Tag Archives: ДејанТрајковски

ПЛАТА на KЛO3ETЧИЈA Е 26 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, исто толку зема ПРОФЕСОР ВО СРЕДНО

Професорот од Техничкиот факултет од Битола Дејан Трајковски, кој обично прави проекции за корона, сега со малку поинаква сфера на интерес. 

Тој се прашува како децата во земјава ќе се мотивираат да учат, ако платите на професорите во средните училшта, се пониски исти со оние на лицата со пониски кваилификации.

„Плата на клозетчија, без образование (празнење на подвижни клозети) изнесува 26.000 денари.

Секоја чесна работа е добра работа, ама како тогаш ќе мотивираат деца за студирање, ако професор во средно училиште, со завршен факултет, прима иста толкава плата?

Полесно им е ништо да не учат, за истата плата“, пишува на фејсбук професорот Трајковски.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1179244359270747&id=100015555820636

Проф. Трајковски: За една недела би можело и до 2000 нови случаи, пикот веќе околу 1 септември

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, а регистрирани се 588 нови случаи на КОВИД-19.

Математичките пресметки на професорот Дејан Трајковски покажале дека во моментов едно инфицирано лице заразува тројца.

Предупредува дека со ваков раст на бројките за седум дена може да очекуваме и по 2000 заразени дневно. Наместо средината на септември, сега проценките на Трајковски се дека врвот на заразени ќе биде за максимум две недели.

„Со вакво високо забрзување за само една недела ние би можеле, доколку не се намали ова забрзување, да стигнеме до 1500-2000 нови случаи дневно.Колку е повисок ефективниот репродукциски број, толку побргу бројките се искачуваат и толку побргу ќе биде достигнат врвот. Тоа е лоша вест затоа што може да направи при тисок врз болниците. При ваква висока преносливост веројатно пикот ќе го видиме со поголеми бројки уште порано, можеби околу 1 септември“, вели Трајковски за Канал 5 ТВ.

Каква ќе биде епидемиолошката крива во голема мера ќе зависи и од темпото на имунизирање. Граѓаните и денеска навалија по вакцина а четирите новоотворени пунктови колку-толку успеаја да ги намалат гужвите. Пред поликлиниката Букурешт, и младо и старо, чекаа во ред за да се боцнат.

Откако yмpea толку многу луѓе, мepките ви се по свадба тапани

Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски од Битола, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот, објави нова анализа на својот Фејсбук профил во која смета дека рестриктивните мерки се презадоцнети.

“Рестриктивните мерки, откако практично стигнавме на врвот на заразувањето и откако умреа толку многу луѓе, се типичен пример на презадоцнета, „по свадба тапани“ реакција. Всушност, со ова се признава крахот на здравствениот ковид-систем, односно неможноста за справување со сегашниот број на болни. Инаку, да имаа барем малку шанси да истуркаат уште малку понатаму, сигурно немаше да се одлучат на ваков чекор. Доволно е да се потсетиме на изјавата на ЖК дека затворање нема да има се до конечниот распад на здравствениот систем. Е па, еве го, дошол и тој час.

Додуша, врвот на активните случаи и на активно хоспитализираните се уште не е достигнат, но за 7-10 дена ќе го видиме и него, а што е најважно, пикот на бројот на активни случаи нема да биде многу повисок од сегашните вредности, поради заоблувањето на кривата коешто наскоро ќе го видиме. Но, очигледно дошол ножот до коска, па не може ни тој момент да се дочека.

Се покажува она што цело време го зборуваме, дека сметката на незнаењето и доцнењето мора да биде платена (кафеаните мораа да бидат затворени), но грешката во тајмингот има превисока цена во човечки животи. Доколку ги затвореа кафеаните пред 2 месеци, бројките немаше да искачат толку брзо и толку високо, а бројот на починати ќе беше далеку помал од сегашниот. Вака ем кафеаните се затворени, ем фајде веќе нема – луѓето умреа непотребно.

Тоа е данокот на незнаењето и непрофесионалноста. Уште еден доказ дека тоа што некој се нашол по некоја случајност на власт не значи и дека е најспособен или дека секогаш е во право. Но, во овој случај грешките се платени со 4.000 официјално и барем 4000 неофицијално починати, коишто ќе ги видиме во јулскиот извештај на ДЗС.

Паметните луѓе однапред пресметуваат и планираат, а оние другите отпосле се туфкаат и велат дека не знаеле што ќе биде.

„Ние сметаме дека нема потреба од понатамошни рестриктивни мерки, сегашните ќе дадат резултати. Располагаме со доволно болнички капацитети…“

Е па каде им се резултатите и капацитетите? Кој ќе одговара за оваа неодговорна авантура во која ги втурнаа граѓаните и од која многумина не извлекоа жива глава?

Новинарите би требало сериозно да проанализираат (од Антикорупциска комисија секако нема корист) дали луѓе од извршната власт (или нивните семејства) имаат кафеански или обложувачки бизниси, затоа што е очигледно дека ваквото упорно заштитување на тие погубни дејности ги надминува границите на обично помагање и се повеќе наликува на најсебично штитење на личните интереси.

Инаку ако утре, во среда, има помалку од 1.400 новодијагностицирани, тоа би било потврда дека врвот на заразувањето е веќе достигнат”.

06.04.2021. Рестриктивните мерки, откако практично стигнавме на врвот на заразувањето и откако умреа толку многу луѓе,…

Posted by Дејан Трајковски on Tuesday, April 6, 2021