Tag Archives: дечиња

Извикуваа “Македонија, Македонија…” и делеа знаменца, дечињата од прилепските градинки како никој досега го одбележаа Денот на независноста (Фото галерија)

Вистинстинска позитива како никогаш досега ја огреа прилепската Стара чаршија денеска. Во пресрет на Денот на независноста – 8-ми Септември, малите ангелчиња од градинките “Наша иднина”, заедно со нивните воспитувачки, покажаа дека и тоа како си ја сакаат државата во која живеат.

Насмеаните дечиња ја украсија со македонски знамиња камената бина во центарот на градот, а потоа извикувајќи: “Македонија, Македонија…”, прошетаа низ чаршијата, а на случајните минувачи, дуќанџиите и на оние кои одмараа на клупите, им делеа македонски знаменца.

Една искрена, весела и среќна дружина која ни го разубави денот, и воспитувачки кои заслужуваат награда. Ако најмалите ги воспитуваме вака, од мали нозе да си ја сакаат Македонија, тогаш се уште можеме да ја исправиме иднината.

Браво за дечињата од Прилеп

Маркукуле.мк

(Видео) Бадникова поворка во Охрид – дечињата пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог”го најавуваат Христовото Раѓање

По двегодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19, денеска во периодот од 10 до 12 часот во вкупно 62 градови и населени места во земјава илјадници деца ќе чекорат во бадникови поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото Раѓање.

Видео:

https://fb.watch/hTVqsqcdxG/

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Жена и три дечиња останаа на улица – куќата им изгоре!

На социјалните мрежи е упатен апел за помош на семејство.

Се работи за мајка и три дечиња од скопско Катланово на кои пред неколку денови им изгорела куќата и истите во моментов се оставени на улица.

Нејзиниот сопруг починал откако бил хоспитализиран во многу тешка состојба.

Немаат ниту храна, ниту облека. Доколку сакате да донирате финансиски средства, тоа можете да го направите преку:

Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK

Преубави 🤩 скопски Аеродром блескаше со песни од најмалите за Тоше

Најголемите хитови на Тоше Проески испеани од грлата на учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“. 

Општина Аеродром објави видео од Детската улица во Аеродром, каде што пред споменикот посветен на Тоше, основците ги пеат неговите хитови. 

-Дечињата од ОУ ,,Лазо Ангеловски” нѐ потсетуваат на најголемите хитови, како и трајните вредности оставени од големиот Тоше Проески. Едно од најубавите места во општината е Детската улица, каде засекогаш ќе се присетуваме на Тоше. Општина Аеродром се грижи неговите дела вечно да живеат во секој еден од нас – стои во објавата на Општината. 

Видео:

https://www.facebook.com/215229678511143/posts/pfbid02H8XVh8Rndp1TMk8eGWCWzkRqAX6mj2ve3iLrWLqyGjJRbyRav22BaVrkEqk9KRxwl/?app=fbl

ЕЛИФ ЕЛМАС ги изненади дечињата од Тетовско

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас реши да ги изненади дечињата од тетовското село Јеловјане.

Дијамантот“ Елиф им стави насмевки на дечињата кои по заедничката фотографија се гледа дека се навистина среќни од неговата посета.

Фото: Спортмедиа

Братчиња од четири и осум години, по два дена се вратиле дома – БЕВМЕ ДА ПРОШЕТАМЕ!

Две братчиња од Велес на возраст од четири и осум години беа пријавени од страна на нивниот татко С.Б. (39) за исчезнати. Тој го пријавил исчезнувањето на децата во Полициска станица Велес околу три часот наутро во неделата.

Појаснил дека братчињата излегле од дома во саботата, во 19.30 часот, и не се вратиле назад.

Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека случајот со исчезнатите братчиња има среќен крај. Децата по два дена самите се вратиле дома.

-Во добра состојба се, на родителите им кажале дека излегле да се прошетаат, па се заиграле. Преноќиле кај некое другарче. На возраст од четири и осум години се – потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Додава дека се надева како родителите ќе имаат сериозен разговор со децата и ќе им појаснат во иднина да не им се повтори слична случка.

Близначки од Струмица ги донираа своите плетенки за да им ја вратат насмевката на болните дечиња

Одраз на родителското воспитување и вреднување на животните вредности со хуманост од најмали нозе.

Десетгодишните близначки од Струмица ги донираа своите плетенки за да им ја вратат насмевката на болните дечиња.

Како медиум се радуваме што имаме можност овој период да споделуваме повеќе вакви примери. Браво девојчиња – пренесува Струмица денес.