Tag Archives: цена

Над 300.000 денари казна за четири фирми кои продавале леб по поскапа цена

Државниот пазарен инспекторат казни три фирми од Скопје и една Куманово поради продажба на леб по цена поскапа од 33 денари.

Александра Котели од ДПИ вечерва соопшти дека контроли  биле извршени на десетици локации во секој град од државата, пришто биле воочени непочитувања на одлуката за замрзнувањето на цената на лебот.

„Направени се записници и изречени се парични казни од над 300.000 денари. Казните се многу високи, согласно законот за трговија, па и законот за заштита на потрошувачите, се движат од 500 до 10 000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра за одговорното лице“, изјави Котели.

Рече дека лебот е производ кој е неопходен во секојдневниот живот на граѓаните, па затоа апелираат на почитување на одлуката за цените.

Државниот пазарен инспекторат претходно денес образложи дека примарна цел на одлуката е сузбивање на профитерството во време на криза, и залагање за солидарност. Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран, нагласија од пазарната инспекција.

Што фустан ќе беше ШТО ЧИНИ НЕВЕРОЈАТНИ 604.000 ДОЛАРИ!?

Виолетовиот фустан што го носеше принцезата Дајана е продаден за 604.800 долари по „жестоко наддавање“, објави аукциската куќа Сотби на Твитер.

– Фустан на принцезата Дијана на дизајнерот Виктор Еделштајн достигна цена од 604.000 долари, скоро 500.000 долари над проценката – по повеќе круга жестоко наддавање во аукциската соба, беше објавено на Твитер.

Сотби нагласи дека фустанот „ја запечатил неговата судбина како највредниот фустан некогаш продаден на аукција“.

Граѓаните изманипулирани, за кубен метар огревно дрво платија по НАД 5.000 ДЕНАРИ !

Во време на енергетска криза, проследена со инфлација, кога граѓаните бараат алтернатива за затоплување на домовите за претстојниот зимски период, цената на дрвото за огрев кај приватниците достигна до над 5.000 денари за кубен метар. Немајќи механизам во државава за сразмерно покачување на цената, како и за речиси сите други производи, приватниците кои работат со сеча на дрва, ја „искористија“ ситуацијата и вештачки ги „напумпаа“ цените на дрвото за огрев. Владата алармирана за проблемот, презема мерки, но се поставува прашањето дали се соодветни.

Од една страна има апели од Влада за штедење на електрична енергија, од друга страна апели од Министерството за животна средина и просторно планирање „да не се гори што било“ за да не се загадува воздухот, од трета страна нереални цени на дрвото за огрев. Како и во секоја сфера, така и за оваа, на крајот на денот повторно страдаат граѓаните.

Толкава разлика во цената, меѓу понудата од ЈП „Национални шуми“ и онаа на приватниците, не е забележната во текот на изминатите години. Според информациите од граѓаните кои претходните години набавувале дрва од приватници, разликата во цената кај ЈП „Национални шуми“ и приватниците била најмногу 500 денари по кубен метар, што е поприфатливо, но за жал оваа сезона, што е преставена како „најтешката зима, по Втората светска војна“, тоа не е случај.

ЈП „Национални шуми“ нема капацитет да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев, а приватниците кои работат со сеча на дрва, дополнително ја „искористија“ ситуацијата, создавајќи вештачка паника за недостиг на дрва и граѓаните ја платија цената.

Штетата за оваа сезона е направена бидејќи речиси 80 проценти од домаќинствата кои користат дрва за огрев, имаат набавено, но она што е важно, со оглед на проекциите за наредната година, кога се очекува продолжување на енергетската криза и инфлација, треба да има навремена реакција за да не се повтори овој случај.

Владата, на седницата што се одржа во средата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев.

Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за просторен метар, односно до 6.429 денари за кубен метар, што претставува уште повисока цена од онаа што ја нудеа приватниците.

Владата донесе Одлука и за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со која беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10 отсто.

За ситуацијата, од МИА разговарале со директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски, кој истакнува дека Претпријатието не е во можност да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев и оти се соочуваат со недостиг на кадар, што веројатно во текот на следните години и ќе се зголеми.

Тој информира дека од крајот на август во ЈП „Национали шуми“ е зголемена цената на дрвата, на огревното дрво и на техничкото дрво за 20 проценти од она што беше претходно. Истакна дека цената на огревното дрво не била покачена 13 години, од 2009 година.

Моментално на нашите складови цената на просторен метар е 3000 денари плус ДДВ. Тоа е цена утврдена со одлука на управниот одбор и дозволена од Влада. Она што приватниците го купуваат од кај нас, најчесто го купуваат од склад или го купуваат од шумско-камионски пат кадешто цената е поевтина, бидејќи се работи за дрва кои ги купуваат од шума. Тоа е нормално бидејќи треба да однесат луѓе кои треба да товарат, се работи за големи растојанија, голем пат, и да го донесат до крајните потрошувачи. Цената приватнците ја формираат сами плус она што го донесе Владата – 10 отсто маржа во однос на нивните трошоци, наведува Груевски, за МИА.

Тој посочува дека, според информациите кои ги има, цената на дрвата за огрев во Скопје достигнала до 5.000 денари за кубен метар, а во помалите градови до 4.500 денари. Рече дека како ЈП им излегле во пресрет на здруженијата на пензионери кои оваа година ќе се снабдат со дрва по стара цена.

Директорот на ЈП „Национални шуми“ смета повисоката цена на огревното дрво во Скопје се должи на транспортот.

Скопје е голем град, има голема побарувачка, а соодветна шума за задоволување, блиску нема. Во помалите градови како Демир Хисар, како Радовиш, еве и Битола, Ресен се работи за пониски цени бидејќи е помал транспортот и помала е далечината, вели Груевски.

Тој оценува дека е направена непотребна паника дека ќе има недостиг на дрва.

Мислам дека се направи непотребна паника и непотребна нервоза дека дрва ќе нема. Вкупно можам да ви кажам дека оваа година ние ќе имаме повеќе количина на дрва отколку што сме имале минатата година. Тие потреби се тука негде кои во моментов и како Национални шуми заедно со приватицните или операторите кои работат од кај нас можеме да ги произведеме или да ги исечеме. Значи тоа е количеството на дрва и малку се направи непотребна паника дека ќе нема дрва, иако ние континуирано работевме и количината на дрва, според податоците кои ги имаме и во јули и во јуни и во мај по производство е иста количина на дрва, дури и оваа година имаме околу 20.000 кубни мтри поголемо производство на огревно дрво според она што досега го имаме како официјални податоци, потенцира Груевски.

Тој оценува дека за во иднина единствена мерка која што би можела да се преземе е да се регулира маржата или дрвото да се стави на регулиран пазар.

Единствената регулатива што можеби би постоела е тоа да се ограничи маржата или, пак, дрвото би дошло на некаков регулиран пазар, како енергенс, и би добивало цена како нафтата и другите енергенси, како струјата. Се додека е вака и кога сте го ставиле на слободен пазар мислам дека цената ќе зависи од понудата и побарувачката, вели директорот на ЈП „Национални шуми“.

Груевски нагласува дек вештачката паника којашто беше создадена и кај населението и кај дел од медиумите, дека ќе нема дрва, си го направила своето и цената порасна многу високо.

Се создаде непотребна паника, еве доаѓа крајот на годината се сведуваат бројките. Нашето производство ќе биде поголемо отколку минатата година. Ќе имаме 20.000 кубни метри плус огревно дрво. Дрво ќе има доволно, меѓутоа цехот го платија најмногу граѓаните, со зголемената цена, истакнува тој.

Директорот на ЈП „Национални шуми“ нагласува дека мора да се имаат предвид и зголемените трошоци, за транспорт и за работна сила, што го оптоварува процесот за добивање дрва.

Осврнувајќи се на работата на ЈП „Национални шуми“, Груевски истакнува дека граѓаните мора да разберат дека претпријатието нема можности да ги снабди сите кои имаат потреба за дрва.

Тоа би било најдобро да е така, меѓутоа во моментов ние таква можност немаме, не би навлегувал во причините зошто се довело во таа состојба, меѓутоа во моментов е така, вели директорот.

Тој информира дека оние кои се снабдуваат со дрва преку ЈП „Национални шуми“ уште во февруари или март плаќаат за да им стигнат дрвата пред зимската сезона.

Мора да се разбере дека кога ќе платите дрва во февруари, во март не можете да добиете дрва веднаш затоа што е невозможно тогаш да се сече и со текот на времето ги добиваат дрвата. Она што е најголемиот проблем и можеби ќе ни се јавува како проблем во наредните години е недостиг на работа сила. Се помалку има луѓе кои сакаат да работат во шума, кои знаат да сечат шума, кои знаат да вршат дотур и да ги носат. Тоа е еден од поголемите проблеми и според она што ние го гледаме можеби во текот на годините се повеќе би се продлабочувало, бидејќи има се помалку таква работа сега. Истиот проблем го имаат и приватниците и кај нив се јавува голем проблем. Ние имаме цели реони каде што сме ја дале шумата на тендер за сечење, меѓутоа и самите приватници не можат да најдат доволно луѓе и соодветно брзо да ја исечат шумата и да ја донесат онаму каде што им е обврска, дали се работи за техничко дрво, дали се работи за огревно дрво. Значи проблемот со работна сила не е само во „Национални шуми“, туку е на ниво на цела држава, потенцира Груевски.

Пандемијата со корона вирусот, војната во Украина, енергатската криза, предизвикаа огромни последици по економијата, како во другите европски земји, така и кај нас. Јавноста постојано реагира дека со цените на речиси сите производи се врши класично „воено профитерство“, така што она што се очекува се итни, навремени и соодветни мерки од страна на државата со цел што поскоро да се ублажи ситуацијата.

Oд 1 јануари МОРА ДА ИМА ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА, но ударот да биде поблаг, смета Битиќи

Зголемувањето на ДДВ за струјата од 5 на 10 отсто в година ќе значи и ново поскапување на струјата за граѓаните. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека покачување мора да има, но внимаваат ударот за граѓаните да не биде голем.

Свесни сме дека енергетската криза е овде, дека одредено покачување мора да има, но колку што е можно ударот кај граѓаните да биде поблаг, сметам дека тоа е императив за Владата“, вели вицепремиерот Битиќи.

Тој објасни дека зголемувањето на данокот за струјата е само една од ставките што влијаат на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните и дека во моментот се прават пресметките, но конечна цена сè уште нема.

„Ние сè уште ги правиме пресметките што значат инпутите за в година и затоа беа преземени мерките, веќе една и пол година за инпутот во дефинирање на цената в година да не биде на удар врз самите граѓани. Ние нудевме цена на електричната енергија од страна на ЕСМ кон ЕВН со многу пониска цена, субвенционирана од страна на Владата. Тоа може да биде една од работите за да се амортизира евентуалното зголемување, но далеку сме сè уште, треба да ги согледаме сите параметри, а секако Регулаторната да одреди кое и какво ќе биде влијанието“, рече Битиќи

Цената на становите во Скопје СЕ КАЧИ НА 1.500 ЕВРА ЗА КВАДРАТ!

Цените на становите пораснале за 40 отсто, пред се во Скопје, досега и поскапувањето ќе продолжи, тврдат претставниците на градежните комори.

Зголемувањето на цената било поради растот на цените на градежните материјали, трендот на зголемување на платите во градежниот сектор кој влијае на зголемување на цената на крајниот производи, како и на ограничување на понудата, што, како што велат, се јавува како последица на мораториумите за градење и суспендирањето на деталните урбанистички планови, пренесува МИА.

Градежната фела на крајот на минатата годината испорача барања до Владата за антикризни мерки заради порастот на цените на градежните производи и репроматеријалите при јавните набавки, каде е пропишана фиксна цена во тек на изведба и јавните набавки и каде единствен услов за нејзино добивање е најниската цена.

– Во моментов зголемените цени на градежните материјали се одразуваат во голема мерка и ќе се одразат уште повеќе на цената на становите.

Во моментов се многу оштетени компаниите кои работат на јавни набавки во кои главен норматив за добивање на јавната набавка е минимална цена. Проблем се и јавните набавки каде е пропишана фиксна цена за целото време на траење на проектите. Мораториумите за градба во Скопје и покачувањето на цените на градежните материјали си го направија своето и сега становите поскапуваат.

До каде ќе одат поскапувањата зависи од многу фактори, а пред се од куповната моќ на граѓаните и од исплатливоста за градба во одредени подрачја, изјави Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора.

Според претседателот на Градежната комора при Стопанската комора на Северозападна Македонија Салим Хасани, градежните компани во периодот на ковид-пандемија, иако со намален интензитет работеа со позитивни биланси, но поголемиот развој зависи од отворањето нови инвестиции за стандардни градби, кои се неопходни да ги има во континуитет.

– Сè помалиот број локации не оди во прилог на развојот на оваа многу важна гранка на економијата. Енормното покачување на цените на речиси сите компоненти од градбата кај инвеститорите создава резерви при планирање на идните градби, прашање е дали куповната моќ ќе може да го следи овој тренд на пораст на цени. И по логика, ако имаме намален број градби, ќе имаме поскапување на цените на становите, а од друга страна, намалување на обемот на работа за градежниците. А со тоа и неможност да ја задржиме работната сила, која секој ден ни бега во странство. Така што, наша сугестија е да се отворат што повеќе можности за градба, ќе биде подобро за сите, ќе имаме поголем развој, вбризгување повеќе пари во економијата, поевтини станови и поквалитетно живење, изјави Хасани.

Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, покажуваат дека побарувачката за недвижности за време на пандемијата се одвива како и претходно. Најголем обем на трансакции, вклучувајќи и најголем број продадени станови има во главниот град, во општините Центар, Карпош, Аеродром. Цените се движат во зависност од побарувачката и на поатрактивните локации се повисоки. Се зголемија и цените на становите во подрачјата со помала трансакциска активност поради порастот на цените на градежните производи, услугите, суровините.

Регистарот на цени и недвижности покажува дека во третиот квартал лани имало 9.231 трансакција, значително повеќе во однос на претходните два квартала кога имаше околу 7.500, што се исто така поголеми бројки во однос на претходната прва пандемиска година. Од 9.231 трансакција, 7.277 биле продажби на недвижности, а 1.954 закупи на недвижен имот.

Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто. Според тврдењата на приватните инвеститори, квадратен метар станбена површина се продава и до 1.500 евра во општини како Центар и Карпош.

Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика покажува дека во 2020 година биле изградени 4.077 станови, а во 2019 година 6.069 , односно помалку за 32 проценти.. Во 2018 и 2017, пак, биле изградени 5 436, односно 5 622. Во 2020 година биле издадени 2983 одобренија за градење, од кои во високоградбата 1 596, а 394 во нискоградбата

Регулаторна комисија утре одлучува колку ќе поскапе струјата, бизнисите на протест

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе донесе одлука колку ќе поскапи струјата. На подготвителна седница регулаторот треба да одлучи кои трошоци и во колкав процент од барањата за раст на цената ќе им ги признае на енергетските компании. Официјално која ќе биде цената на електричната енергија во следните шесет месеци ќе се знае во четврток.

“За утре е закажана подготвителната седница на која РКЕ пред енергетските компании ќе ги презентира механизимите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија“, соопштија од РКЕ.

Од регулаторна очекуваат сите страни да се солидаризираат во ова кризно време и да попуштат во однос на крајната цена за домаќинствата. Но, според информации на Алсат, Дистрибуција бара повисока цена за својата услуга од 100 отсто, МЕПСО бара раст на својот дел од 82 отсто. Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум до регулаторна нема испратено конкретно барање. Она што е веќе извесно е што државната ЕСМ ќе добие зголемување на цената за произведената струја која ќе ја продава на универазлниот снабдувач за13 посто. Од Нова година наместо 36 евра мегават час струја ќе чини 41 евро.

Надлежните уверуваат и покрај кризната состојба во енергетиката, рестрикции на струјата нема да има.

„Граѓаните и малите потрошувачи немаат и не треба да имаат рестрикции. Во нашето опкружување има недостаток на електрична енергија и во дел од државите се вршат рестрикции на електрична енергија“, рече Васко Ковачевски директор на ЕСМ.

Од владата веќе потенцираа дека зголемувањето на цената на струјата нема да надмине 10 отсто.

Македонските компании не можат да го издржат поскапувањето на струјата, но и зголемувањето на цената на гасот, а бараат да бидат обесштетени од државата. Во спротивно тие најавуваат масовни протести веднаш после Божиќ. Индустриската струја за фирмите беше зголемена три пати во последните два месеци, а на многу компании ненадејно им беа раскинати договорите за снабдување со струја од нивните снабдувачи.

Фирмите морале да склучат нови договори со кои однапред ќе плаќаат по 500 евра за мегават/час за да ги обезбедат снабдувачите кои купуваат струја на берзата по нови, видно зголемени цени. Истовремено, цената на струјата за домаќинствата веќе е качена и изнесува 108 евра за мегават час плус ДДВ од 5 отсто, што не смее повеќе да се качува, вели за Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика. Тој предвидува дека и цената на гасот трикратно ќе се зголеми.

Манасков најави дека доколку барањата за обесштетување и замрзнување на цените не бидат исполнети, фирмите ќе излезат да протестираат на улиците.

ЕСМ барала ЗГОЛЕМУВАЊЕ на цената на СТРУЈАТА за 100% ❗❗

До Регулаторната Комисија пристигнало и првото барање за зголемување на цената на срујата – од Електродистрибуција и тоа за 100 % – изјави во вечерашната Топ Тема, претседателот на Регулаторната Комисија,  Марко Бислимовски. До крајот на неделава се очекуваат и барањата на ЕВН Хоум и МЕПСО. Цената на парното , пак,  ќе зависи од цената на гасот што треба да го набави Макетрол, а Бислимовски реќе дека е уверен оти компанјата ќе осигура “многу поразумни цени“  од оние на дел од пазарот, пренесува   Телма ТВ.    

Стан во Скопје стигна 1.500 € КВАДРАТ – Цената ќе дојде до 2.000 €

Цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на годинава. Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто. Тоа резултираше квадратен метар станбена површина да достигне 1.500 евра во општини како Центар и Карпош, а според одредени градежници, цената може да стаса и од 2.000 евра. Во услови на голема побарувачка, како што велат, понудата во одредени подрачја е намалена поради мораториумите за градење во изминатите години.

„Вртоглавиот“ раст, како што го квалификуваат носителите на бизнисот со недвижности, се должи на повеќе фактори: немањето доволно локации за градење, блокираните детални урбанистички планови и неносењето нови, порастот на цената на градежните материјали, но и на работната сила, која сè почесто заминува во странство.

Салим Хасани, претседател Групацијата на градежништво при Стопанската комора на Северозападна Македонија вели дека порастот на цените на становите во Скопје е резултат на повеќе фактори, кои имаат директно и индиректно влијание. Како поважни ги набројува немањето доволни локации за градење во атрактивните зони, блокирањето на неколкуте ДУП-ови во некои општини во претходниот период, како и неносењето нови ДУП-ови за формирање нови локаци по општините.

Сето ова, вели, влијае на намалување на новите градби и зголемување на цената на локаците што директно влијае на цената на становите. Како друга директна причина е порастот на цените на градежните материјали и енергентите, каде што порастот е од 20 до 100 проценти, а исто така имаме пораст и на цените за работната сила. Сето ова збирно ги покачи цените на становите за околу 30 проценти, вели Хасани за МИА.

Понудата е поголема во зоните каде што во поранешниот период имаше повеќе локаци за градба, како што се општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Чаир…

– Се нудат квалитетни градби со подобар дизајн и современи материјали во однос на претходните градби.  Додека побарувачката на нови станови е голема особено во Центар, Карпош и Аеродром. Но, не заостанува и во другите општини, како што се Гази Баба, Кисела Вода, Бутел и Чаир. Претежно се бараат мали станови со добра организација и поглед, посочува Хасани.

Градежните компани во периодот на ковид-пандемија, иако со намален интензитет, посочува, работеа со позитивни биланси. Поголемиот развој, порачува тој, зависи од отворањето нови инвестиции за стандардни градби, кои се неопходни да ги има во континуитет.

– Сè помалиот број на локации не оди во прилог на развојот на оваа многу важна гранка на економијата. Енормното покачување на цените на речиси сите компоненти од градбата кај инвеститорите создава резерви при планирање на идните градби, прашање е дали куповната моќ ќе може да го следи овој тренд на пораст на цени. И по логика, ако имаме намален број градби, ќе имаме поскапување на цените на становите, а од друга страна, намалување на обемот на работа за градежниците. А со тоа и неможност да ја задржиме работната сила, која секој ден ни бега во странство. Така што наша сугестија е да се отворат што повеќе можности за градба, ќе биде подобро за сите, ќе имаме поголем развој, вбризгување повеќе пари во економијата, поевтини станови и поквалитетно живење, изјави Хасани.

Поскапуваат становите и на атрактивните и на локациите со помала трансакциска активност

Од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија посочуваат дека прогнозите на градежните компании се остваруваат, цените на становите од почетокот на годината бележат евидентен раст, особено во подрачјата што се сметаат за атрактивни локации. Растот на цените на становите, како што велат во изјава за МИА, се должи на повеќе фактори, во најголем дел на поскапувањата на градежните материјали, меѓутоа и на генералното поскапување на услугите, репроматеријалите и другите добра.

– Побарувачката е голема, со оглед дека недвижностите се покажаа како сигурна инвестиција за време на коронавирус-кризата. Граѓаните го препознаа инвестирањето во недвижностите како креирање додадена вредност во нивните буџети особено во време на тивка инфлација, поради што сметаме дека побарувачката нема да опадне и недвижностите ќе бидат атрактивни и во следниот период. Понудата во одредени подрачја е очекувано намалена поради мораториумите за градење изминатите години, велат од Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите.

Се залагаме, посочуваат, за подигнување на квалитетот на градбите, па во таа насока сметаме дека и граѓаните треба да се стремат кон купување на квалитетни градби и квалитетот да ја одредува цената, со цел да не настане ситуација во услови на намалена понуда на станови на одредени подрачја, цената да ја одредува исклучиво зголемената побарувачка за градби на атрактивни локации.

Анализирано според локации, побарувачката за недвижности за време на пандемијата се одвива како и претходно. Според последните објавени податоци од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, најголем обем на трансакции, вклучувајќи и најголем број продадени станови има во главниот град, поконкретно во општините Центар, Карпош, Аеродром. Цените се движат во зависност од побарувачката и на поатрактивните локации повисоки се цените за квадратен метар.

Цените на становите во подрачјата со помала трансакциска активност исто така растат иако, како што велат од Здружението, тоа не зависи од побарувачката, туку поради порастот на цените на градежните производи, услугите, суровините… едноставно изградбата е поскапа.

Ивица Јакимовски, претседател на  Градежната комора при Сојузот на стопански комори посочува дека деловната активност во полето на високоградба во последните четири години има тренд на постојан пад што се должи на ограничувачките фактори кои предизвикаа сериозни, материјални и нематеријални штети за компаниите поради мораториумот за градба и суспендирањето на деталните урбанистички планови. За да има подобрување во позитивна насока, укажува, неопходно е да се почитуваат законите, пред се Законот за градење и Законот за урбанистичко и просторно планирање, што ќе придонесе за креирање на позитивна бизнис клима за развој и инвестиции.

– Растот на цените на становите достигнува и до 40 отсто, а тој се должи на повеќе фактори, меѓу кои главно учество имаат порастот на цените на градежните материјали, трендот на зголемување на платите во градежниот сектор кој влијае на зголемување на цената на крајниот производи, како и на ограничување на понудата, што се јавува како последица на мораториумите за градење и суспендирањето на деталните урбанистички планови, изјави Јакимовски за МИА.

Пазарот на недвижности, дополнува, подолго време има негативен тренд за потрошувачите, заради ограничувачките фактори за кои веќе зборувавме.  Градежниот сектор е подготвен да го промени трендот,  со цел да се излезе во пресрет на потребните на граѓаните, доколку се создадат услови за да може да почне со засилена деловна активност, потенцира Јакимовски.

По драстичниот пад кај закупите, позитивно придвижување по стартот на студентската година

Пандемијата најмногу ги погоди закупите на недвижности каде што беше забележан драстичен пад, особено кај закупите на деловните простори, но и кај закупите на други недвижности. Падот во голема мера се должи на промените во начинот на живот и работа на луѓето, намалување на обемот на миграции на студенти, работници и други лица со место на живеење различно од местото каде што ги вршат секојдневните активности како резултат на сè поголемата употреба на технологијата во процесот на работа и учење, односно замената на физичкото со онлајн присуство.

По почетокот на студентската година, според информациите од агенциите на недвижности, не се забележува драстичен пораст на трансакциите што се однесуваат на закупите, меѓутоа споредено со претходните месеци може да се каже дека има одредено придвижување во позитивна насока.

На пазарот на недвижности во третиот квартал годинава, според базата на Регистарот на цени и закупнини, се регистрирани 9.231 трансакција, од кои 7.277 продажби на недвижности и 1.954 закупи на недвижен имот.

Евидентирани се 7.277 купопродажби во вредност од 284.558.000 евра. Регистрираните 5.833 продажби се во вредност од 209.570.000. Имало и 13 лицитации со вредност од 200.000 евра, 1.265 купопродажби на инвеститор во вредност од 72.96.000 евра, како и 166 откупи од РСМ во вредност од 1.807.000 денари.

Споредбено по месеци од овој квартал може да се забележи дека најголем број трансакции има во јули, кога во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 3.463 трансакции. Најмалку трансакции се регистрирани во август, и тоа 2.516, додека во септември се регистрирани 3.252 трансакции.

Доколку се разгледа обемот на трансакции по месеци и по тип на трансакција, може да се заклучи дека најголем број купопродажби се регистрирани во јули, 2.754, а најмногу закупи се евидентирани исто така во јули, 709.

Во третото тримесечје годинава имало за 2.676 повеќе купопродажби во однос на истиот период лани.

Од регистрираните 1.954 закупи на недвижен имот, најмногу, 740, се закупи на  деловни простории во вредност од 523.222.000 евра. Потоа следуваат закупите на стан 573 со вредност од 120.720.000 евра, на куќи, 259, од 55.224.000 евра, на дворно земјиште, 238, со вредност од 11.243.000. Регистрирани се и 27 закупи на индустриски објекти во вредност од 134.436.000 евра.

Најмногу нови дозволи за градба во Полошко, најмалку во Пелагониско

Последните официјални податоци за издадени одобренија за градење се за септември годинава кога биле издадени 318 одобренија за градење, што е за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Најголем број одобренија се во Полошкиот регион, 66, по што следуваат Скопскиот регион, 62, Југоисточниот, 53, Вардардскиот 46… Најмалку дозволи за градба, 17, се издадени во Пелагонискиот регион.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 квадратни метри. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40…

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија во септември годинава изнесува 3 833.718.000 денари, за 16,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9  проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. На 195 (61,3 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на останатите 123 (38,7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти

Заев: За четири години нема мрднато цената на струјата

Во гостувањето во Дневникот на Сител премиерот Зоран Заев кажа дека проблемот со електричната енергија е меѓународен проблем.

– Гледате четири години нема мрднато цената на струјата за разлика од пред некои 8 месеци четири до пет пати е зголемена на меѓународните берзи струјата а тука е иста. Така што граѓаните треба да бидат спокојни и воопшто да не стравуваат, рече премиерот

Нов раст на цената на горивата од полноќ❗

Од полноќ ново поскапување на горивата за еден денар. Еуросупер 98 ќе се точи за 78.5 денари по литар, а дизелот ќе чини 68.5 денари. Но очекувањата се дека цените и понатаму ќе растат. Вредноста на нафтата урива рекорди. Денеска на американската берза го достигна седумгодишниот максимум, додека на лондонската, бележат највисока цена во изминативе 3 години.

Како се опоравуваат економиите од корона кризата, така се очекува побарувачката да расте, што дополнително ќе влијае на зголемување на цената. Сега се стравува на подгревање на инфлацијата, што може да го успори растот на економиите во светот.

И додека Хрватска ги замрзна цените на нафтата на еден месец, во Србија се разгледува опцијата за укинување на акцизата. Кај нас, оваа давачка, која оди директно во буџетот сочинува речиси 30% од цената, односно дури 22 денари отпаѓаат на акциза. Засега нема најава за укинување или намалување на дел од давачката.