Tag Archives: цеце

Маkедонсkата водителkа ја извади периkата и хpабpо пpоговоpи за бoлеcта

Се преморив од носење перики, вели новинарката Цеце Николова (24) која има алопеција и среќна е, вели, затоа што од тоа не се умира. Таа ја извади периката и се сликаше, со цел да ја испрати порааката до многу дами кои се борат со алопецијата. Вели, дека ѝ требало време да го прифати тоа и воопшто не ѝ било лесно.

„Хај. Сакав да ви кажам нешто. Ова сум јас. Драго ми е што се упознаваме.

Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа – со коса, кратка.

Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се десило. Одувек. Пркни малку, падни многу, пркни повеќе – падни највеќе. 2021-ва дојде. Ја, еве, се сликам без перика. Ова сум јас, луѓе. Малку се преморив од перики и све што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) – мрежа се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној примети, онаа рекла се занасам нешо…“