Tag Archives: декларација

Среќен 4-ти јули ! – На денешен ден усвоена е Декларацијата за независност на САД

На денешен ден, 4 јули 1776 година, на континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави.

Декларацијата за независност на САД е државотворен документ на САД со која се прогласило дека тринаесетте американски колонии кои во тоа време биле во војна со Велика Британија повеќе не се дел од Британската Империја. Декларацијата требало да биде формално објаснение за причините поради кои Конгресот на 2 јули изгласал независност од Велика Британија, после повеќе од една година војување. Националниот празник на САД – Денот на независноста – се слави на 4 јули, денот кога е усвоена оваа Декларација.about:blank

Творци на документот главно се Томас Џеферсон, Бенџамин Френклин, Џон Адамс, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман. Оригиналниот документ кој бил проследен за печатење е загубен. Документот кој денес е изложен во Националните архиви на САД во Вашингтон е напишан на рака и потпишан од повеќето делегати помеѓу 19 јули и 2 август 1776.

Декларацијата за независност и денес се смета за светилник на американската нација за вредностите кон кои треба да тежнее:

„…сите луѓе се создадени еднакви, обдарени од Создателот со одредени неотуѓиви права меѓу кои правото на живот, слобода и потрага по среќата.“

Зејтин без декларација на македонски јазик се појави низ македонските маркети

По информацијата дека руски производи се продваат со непреведена декларација во продавниците се разбуди Државниот пазарен инспекторат. Иако од Царината потврдуваат дека стоката увезена од Русија е во согласност со правилата, на некои пакувања се забележани неправилности со непреведување на етикетите.

Ден по објавувањето на строијата на Алсат, од Пазарниот инспекторат велат дека извршиле контроли во Куманово, за преземање мерки за увезените производи кои се појавуваат со декларација само на странски јазици. Сончогледовото масло за готвење е само на руски.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ваквите неправилности се чести. Во Секторот за заштита на потрошувачите годинава се поднесени 194 претставки од граѓани.


„Во првите 5 месеци од годинава извршени се над 19.500 контроли. За неправилности, меѓу кои и за несоодветно означување на производите изречени се вкупно 1.665 мерки. Спроведени се 727 обуки на оператори со храна и сe поднесени 42 пријави за полесни прекршоци. Поднесена е и кривична пријава. 56.971 килограми храна од животинско и неживотинско потекло се отстранети како небезбедни“, наведуваат од Агенција за храна и ветеринарство.

Согласно Законот за безбедност на храната, Законот за заштита на потрошувачите, етикетирањето е задолжително за секој производ. Врз основа на проверките на надлежните органи кои рекоа дека лани достигнале речиси бројка од 50 илјади, констатирани се само 69 неправилности во однос на несоодветно и нецелосно пријавување на производите и измама на потрошувачите.

Македонците во Бугарија бараат Софија да престане со негирање и асимилација

Преку декларација издадена од здруженијата на годишнината од Кресненското востание, се бара и официјална Софија да прекине со политиката на дискриминација, асимилација и негирање на Македонците.

„Ја осудуваме политиката водена од Република Бугарија против Република Македонија, поставувањето на иритирачки услови пред нејзиното членство во ЕУ, а имено да се откаже од идентитетот на македонската нација, јазикот, историјата и да се одрече од македонското малцинство во Бугарија“, се наведува во Декларација на македонски здруженија во Бугарија.

Стојко Стојков од ОМО Илинден – Пирин вели дека на ваков чекор се решиле бидејќи според нив ситуацијата меѓу двете држави се влошува. На бугарските барања вели дека треба да се возврати со реципроцитет. Не очекува искрени намери од Бугарија, се додека Софија не спроведе вистински попис во кој би имало и графа Македонци.

-Прашан за декларацијата на македонските здруженија пак, премиерот Заев вели дека според него, не е европски и не е принципиелно за земјава да се меша во внатрешните работи на соседна земја. Уставот на земјава како што посочи тој и договорот за добрососедство е јасен во делот немешање во внатрешните работи на други земји.-Стојко Стојков – ОМО Илинден – Пирин .

Барањето Македонија да се откаже македонско малцинство во Бугарија е една од точките 5+1 кои беа наведени по самитот во Словенија, на кој на маса беше и деблокадата на македонските евроинтеграции.