Tag Archives: Детали

Први снимки по убиството во Грција, полицијата со нови детали (Видео)

Во тек се истрагите на Полигирос за расветлување на ладнокрвното убиство на 39-годишен маж од Македонија, кој беше застрелан од непознати сторители, во 3.30 часот наутро, пред туристичкото сместување каде што престојувал. Од истрелите е повреден и неговиот 45-годишен пријател, кој се наоѓа на лекување, надвор од животна опасност, во болницата Полигирос“, известува Скај.гр.

Полицијата се уште го истражува убиството на 39-годишниот македонски државјанин во Халкидики, пренесуваат грчките медиуми.

Грчките истражни органи ја испитуваат верзијата дека убиството е планирано или дека се работи за крвна одмзада.

Според она што досега е познато, насилниците се возеле на мотор, а носеле фантомки на главата. Откако се приближиле до резиденцијата во која бил присутен 39-годишниот со уште четворица негови пријатели, пукале кон него.

Полицијата од местото на настанот собрала 19 чаури.

НЕ МОЖЕВ НИ ДА ЗАМИСЛАМ ДА ЈА ГУШНАМ! – Принцот Хари откри нови потресни детали

Принцот Хари (38) во своите мемоари „Spare“ рекол дека никогаш не можел да ја прегрне својата баба, кралицата Елизабета II. Еден корисник на ТикТок, пак, споделил извадок во кој војводата од Сасекс зборува дека ја гледал својата баба како ужива на концертот по повод златниот јубилеен во 2002 година.

– Додека ја гледав како танцува и се ниша во ритамот, сакав да ја гушнам. Но, се разбира дека не го сторив тоа. Нема шанси. Никогаш не сум го направил тоа и не можев да замислам ниту една околност под која такво дело не би се санкционирало, рекол Хари, а пренесува 24сата.хр.

@sugarnspicey This is sad, where is the family love. #princeharry #princeharryandmeghan #princessdiana #theroyalfamily #thespare #theroyals #kingcharles #queenelizabeth ♬ original sound – Tricia

ДЕТАЛИ: Како се удавил малолетникот од тетовско

Малолетникот на 16 години кој беше најден починат утрово околу 7 часот бил од Ново Село, Општина Желино, информираше СВР Тетово.

Неговиот татко вчера околу 16 часот пријавил дека се оддалечил од дома.

-Денеска во 07:10 часот во водите на река Пена, на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го пронашле телото на малолетникот од Ново Село, Општина Желино. Неговиот татко Џ.Х.(46) пријавил дека на 21.12.2022 околу 16:00 часот од дома се оддалечил со патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки. Ноќеска околу 02:20 часот, возилото било пронајдено во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“, соопшти СВР Тетово.

На местото каде бил најден малолетникот смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, тело е дадено на обдукција.