Tag Archives: Цукс

ЦУК: Опасност е карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше испратено известување за опасност по учесници на сообраќај, од карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес, а по првиот тунел, до Јавното Претпријатие (ЈП) за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и до Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта. За истата опасна карпа, на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, има повеќе јавувања – пријави од граѓани.

Ситуацијата со опасната карпа и можен одрон на дополнителен материјал од високиот масив покрај автопатот, при нејзино паѓање, налага превентивно е дека корисно во најбрз можен рок да биде извршена санација и отстранување на наведената карпа, како превенција да не дојди до загрозување на човечки живот и на уништување на материјални добра.

Конкретно, известувањето од ЦУК, до јавните претпријатија, е ургенција за преземање на мерки и активности во надлежност на јавните претпријатија за санација – отстранување на карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес, а после првиот тунел. Имено, повеќе од 18 денови карпата е одвоена од основниот масив високо над патот и паѓаат парчиња од карпа и камења на автопатот со што директно се загрозени учесниците во сообраќајот, односно постои директна опасност по животот на луѓето и материјални добра на учесниците на сообраќајот.

Пронајдено телото на жената што на новогодишната ноќ се фрли во Вардар во Велес

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во понеделнкот полициски специјалци од МВР го пронашле телото на женското лице кое на новогодишната ноќ се фрлило во водите на река Вардар кај Велес.

„Регионалниот ЦУК Велес информира дека од Полицијата – СВР Велес добиле информација дека во 12:20 часот денеска во близина на мостот кај село Кочилари од страна на полициските специјалци од МВР е пронајдено телото на женското лицето кое на 31.12.2022 година (половина час по полноќ) се фрли во водите на реката Вардар од Мало Мовче во централното градско подрачје во Велес“, информираат од ЦУК во објава на социјалните мрежи.

Како што соопштуваат од ЦУК, телото е извлечено на брегот на реката и се чека екипа од СВР Велес за увид на лице место, по што ќе следи процедура за потврда на состојба од лекар и од јавен обвинител.

Висат парчиња бетон од мостот надвозник кај Визбегово – Чекаат да падне некој па да го прават ?

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, со предупредување до граѓаните за нестабилноста на мостот надвозник кај Визбегово.

Имено, тој информираше дека од мостот висат парчиња бетон и се опасност за луѓето и возилата што се движат под и на него.

-Можната нестабилност на мостот како и парчињата бетон кои висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата што се движат по него но уште повеќе за тие што се движат под него. Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции, но опасноста сеуште не е отстранета – истакна Ангелов.

Тој потенцираше дека денеска повторно јавно ги повикува надлежните институции да реагираат, медиумите да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112. 

Хеликоптер и ЕБР ги извлекуваа планинарите на Титов Врв од провалија (Фото+видео)

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска на лице место од Титов Врв извести за случката со двајца загубени планинари, од кои за жал едниот утрово почина.

Ангелов соопшти дека од страна на МВР биле ангажирани специјалци од ЕБР за спасување на планинарите, дека теренот бил исклучително тежок, со замрзнат снег и лизгав терен.

Во продолжение изјавата на Ангелов и снимка од хеликоптерите кои учествуваа во спасувањето.

Драматично спасување од провалија на две девојки од кај „Трескавец“ (Видео)

Денеска, успешно се реализираше акција на спасување на две туристки од Полска кај макастиркиот комплекс „Трескавец“,  паднати во пресек од карпа над провлија координирани преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, а во координција со РЦУК Прилеп со надлежните институции за вакови случаи од Системот за управување со кризи.  Успешната спасувачка акција конкртно и брзо ја реализирал Дарко Недановски со колегата Иван Атанасовски, инаку членови – доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп. Недановки е познат и по многу спасувачки и истражувачки акции во земјава и странство и е држвен рекордер во спуштање во длабочина, а е и претседател на Спелолошката федерација на Македонија.

Конкретно, во 16:00 часот двете туристки – млади девојки од Полска, од локација кај манастирот „Трескавец“, преку Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, побарале помош бидејќи при движење надолу од манастирот кон градот, паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опасност да се повредат, а едната од нив се држела за карпа. Тие биле дел од поголема група туристи и биле заостанати од групата којашто се враќала од посетата на македонскиот прекрасен и познат манастирски комплекс.

Известени сме дека  покрај доброволното друштво „Златоврв“ од Прилеп, на терен излегла екипа и од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило) од 16.10ч. За настанот биле известени и ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола).

На крај на извештакот, РЦУК – Битола извести дека двете девојки – туристки од Полска кај „Трескавец“, се пронајдени и извлечени во 17:15 часот од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и дека се во добра здраствена состојба. Недановски не извести дека само на рацете имале неколку гребнатини.

Видео: https://youtu.be/ry2nksKXHXc

Торнадо се случи во Неготино!

Торнадо му се случи на Неготино, вртлог, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА, по невремето што попладнево го зафати Неготинско и однесе неколку покриви од куќи, а блокиран е и пат помеѓу две села поради паднати дрвја.

-Нашите информации велат дека вакво нешто одамна се нема случено во Неготино. Тешки последици предизвикало невремето кое траело само дваесетина минути. Било со огромна јачина и два пати го менувало правецот. Северно, па југозападно и пак северно. Со себе носело делови од кровни конструкции, дрвја, бандери со ниско напонски дел и жици, уништени и  однесени биле лимени и пластични конструкции. Само уште пет до десет минути да потраело невремето, не дај Боже, би било вистинска катастрофа за Неготино, рече Горан Стојановски, раководител на Сектор за операции и координација при ЦУК.

Тој нагласи дека дополнително ќе се утврдуваат штети, меѓу другото и кај земјоделските култури.