Tag Archives: деца

Со песна се искажа поддршка за децата болни од рак на Детската клиника

Голем број деца придружувани од своите родители, роднини, пријатели, како и од Волонтерски центар-Скопје синоќа се обидоа да им го развеселат, барем за момент, денот на децата болни од канцер кои се лекуваат на Клиниката за детски болести во Скопје.

Тие на паркингот зад Клиниката ја испеаја „Штом си среќен, плесни ти со рачиња“.

Настанот, традиционално го организира САНО, невладина органзација која им помага на децата со малигни заболувања и нивните родители.

Тие на овој начин го одбележуваат 15 февруари, Меѓународниот ден на децата болни од рак, како глобална кампања за подигнување на свеста за ракот кај децата и за изразување на поддршка за децата и адолесцентите со рак, преживеаните и нивните семејства.

Настава со физичко присуство и отворени прозорци: Децата ќе се ротираат, за да не седат истите до прозорците

Комисијата за заразни болести предложи наставата од 1 февруари да продолжи со физичко присуство, но согласно ковид мерките наставата се одржува со отворени прозорци.

Добивме известување за физичка настава, а тоа ќе значи дека часовите ќе се одржуваат пред отворени прозорци во поголемиот дел од часовите. Ќе се обидеме да ги ротираме децата, за да не бидат истите што цело време ќе седат до прозорците. Сличен проблем имавме и на почетокот од годината, кога поради невообичаено високите температури дел од деца се пожалија на сиптоми на сончаница – вели наставничка од едно скопско основно училиште.

Рашковски се правда: Моите деца знаат да штедат, добиваа подароци за родендени, крштевки и мекици

Драги Рашковски вели дека не постои промена во неговата имотна состојба освен во подароците кои ги добивале неговите деца. Тој нагласува дека тие се традиционално семејство кое сака да подарува и оти неговите деца често добилале подароци за родендени, крштевки, мекици и сл.

-Децата имаат заштеда која е од нивните родендени а се друго децата што поседуваат е мој имот што јас сум го имал и претодно.Целата работа се вулгаризира затоа што и станот и подвижните средства сум ги имал и пред да станам Генерален секретар. Сето тоа е само префрлено, ние сме традиционална земја како секој родител. Станот што сум го имал само сум го префрлил,не станува збор за нов имот.Новиот имот во Побожје е купен на кредит со средства кои што и претходно сум ги имал, се правда Рашковски.

Со маски нема да ги пуштиме децата на училиште, велат родителите кои бараат укинување на оваа мерка

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од голем број доктори кои јавно зборуваат за долгорочните штетни последици од носењето маски. Во таа насока аргументираат дека претседателката на Здружението на приватни матични лекари д-рЛилија Чолакова Дервишова, алармира за зголемени психолошки, социолошки, имунолошки, респираторни и дерматолошки последици.

Децата светот го осознаваат преку изразите на лицето, комуницирањето и размената на чуствства, а сето ова не е можно да се оствари преку маска со што веќе се гледа зголемена анкциозност кај децата, вели таа.

Според Др. Софијанова минатата година има регистрирано 500 случаи на ковид помеѓу децата, додека од почетокот на пандемијата нема ниту еден смртен случај.

Последната година се забележува и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помлада популација, вели Ана Чучкова, психолог, психотерапевт и проф. на факултет.

Според Д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, бројот на хоспитализации на деца секаде низ светот, не само кај нас е многу мал и место за паника нема.

Маските кај најмалите ученици сметам дека се не функционални и се непотребни, вели тој.

Долготрајно носење маски и вдишување на она што го издишуваме, ги зголемува шансите од горнореспираторни инфекции од бактериите кои децата ги носат, сметаат докторите.

Микробиологот и професор д-р Никола Пановски и епидемиологот Драган Даниловски исто така сметаат дека децата треба да тргнат на училиште без маски. Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија смета дека „барем за основците има резон да се размисли и да се овозможи родителите да одлучат или да се укине носењето“.

Од Иницијативата до властите доставено е Барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата. Родителите се категорични во намерата дека со почеток на второто полугодие, нема да ги пуштаат децата со маски на училиште.

Изумирa Koлeдe: Дeцaтa се прaќaaт на црkoвни литии

И оваа година наместо на Коледе, децата шетаат со попови на црковни литии.

Во Берово организирана првата Божикна литија во која учество зедоа над 300 дечиња од овој град.

Пеејќи во еден глас и славејќи го Христовото раѓање со стиховите од песната „Вечниот бог”, најмалите поворката ја започнаа од градската црква, упатувајќи се во правец до железара Орбис, потоа продолжувајки кон „Здравствен дом” Берово и Полициската станица, за на крај да се вратат до градската црква.

По завршувањето на Божикната литија најмалите од страна на организаторите добија пакетчиња. Настанот го поздрави и градоначалникот Звонко Пекевски кој на граѓаните на Берово им го честиташе Божик, посакувајки им многу здравје и среќа во Новата 2022 година.

Дечињата од детскиот xop при xpaмот Св. Кирил и Методиј ги cтоплиja cpцата на прилепчани (Видео)

Во организација на невладината организација “Бадникови поворки“ денеска беше организирана голема хуманитарна акција “Црвен тепих на хуманоста”.

Децата од детскиот хор при храмот Св. Кирил и Методиј, симболично пештерката ја спровeдоа од параклисот на Свети Никола до камената бина, каде што хорот се претстави со Божиќни песнички.

Притоа, градоначалникот Борче Јовчески традиционално ги даруваше бадникарите со божиќни подароци.

Симболиката на оваа поворка е претставување на раѓањето на Исус Христос. Како што коледарчињата одат и го најават христовото раѓање, преку овчарчињата и ангелите кои што излегле и го објавиле христовото раѓање, затоа добиваат пригодни подароци бидејќи ни го навестуваат Христовото раѓање“, посочи отец Веле Спиркоски.

Мajка веќе ocум години ги дои своите дeцa, а причината за тоа вели дека е многу јacна

35-годишната мајка работи во организација која се занимава со едукација на жени на тема мајчинството и доењето, а во последните осум години и самата ги поминала во доење на своите сега “големи деца”.

Нејзината осумгодишна ќерка Дејзи ја доела до петтата година, сѐ додека не почнала во градинка, додека 4-годишниот син Тобијас сѐ уште го дои.

Иако секојдневно се среќава со многу осуди, објаснила зошто не се грижи за мислењето на другите.

“Знам дека многумина мислат дека ова е одвратно. Во ред е да имате свое мислење, но барам почитување. Можете да мислите што сакате, но ова е мој избор”, објаснила таа и истакнала дека секогаш ќе се фокусира на своите деца.

Својот син го дои два пати дневно, а во меѓувреме јаде тврда храна. Мајката тврди дека отсекогаш знаела дека ќе ги дои децата, но не мислела дека тоа ќе трае толку долго.

Организацијата во која работам многу ми помогна. Дознав за бројни предности на доењето, а една од нив е дека го намалува ризикот од рак на дојка”, објаснила Беки.

Покрај рак на дојка, доењето помага и при спречување на појава на рак на јајниците и еднометриски карцином. На жените им помага во опоравувањето после породување, ги зајакнува коските, го намалува ризикот од дијабетес и остепороза. Бројни се предносите зошто баш мајчиното млеко е најдобро за бебето, а така мајките градат и емоционална врска со своите деца.

Кога Дејзи наполни шест месеци можев да оберам дали ќе продолжам со доење или не, јас одбрав да ја дојам”, рекла таа.

Признала дека млекото во прав никогаш не го сметала за опција.

“Преминувањето на такво млеко би била последна опција. Да не можев да дојам ќе најдев донор или жена која би ги доела наместо мене”.

Трагедија: Три малолетни деца ги загубија родителите поради ковид, ќе ги чува дедото

Нивен стартел ќе биде дедото. Пред само два месеци во скопско пет деца останаа без нивните родители кои исто така починаа од последици од Ковид 19 за нив се грижат соседите.

Од Центарот за социјални грижи Скопје велат дека има малку случаи каде се губат и двајцата родители во пандемијата, но самата состојба е трагична и тешка, за неколку дена деца мали остануваат без нивните „мама и тато“. Тогаш е најтешкиот момент вели директорката на центарот во Скопје Наташа Станојевиќ, како и со кого ќе продолжи нивниот живот.

За случајот во Скопје сите пет деца ги чуваат првите соседи до нивниот дом. Според законот социјалните работници прво разговараат со роднини на децата кои може да ги чуваат.

Таа вели дека пандемијата многу го промени начинот на живот и општините мора да регаираат и да се во тек колку заболени има во нивните општини кому му треба помош.

Дожд од играчки – Навивачите на Бетис го затрупаа теренот со играчки за сиромашните деца (Фото и Видео)

Навивачите на Бетис направија прекрасен гест и ја продолжија својата божиќна традиција. На последниот домашен меч пред католички Божик, на терен фрлат играчки, кои се собираат и се подаруваат на сиромашни деца.

Целта е да не изостане ниедно дете од подарок за Божиќните празници. Стадионот беше наполнет со илајдници играчки.

Погледнете го видеото:

Фотогалерија:

НАД МИЛИОН ПРЕГЛЕДИ за македонските претставници на детскиот Евросонг (ВИДЕО)

Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија.

Хит песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“.

Спотот веќе има над милион прегледи и ниту еден „дислајк“, а некои веќе не вбројуваат во фаворити и победници на Детската Евровизија.

За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма.

Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.