Tag Archives: Данска

Данска ГИ УКИНА сите мерки против Ковид и се фрли на журкање! (Видео)

Неверојатни фотографии од преполниот стадион Паркен во Копенхаген се појавија во неделата на социјалните мрежи. Таму, на 11 септември, само еден ден по укинувањето на сите епидемиолошки мерки во Данска, се одржа концерт на данскиот панк бенд „The minds of 99“.

Распродадениот концерт, на кој присуствуваа околу 50.000 луѓе, потсетува на настани и концерти пред пандемијата бидејќи публиката е збиена, а сите мерки беа укинати поради добрата вакцинација, никој не носи маски и не треба да држи дистанца.

На Фејсбук страницата на настанот пред концертот беа објавени инструкции за граѓаните кои доаѓаат на концертот, но во ниту една инструкција или забелешка не се споменувше корона вирусот. Организаторите дадоа сервисни информации за сообраќајот околу стадионот и класичните предупредувања дека не смеете да носите пиротехника на концертот, дека не смеете да пушите на стадионот и дека, да речеме, нема да има гардероби за оставање јакни.

Данците постепено укинуваа мерка по мерка во текот на изминатите неколку месеци се додека, конечно, не одлучија повеќе да не го класифицираат „Ковид-19“ како „социјално критична“ болест. Исто така на граѓаните не им треба потврда за ковид.

Фановите на бендот кои вчера беа на концертот не го кријат ентузијазмот за првиот ваков голем концерт во Данска по година и пол епидемиолошки мерки. Инстаграм е полн со фотографии од преполниотт Паркен.

– Конечно завршија сите ограничувања! За исполнет живот што ви дава вакви искуства, денес засипнав. Благодарам, напиша на Инстаграм фан на The Minds of 99 кој беше на концертот.

Срцето на Ериксен престанало да чука неколку минути, што точно се случи вчера ?

Мартин Боесен, докторот на данската фудбалска репрезентација, раскажа што се случило во моментот кога фудбалерот на оваа селекција, Кристијан Ериксен, ја изгубил свеста за време на првото полувреме од натпреварот против Финска.

-Ни се јавија од теренот, штом Кристијан се онесвести. Кога истрчавме до него, тој дишеше. Го проверивме неговиот пулс и тој го имаше. Сепак, тогаш одеднаш престанавме да го чувствуваме пулсот. Веднаш почнавме да интервенираме за да го одржиме жив. За среќа, тој остана со нас, изјави Боесен за данските медиуми.

Лекарот вели дека вештачкото дишење му го спасило животот на асот на Интер.

-Лежеше неподвижен, па веднаш започнавме со вештачко дишење. Токму тоа вештачко дишење му го спаси животот. Многу ни помогна и докторот на стадионот, со чија помош му ги вративме свеста и пулсот на Ериксен – заврши Боесен.

Еден од водечките спортски кардиолози во Англија, д-р Санџај Шарма рече дека Ериксен преживеал срцев удар и фактички бил мртов неколку минути. Според него, фудбалерот нема да може да ја продолжи кариерата.

„Оваа земја си го мрази името“: Дански блогер со репортажа од Македонија (ВИДЕО)

Неприфаќањето на новото име на државата од огромното мнозинство македонски граѓани е нагласено уште во почетокот од репортажата на дански блогер од Македонија, кој констатира дека „оваа земја си го мрази името“.

„Многу сум среќен што се враќам по втор пат во оваа земја, но минатиот пат оваа земја имаше друго име. Деведесет проценти од луѓето што ќе ги прашате на улица не ја викаат Северна Македонија, како што е новото име“, вели тој.

„Ова име е навистина, навистина проблематично. Постои голема политичка дебата за името. Името беше променето во 2019 година, но народот тука не го прифаќа. И покрај тоа што мнозинството од населението не го прифати, промената беше направена најмногу со цел да се задоволи Грција и да ја спречи уште еднаш да стави вето за влез на Македонија во ЕУ. Меѓутоа, интересно е тоа што промената на името се случи по референдумот, кој беше бојкотиран од близу 65 проценти од населението во земјата, што значи дека само 35 отсто од граѓаните всушност гласаа за промена на името на земјата“, објаснува Данецот, кој на крајот од видеото со редица комплименти за државата повикува да биде посетена „како скриен скапоцен камен во срцето на Балканскиот Полуостров“.

Шефицата на Агенцијата за лекови на Данска се онесвести на прес-конференција (Видео)

Тања Ерихсен, шефицата на Агенцијата за лекови на Данска, се онесвести на прес-конференција на која ја соопшти одлуката дека нејзината земја веќе нема да ја користи вакцината на „Астразенека“.