се слушаат од Галичник до Река?


За таква мајка учевме во школо. Права мајка. И веднаш знаевме што е мајка.
Не ни требаа оние на Мила да ни кажуваат што е мајка и мајчинска љубов.
Не е родова еднаквост ако мајката како фурија низ дома се дере и се заканува дека ќе ги запали сите.


(Гледате пиромани се во потсвест оние што ја ставија Мила министер. Да не се чудите зошто им горат живи луѓе по болниците). Чичко Фројд е чудо.
Тоа е евтина хорор приказна, која да му ја кажеш на дете ќе го уништиш психички. Му го тргаш тлото под нозете. Мајка монструм која мора да ја задоволи, за да не биде запалено.
Татковците ќутат. Мора да ќутат. Носат милиони дома. Бизниси. Важно им е Реал дали победил или Барса.


Ама мајките зошто ќутат?
Монструмот мајка во четивото е персонификација на монструмот кој дозволил за неа да читаат нашите деца во четврто факинг одделение.
Кога ќе сфатите дека имате педофили и монструми кои го кројат образованието на нашите деца? – пишува Тасевски.

Родителите да си бараат ТАБЛЕТ од училиштата

Министерката за образование и наука Мила Царовска во Тема на денот на Сител Телевизија вчера, истакна дека таблети во министерството има и дека родителите се тие кои треба да си побараат таблет од наставниците или од училиштата.  

– Министерството испечати 20 проценти од вкупниот број на учебници и ги дистрибуираше до секое школо согласно бројот на ученици што значи дека наставниците во училишните библиотеки веќе имаат учебници кои што се печатени. Родителите не треба да ги печатат. Но главно, дигиталните учебници треба да се користат како дигитални секаде каде што има можност затоа што квалитетот на учебник кој е дигитален и целта што треба да ја постигне никако не може да се постигне со печатен учебник.

Царовска потенцираше родителите да бидат тие кои што ќе бараат од наставниците или од училиштата кои немаат дигитални уреди да ги набават. 

– Во министерството имаме на располагање и таблети. Родителите да си бараат таблет и да го посочуваат и мотивираат ученикот да го користи дигиталниот учебник затоа што таму има содржина која што ќе му даде можност да истражува, да решава квизови и сето тоа во интерес на учењето, рече Царовска.

Заради ПРЕПИШУВАЊЕ од учебник во ТЕТРАТКА имаме ТРАГИЧНИ резултати, УЧЕЊЕТО не значи УЧЕБНИК

Учениците имаат и таблети и учебници. Родителите, наставниците и администраторите имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети што се во училиштата во библиотечниот фонд на таблети и втора работа е дека ги спуштаат по информации – вибер групи, емаил адреси на самите родители за тие да ги инсталираат, истакна пред два дена министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа посочи дека има дете во четврто одделение и учебниците се спуштени и тука нема никаков проблем дека учебници ќе има.

– Учењето не значи учебник. И многу е значајно новата концепција да ја промени парадигмата на учење. Тоа е идејата на новиот концепт на учење. Учиме преку истражување, учиме преку практикување и учиме преку дискусија и анализа на различни содржини коишто се наоѓаат во различни извори на информирање за да тоа што ќе го научиме утре знаеме да го употребиме. Токму заради ваквиот принцип на учење на препис на лекција од учебник во тетратка имаме најтрагични резултати во Пиза, Тимс и Пернс, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на паралелката „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“ во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов” во Скопје.

На прашање зошто се одржува настава во несоодветни простории во Основното училиште „Ѓорги Пулевски“, министерката рече дека службите се на терен и ќе се утврди дали е тоа така или не.

– Не смее по стандард да бидат учениците сместени таму ако велите дека е тоа така или како што стигаат моите информации веднаш ако се утврди дека е тоа така ќе се преземат мерки за отстранување на таквата неправилност иако мора да истакнам дека општините се надлежни за организација и инфраструктурно подобрување  или организирање на училиштата, но сепак Државниот инспекторат ќе има своја постапка што ќе значи отстранување на таквите неправилности во остварување на стандардите за учење на учениците, додаде Царовска.

Остри реакции предизвика во јавноста оваа нејзина изјава за учебниците, се чини дека најголем дел од родителите не се согалсуваат со овој нов концепт на учење.

ЌЕ ИМА РЕФЕРЕНДУМ за учебниците, против Царовска

Пратениците на собраниска комисија едногласно донесоа заклучок дека иницијативата за референдум за образовните реформи на министерката Мила Царовска е уредна.

Тие сега треба да го известат претседателот на Собранието, Талат Џафери кој потоа ќе ја извести Државната изборна комисија да ги отвори подрачните единици за собирање на потребните 10.000 потписи.

Претставничката на Иницијативата “Учебници и настава мора да има”, Драгана Спасевска во Собранието побара Царовска целосно да го повлече предлог-законот за учебници. Една година да се работи на образовните реформи, тие да бидат познати на целата јавност и да стартуваат од наредниот 1. септември.

Поддршка за референдум родителите добија од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека се за дигитализација, но никако да не се укинат печатените учебници.

Од друга страна, за пратениците од СДСМ нејасно е зошто се бара референдум бидејќи велат дека реформите биле дебатирани во јавност. Пратеничката Љатифе Шиковска рече дека досега повеќе пати во јавноста било кажано оти хартиените учебници и натаму ќе се користат.