Tag Archives: директори

Македонската пејачка со порака до Фуркан: Покажи ја истата храброст за многуте Албанци кои земаат плата, а на работа не се појавени

Не стивнуваат реакциите во јавноста по вчерашната сторија во која новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу објави дека директорката на детската клиника Аспазија Софијанова земала пари за дежурства, а притоа не се појавувала на работно место.

Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата, но кавгата со директорката се случила откако и било посочено дека земала плата, а не одела на дежурства.

Со свој коментар во јавноста се јави и познатата македонска пејачка Анета Наковска, која вели дека „добро е што почна од некаде“, но новианрот Салиу треба да ја покаже „истата храброст и праведност за многуте албански граѓани кои се врботени и си земаат плата, а на работа никогаш не се појавени“.

 Оопааа!!! Убаво ќе биде ако овој новинар Фуркан Салиу има доблест да ја покаже истата храброст и праведност и за многуте Албански граѓани кои се вработени и си зимаат плата, а на работа никогаш појавени… Лека полека секој ќе си плати за се, добро е што почна од некаде… Само е прашање на време кога ќе се отвори Пандорината кутија… Ќе биде страшно бидејќи премногу ужаси ќе излезат на виделина… ова е мачји кашаљ во однос на тие работи…, напиша Наковска.

Уште тројца директори и дадоа оставки на Арсовска

Неотповиклива оставка поднесе в.д. директорот на ЈП Улици и Патишта, Борис Настов. Како причина за неговата оставка ја наведува неадекватната комуникација со градоначалничката Арсовска.

– Најнапред сакам да се заблагодарам за довербата и поддршката што ми беше дадена за да раководам со ЈП Улици и патишта.

Пред 9 месеци, кога станав в.д. Директор на ЈП Улици и патишта, затекнав претпријатие во многу лоша состојба, како финансиски, така и во однос на реализацијата на проектите. Во изминатиот период работев напорно заедно со моите соработници, наспроти сите предизвици и проблеми, за да се подобри работењето на претпријатието, а во функција на исполнување на очекувањата на граѓаните. Мојата мотивација во работата беше реализација на проектите кои им ги ветивме на граѓаните на Град Скопје.

Иако преку спроведните проекти и воспоставените добри практики во работењето на претпријатието многу работи се подобрија, реализацијата на проектите не се одвиваше според моите и очекувањата на граѓаните.

Затоа, ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализаиција на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал. Неможноста и покрај сите мои искрени намери и напори да воспоставиме меѓусебно разбирање, соработка и почитување како неопходни фактори за успешна имплеметација на зацртаните проекти и активности на претпријатието, придонесоа кон донесување на оваа моја одлука.

Искрено им се заблагодарувам на сите вработени и соработници во претпријатието кои работеа деноноќно на сите проекти и покрај отежнатите услови на функционирање, секогаш исполнувајќи ги задачите на највисоко професионално ниво. – пишува Настов.

Задоволен од тоа што го постигнавме со сопствени сили и ресурсите кои ги имавме на располагање, вели директорот на ЈСП Турс.

За период од 6 месеци, успеавме неколкукратно да ги зголемиме приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедиме линеарно зголемување на платите за сите вработени. 

Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам. – пишува директорот на ЈСП Турс, Филип Василевски.

Директорот на ЈП Лајка Воислав Димитровска кој исто си даде оставка, вели дека годинава има останати обезбедени средства од Град Скопје само 1 900 000 денари која е доволно да се исплатат само плата и комунални трошоци на претпријатието за само 1 месец, без финансии за храна лекови и потрошен материјал.

Во изминатиот период ЈП Лајка поради тоа што нема финансиски средства за основно функционирање, правеше акции за донации со цел да не се прекине воспоставеното темпо на работа за реализација на програмата и спроведување на хуман третман кај животните. Изминатиот месец ЈП Лајка функционира главно од донации.

Во ваква тешка финансиска состојба без реална поддршка од страна на Град Скопје, како ВД директор на ЈП Лајка заедно со тимот од ЈП Лајка и со несебична поддршка од страна на здруженијата и активистите успеавме да го зголемиме капацитетот на третирани кучиња со хуман третман за околу 40%, вдомувањата на кучиња се зголеми за 300%, според податок од МВР на ниво на Град Скопје има намалување на инциденти предизвикани од куче за 20%. Подобрувањето на функционирањето на претпријатието се гледа и во бројот на вдомени кучиња во месец август 2022 година кој изнесува 40 вдомени кучиња во споредба со месец август 2021 година од 0 вдомени кучиња.

Во изминатиот период активно работевме за зголемување на јавната свест за благосостојба кај животните и одговорно сопствеништво, реализиравме над 20 кампањи на оваа тема. Подготвена е програма за едукација на младата популација на овие теми, и во фаза е броење на кучиња во рамки на Градот Скопје со цел да се има правилен пристап при подготовка на програмата и акцискиот план за 2023 година. Сето ова без одвоен денар од буџетот на ЈП Лајка или Град Скопје.

Се надевам дека следниот директор на ЈП Лајка ќе ја ужива довербата на здруженијата на граѓани и активностите, ветеринарната фела и граѓаните како што ја уживав јас, но и од страна на Град Скопје за да се одржи и зголеми темпото на работење. Се надевам дека следниот директор ќе ја подобри работата на претпријатието и нема да го користи јавното претпријатие за сопствени цели, што било слушај во минатото.

Директорите на Тетовската клиника, Бесими и Етеми си ПОДНЕСОА ОСТАВКИ, дали Филипче поднел оставка ?

Директорот на тетовската клиника Флорин Бесими поднесе оставка , по завчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово. Оставката ја објави на социјалните мрежи. 

Почитувани граѓани, почитувани Тетовчани

Дозволете ми во мое име и во име на сите вработени од Клиничката болница на Тетово да изразам уште еднаш сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан што се случи во модуларната болница за Ковид-19 во Тетово.

Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи.

Почитувани, со голема тага за секоја жртва и за секој член на нивното семејство, Ве информирам дека, поради оваа морална одговорност која ја чуствувам, давам оставка од раководното место директор на Клиничката болница Тетово.

После овој трагичен и несреќен настан, оваа одлука е неминовна.

Во исто време, се надевам дека ќе заврши што побрзо целосната истрага и ќе се утврдаат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за пациентите со Ковид -19.

Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле.

Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија.

Функцијата не е пред достоинството и човечноста.

На повредените им посакувам побрзо да закрепнат!

Јас, со целосна доверба целиот мој живот сум го посветил за здравјето на граѓаните и на нашето општество. Изразувам почит и сочувство кон моите тетовчани, и останувам во нивна постојана услуга.

Господ да го благослови моето Тетово и моите тетовчани!

Со длабоко сочуство и искреност – Фљорин Бесими.

Оставка си поднесе и Артан Етеми, економски директор на тетовската болница

Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин.

Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца.

Ја споделувам болката со роднините на жртвите – Artan Etemi

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во 19 часот денеска ќе одржи пресконференција.