Tag Archives: Церемонија

(Видеo) Со огномет Немања Гудељ ја побара за жена Анастасија Ражнатовиќ

Фудбалерот Немања Гудељ се сврши со пејачката Анастасија Ражнатовиќ. 

Тој приредил романтично изненадување. На подот ливчиња од роза кои го покажуваат патот до интимната вечера. 

Тие ангажирале танчери на оган за церемонијата, а украсите вклучувале балони и луксузни детали. Кога Анастасија ја прифати понудата за брак имаше и огномет.

(ФОТО) Спектакуларна церемонија за почеток на СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР

Свечената церемонија на стадионот Ал Бајут во катарскиот град Ал Кору ја отвори познатиот холивудски актер Морган Фриман. Следуваа традиционални катарски танцови, по што на стадионот се појавија лица со знамињата на 32 држави учесници на овогодинешниот шампионат.

На нив им се придружија маскотите од претходните светски првенства, а беа изведени и песните од претходните Мундијали. Азијската музичка ѕвезда Јункок и катарскиот пејач Фахад Ал Кубаиси ја изведоа химната на ова Светско првенство а емирот на Катар Тамим бин Хамид ал-Тхани со своето обраќање го отвори Светското првенство

На сите тимови и гледачи им посакувам уживање и одлична фудбалска претстава. Овие денови нека бидат денови кои ќе не надополнат со добрина и надеж, среќно на сите!”,

кажа Тамим бин Хамид ал-Тхани.

Путин успеа: Жителите на четирите региони конечно ќе можат да зборуваат на руски јазик и ќе ја негуваат својата култура!

Во тек е церемонијата за припојување на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје кон Руската Федерација.

Церемонијата се одржува во салата “Свети Георги” во Кремљ, а започна со говорот на рускиот претседател Владимир Путин.

Путин ја поздрави одлуката на жителите на овие региони и нагласи дека ова е резултат на борбата на русите за “вистински живот” во кој ќе можат да ја негуваат руската култура и да го зборуваат рускиот јазик.

Путин им оддаде почит и на борците од Татковинската војна за кои напомена дека никогаш нема да се заборават.

Претседателот исто така истакна дека е убеден дека Државната Дума ќе ги одобри овие документи.

Путин рече дена СССР повеќе не постои, минатото не може да се врати, но Русија не се стреми кон тоа.

Војниците кои се во Донбас ги исполнуваат своите обврски кон татковината, рече Путин.

Следете ја церемонијата во живо на следниот ЛИНК.

„Луѓето кои служат со љубов се ретки, а водачите кои служат со љубов сè уште поретки“ – Величенствена церемонија на последното патување на кралицата

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора го започна своето последно патување од Лондон до замокот Виндзор, каде што ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг војводата од Единбург.

Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон на рутата низ главниот град на Британија за да го кажат своето последно збогум, додека милиони ширум светот го гледаа државниот погреб на телевизија.

Кралот Чарлс Трети и неговите браќа и сестри одеа зад ковчегот додека заминуваше од Вестминстерската опатија по државниот погреб, додека другите членови на кралското семејство патуваа со автомобил.

За време на богослужбата, кралот Чарлс беше видно трогнат и неколку пати за малку ќе заплачеше особено додека се пееше националната химна во Опатијата. Тој во венецот на ковчегот, кој е направен со цвеќиња кои лично ги избрал, стави рачно напишана порака до неговата мајка.

Во љубов и посветено сеќавање, пишуваше во пораката.

По поворката од Вестминистерската опатија до Велингтон Арх во Хајд Парк ковчегот со возило се пренесува до капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.

Во капелата 15 часот по Гринич ќе се одржи церемонија, по што ќе следи приватна погребна служба на која ќе присуствуваат високи членови на најтесното кралско семејство.

На погребот на кралицата во Вестминстерската опатија присуствуваа околу 2.000 луѓе, меѓу кои и членови на кралски семејства од цела Европа, политичари од сите страни на политичкиот спектар и светски лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон.

Кралот Чарлс и кралицата сопруга Камила одеа веднаш зад ковчегот додека влегуваа во готската црква за богослужбата, по што следеа принцезата Ана и нејзиниот сопруг вицеадмиралот Тим Лоренс, потоа принцот Ендрју, а зад него и принцот Едвард и неговата сопруга Софи.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа со своите родители, а беа следени од принцот Хари и неговата сопруга Меган и други членови на кралското семејство.

За време на својата проповед, надбискупот од Кентербери Џастин Велби рече дека изливот на емоции за кралицата „произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, која сега ја нема“.

Велби ја опиша кралицата дека допрела „мноштво животи“ и оти била „радост“ за многумина.

– Луѓето кои служат со љубов се ретки во која било област од животот. Водачите кои служат со љубов сè уште се поретки. Но во сите случаи оние кои служат ќе бидат сакани и запаметени кога ќе се заборават оние кои се држат до власта и привилегиите, рече тој.

– Тагата на овој ден – што ја чувствува не само семејството на покојната кралица, туку и целата нација, Комонвелтот и светот – произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, кои сега ги нема, додаде.

Велби, стоејќи во црквата каде што кралеви и кралици се крунисани од 1066 година, исто така рече дека кралицата на својот 21-ви роденден изјавила „дека целиот нејзин живот ќе биде посветен на служење на нацијата и Комонвелтот“.

Тој додаде: „Ретко кога такво ветување е толку добро одржано. Малкумина лидери го добиваат изливот на љубов што го видовме“.

Помеѓу химните испеани на богослужбата, беше изведена и „Господ е мојот пастир“ која се пееше и на свадбата на кралицата со војводата од Единбург во опатијата во 1947 година.

Последен од кралицата во Вестминистерската опатија се прости кралскиот гајдаџија, полицаец од прва класа, Пол Брнс кој ја отсвире традиционалната тажалка „Спиј, мила, спиј“. Беа отсвирени и The Last Post, Reveille и националната химна.

Вечерва во Виндзор ќе се одржи приватен погреб со високи членови на кралското семејство, каде што кралицата повторно ќе се соедини со нејзиниот сопруг, војводата од Единбург.

Последното почивалиште на кралицата ќе биде меморијалната капела на кралот Џорџ Шести, анекс на главната капела каде што биле погребани нејзината мајка и татко, заедно со пепелта на нејзината сестра, принцезата Маргарет.

Ковчегот на Филип ќе се премести од кралскиот свод во меморијалната капела за да биде до ковчегот на кралицата.

Денешниот државен погреб на кралицата Елизабета Втора се смета за најголемата безбедносна операција во историјата на Велика Британија, надминувајќи ја операцијата за платинестиот јубилеен викенд и Олимпијадата во Лондон 2012 година.

ЗАПОЧНА ПОГРЕБНАТА ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ПОГРЕБОТ НА ВЕКОТ (ФОТО И ВИДЕО)

Настанот кој  светските медиуми го нарекуваат „погреб на векот“ ќе биде логистички и безбедносен предизвик од највисоко ниво за лондонската полиција.

Тоа ќе биде еден од најголемите и најкомплексните настани на британско тло од Втората светска војна, а американскиот претседател Џозеф Бајден е на врвот од листата на државници кои пристигнуваат од целиот свет.

Погребот ќе биде прикажан во парковите, плоштадите и кината низ Велика Британија, потврди владата.

Планирано е ковчегот со телото на кралицата да биде во Парламентот во Вестминстерската сала до 10:45 часот по локално време (11:45 часот по наше), а потоа со кочија да биде префрлен во Вестминстерската опатија, која се наоѓа во во непосредна близина, во придружуван од кралот Чарлс III и постарите членови на кралското семејство.

Комеморацијата започнува во 11 часот по локално време (12 часот по наше време) и трае еден час, а завршува со две минути молчење. Покрај кентерберискиот надбискуп Џастин Велби, делови од Библијата се очекува да чита и британската премиерка Елизабет Трас.

По богослужбата во опатијата, ковчегот во кој се наоѓа телото на кралицата ќе биде пренесен со лафет на Кралската морнарица низ Лондон, во придружба на семејството до Велингтон Арх, поминувајќи покрај  Бакингемската палата .

Поворката ќе пристигне во 15:00 часот (16:00 часот по наше време) до замокот Виндзор, каде што ќе се изврши богослужбата и погребот, а погребот во Виндзор ќе започне околу 16:00 часот (17:00 часот). Крајот на погребот е и крај на јавниот дел од погребот на Елизабета Втора, нејзиниот ковчег ќе биде положен во капелата Свети Ѓорѓи, до нејзиниот сопруг принцот Филип (Филип), околу 19:30 часот по локално време (20: 30) без присуство на јавноста.

Foto: BBC

(Видео) Твитер врие – Претседателот Бајден заспа стоејќи за време на церемонија?

Американскиот претседател Џозеф Бајден се чини дека заспал додека стоел на церемонијата на пуштање во употреба на нуклеарната подморница.

На социјалните мрежи се појави видео од Бајден на кое претседателот изгледа како да спие стоејќи за време на церемонијата. Креативните твитерџии не пропуштија прилика да го исмеат американскиот претседател уште еднаш.

Погледнете го видеото во продолжение: