Tag Archives: ддв

Повратот за ДДВ се зголемува на 2 100 денари

Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година

Повратот на данокот на додадена вредност (ДДВ) кон граѓаните со скенирање фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ се зголемува од 1 800 на 2 100 денари за еден квартал.

Пратениците попладнево ги изгласаа законските измени со кои се зголемува лимитот, а за веста на социјалните мрежи се пофали и директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

„Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица. Со оваа измена се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1 800 на 2 100 денари за едно тримесечје. Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата ’Мој ДДВ‘ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“,

наведе Лукаревска.

Законските измени за зголемување на лимитот поминаа на седница на Владата кон крајот на декември 2022 година, но беа „заглавени“ во Собранието.

За тие што скенираат сметки, „Мој ДДВ“ ќе носи поголема добивка…

Во координација со министерот за финансии во наредниот период ќе поднесеме предлог за измена на Законот за поврат на ДДВ за физички лица, најави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

„Мерката „Мој ДДВ“ го слави третиот роденден. Со повратот на дел од данокот на додадена вредност, кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од 1 јануари во 2023 година, да се зголеми лимитот на поврат на ДДВ.

Граѓаните наместо 1.800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите“, објасни Лукаревска.