Tag Archives: дипломат

На раб на нов конфликт: Русија протерува 45 полски дипломати

Руското Министерство за надворешни работи го потврди протерувањето на 45 полски дипломати како одговор, тие мора да ја напуштат Руската Федерација пред крајот на денот на 13 април.

Дополнително, силен протест беше изразен и до полскиот амбасадор поради прогласувањето на руските дипломати за персона нон грата.

Русија претходно најави дека ќе има соодветен одговор за сите држави кои ќе протераат руски дипломати.

Дополнително Захарова најави санкции за државите кои гласале за или воздржано за суспендирање на Руската Федерација од Советот за човекови права на ОН, меѓу кои е и Македонија.

Москва најави „адекватен одговор“ откако Македонија протера пет руски дипломати

Русија ќе одговори на одлуката на Северна Македонија да протера петмина руски дипломати, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во Амбасадата на Русија во Скопје.

– Ќе има адекватен одговор, нагласил изворот.

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во неговите простории бил повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

– Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена, соопшти Министерството за надворешни работи.

Минатата година МНР за персона нон гарта прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава. И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

Русија го протера и последниот македонски дипломат во Москва

Министерството за надворешни работи на Русија (МСП) денеска прогласи дипломат од Македонија за персона нон-грата, објави министерството.

Со тоа Македонија остана без ниту еден свој дипломат во членката на Советот за безбедност.

Во соопштението се наведува дека на вршителот на работи на Амбасадата на Македонија во Русија и била доставена белешка за нејзино протерување по што таа ќе мора да замине од Русија.

„Оваа репрезентативна мерка одговара на однесувањето на Македонија која во август прогласи за persona non grata членови на амбасадата на Русија го Скопје без никаква основа“, информираат од Москва.

Македонските медиуми предходно објавија дека Русија ќе одговори на протерувањето на руски дипломат Скопје во август.

Според информациите од Москва денеска амбасадорката на Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска-Димовска, била поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што и била врачена белешка со која таа како член на амбасадата на Македонија се прогласува за „персона нон грата“.

Тоа е втор дипломат од Македонија што е протеран оваа година во знак на реципроцитет за протерување на руски дипломати од Скопје.

Пред протерувањето на првиот дипломат, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, изрази верување дека тоа нема да се случи, бидејќи неговата земја тогаш имаше само двајца дипломати во амбасадата во Москва.

Македонија го протера првиот руски дипломат и во 2018 година, но потоа, во знак на солидарност со Велика Британија, НАТО и ЕУ, за случајот труење на поранешниот шпион Сергеј Шкрипаљ.

Уaпceниoт мaкeдoнcки диплoмaт вмeшaн вo epмeнcкaтa aфepa пpaти пиcмo co бapaњa – “Caкaм дa ми ce cyди вo Македонија

Македонскиот дипломат, Миле Миленкоски кој е вмешан во македонско-ерменската афера и кој беше уапсен во Србија кон крајот на август испратил писмо преку своето семејство до редакцијата на „Слободен печат“ во кое бара да биде екстрадиран во Македонија и да му се суди во нашата држава.

-Од страна на Судот ми беа доставени доказите од Ерменија. Во нив нема ништо што би укажувало на моја вина, ниту пак може да има. Копија од доказите е доставена до надлежните институции во РМ. Верувам дека РМ е правна држава и, оттаму, верувам дека надлежните ќе покренат брза постапка, со оглед на фактот дека во доказите за случајот се опфатени 7 лица, од кои 6 се државјани на РМ. Притоа, РМ би побарала од Република Србија да бидам префрлен во РМ. На овој начин правдата би била задоволена и случајот комплетно разрешен, што е моја најголема желба во моментов, пишува Миленкоски.

Според информациите, по барањето за екстрадикција на Миленкоски во Ерменија идната недела треба да одлучува Апелацискиот суд во Ниш, откако овластен адвокат од Врање го обжалил решението на Вишиот суд во Врање од 22 септември, како причина наведувајќи го „погрешното и непотполно утврдување на фактичката состојба“ во пресудата, како и поради битни повреди на кривичната постапка и погрешната примена на материјалното право.

Дополнително, во настојување Миленкоски наместо во Ерменија, како македонски државјанин и наш дипломат, да биде испорачан во Македонија, во текот на вчерашниот ден, овластен адвокат од семејството на Миленкоски до Јавниот обвинител на РМ поднел Предлог за преземање на кривично гонење по службена должност, бидејќи Ерменија го обвинува Миленкоски за „недозволено преминување на државна граница“, што е дело кое е опфатено и со Кривичниот законик на РМ. Адвокатот бара за Миленкоски, кој е странски државјанин за Ерменија, да се води кривична постапка во РМ, тој тука да биде испорачан од Србија, па доколку биде осуден, затворската казна да ја издрежува во неговата матична држава.

Од семејството информираат дека во изминатите неколку дена тие ги доставиле сите документи што ги поседуваат за случајот до „сите надлежни институции во државава“, бидејќи никој од Македонија официјално не пројавил интерес до судските инстанци во Србија да ја добијат документацијата за случајот со Миленкоски.
Тој тврди дека не е виновен и дека тоа ќе го покаже истрагата.

-Жалам што поради тоа што покрај мојот углед, со овој настан беше нарушен и угледот на МНР и на Владата на РМ. За ништо на светот не би наштетил на мојата чест и углед, на семејството, на Министерството кое ми даде се во животот, ниту на Владата на РМ. Бидете уверени дека ни во овој случај нема никаква вина кај мене, ниту прекршок, ни кривично дело, што е случај во целиот мој живот и кариера. Секако, тоа ќе го покаже и истрагата, се вели во писмото на Миленкоски.

Тој беше уапсен во Врање, а македонската јавност тогаш дозна дека тој во 2019 година бил вмешан во извлекување на македонски државјанин од Ерменија кој бил обвинет за кривично дело таму и на кого требало да му се суди. Во меѓувреме тој бил именуван за заменик шеф мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Кој е контроверзниот македонски дипломат уапсен во Србија?

Министерството за надворешни работи на Република Македонија попладнево ја потврди информацијата објавена пред некој ден дека еден вработен во Министерството, кој во моментов е упатен во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Република Србија на 27 август годинава.

За апсењето МНР е официјално известено од Министерството за надворешни работи на Република Србија преку Амбасадата на Македонија во Белград.

Според известувањето, „надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство“, потврди МНР и од таму додаваат дека, согласно законските надлежности Министерството го стави во мирување работниот однос со притворениот вработен, сѐ додека случајот не биде разрешен.

Според пишувањето на весникот Коха, станува збор за збор за заменик-шефот на македонската мисија на ОБСЕ во Виена, дипломатот Миле Миленкоски (53).

Според сознанијата на Коха, од неофицијални извори, Миленкоски бил баран со меѓународна потерница издадена од австриската полиција, „за стар прекршок што датира од 2018 година, а кој по секоја веројатност вклучува високи безбедносни структури на Македонија“.

– Миле Миленкоски е осомничен дека пред три години организирал патување во Ереван, Ерменија, заедно со уште двајца македонски дипломати (нивниот идентитет познат за редакцијата), за евакуација на висока ерменска личност, осомничен во неговата земја за злоупотреба на милиони евра. Мотивите на оваа акција не се познати, но сомнежите се дека истата е направена со знаење на високите безбедносни структури во Македонија. Имено, уапсениот Миле Миленкоски, заедно со уште двајца дипломати (С.С.) и (В.С.), за оваа спасувачка мисија на контроверзниот Ерменец, позајмиле приватен авион со кој патувале за Ерменија. Претходно, како покритие тие во забрзана постапка регистрираа невладино здружение за лица со посебни потреби, за учество на една конференција на оваа тема, објави Коха.

Весникот пишува дека „оваа нивна мисија во 2018 година била успешна и контроверзниот Ерменец, кој меѓу другото, се сомнева дека бил вмешан во перење пари и присвојување на многу државни имоти во неговата земја, со приватниот авион е доведен на сигурно место“.

Според нивните извори, иако оваа шпионска спасувачка операција е откриена тогаш, со брза дипломатска реакција и на безбедносните структури на земјите вклучени во овој случај, овој случај е замолчен, се до скоро кога повторно го активирале австриските власти.

„Врз основа на нивната потерница, минатата недела – Миле Миленкоски бил уапсен во Врање, Србија, придружуван од неговиот колега (В.С.), кој сега е пензиониран дипломат, но кој бил дел од операцијата во Ерменија во 2018 година“. Иако весникот пишува дека и двајцата се притворени од страна на српските власти, според соопштението на МНР, во притвор е само Миленкоски.

Инаку Миле Миленкоски е познат по своите контроверзни потези уште од почетокот на својата работа во македонската дипломатија. Имено, бил осомничен како вмешан во финансиска измама во македонскиот конзулат во Детроит, од каде потоа бил префрлен во Чикаго во август 2011 година, каде според неговата биографија поминал 10 години и 2 месеци. Таму, тој физички се пресметал со генералниот конзул, и потоа е испратен во Вашингтон, по бидејќи постојано предизвикувал инциденти, на барање на поранешниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Јолевски е вратен во Скопје.

Во 2017 година, Миленкоски се приклучил на Македонската мисија на ОБСЕ во Виена, како заменик на тогашниот амбасадор, Кире Илиовски, но темпераментниот дипломат и со него физички се пресметувал, пишува Коха.

Скандалот со ерменскиот политичар за кој деновиве е уапсен во Србија, го извршил додека бил во Мисијата на ОБСЕ во Виена и непознато е како и покрај сите скандали и инциденти кои ги правел како македонски дипломат во САД и Европа, пред неколку месеци повторно е реизбран на конкурсот на МНР за заменик шеф на Мисијата на Македонија во ОБСЕ во Виена.

Неговото назначување наводно било направено без одобрение од раководителот на Дирекцијата за правни и конзуларни услуги при МНР и дека извесни високи безбедносни структури во земјава му дале поддршка повторно да се врати во дипломатијата и покрај тоа што биле запознаени со неговото скандалозно однесување и склоност кон злоупотреби на дипломатската функција.

Чаушевска-Димовска персона нон грата – Русија ја протера!

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва како противмерка за персона нон грата, објави руското Министерство за надворешни работи – пренесе Спутник.

„Чаушевска-Димовска, беше поканета во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што и беше врачена белешка со која се прогласува за персона нон грата во Москва“, се вели во соопштението на Министерството.


Оваа мерка е одговор на немотивираната одлука на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје, се објаснува во соопштението.

На крајот на мај, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија протера руски дипломат. По ваквиот потег на Македонија, руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки – пишува СПУТНИК.