Tag Archives: Дискриминација

Леле ќе плачат Бугарите – Совет на Европа: НЕМА системска ДИСКРИМИНАЦИЈА врз Бугарите во Македонија

Неосновани се  тврдењата на Бугарија дека во Македонија постоела системска дискриминација на бугарското малцинство, одлучи Комитетот на министери при Советот на Европа.

Според информациите на МНР одбиени се сите бугарски амандмани и усвоена е Резулуцоијата за национални малцинства во Македонија.

Од таму соопштија дека оваа одлука произлегла од тимот на независни експерти кои биле во посета на земјава во ноевмри 2021-ва година.

„ Во процесот на усвојувањето на Резолуцијата, беа поднесените бројни амандмани од друга заинтересирана делегација кои не наидоа на поддршка од мнозинството земји членки на Совет на Европа. Помеѓу останатото, аргументацијата на високото мнозинството претставници е дека ваквите процеси не треба да бидат прекумерно политизирани и билатерализирани, туку истите треба да се засноваат на духот и принципите на меѓународното право и стандарди, како и објективните наоди на независните експерти кои рефлектираат на реалната состојба. “ – соопштија од МНР.

Од таму информираат дека мониторинг процесот трае одереден период и циклично низ него на 5 години поминува секоја држава – договорна страна на Конвенцијата, а кулминира со усвојување на Резолуција од страна на Комитетот на министри.

Мислењето е објавено на интернет страната на Совет на Европа во септември минатата година, наскоро се очекува јавно достапна да биде и усвоената Резолуција.

Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства Македонија ја има ратификувано на 10 април 1997 година

Георгиев бил дискриминиран КАКО МАКЕДОНСКИ БУГАРИН, затоа што никој од семејството НЕ МОЖЕЛ ДА СЕ ВРАБОТИ (Видео)

Се чувствувам дискриминиран, иако ние тука сме прво како Македонци. Ова е наша татковина и јас се срамам од некои настани како прославата на годишнината од смртта на Мара Бунева. Јас веднаш кажав дека тоа не доликува за навредите на Џамбаски и Костадинов. Самиот Костадинов е на платниот список на Москва. Тоа е едно руско сценарио за да има проблеми меѓу Бугарија и Македонија за оддалечување на Македонија од ЕУ, вели македонскиот Бугарин и претседател и основач на организацијата „Мост“ за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија, Митко Георгиев.

Тој вели дека е дискриминација тоа што никој од неговото семејство не може да се вработи во Македонија.

-Ме напаѓаат со навреди „пи*ка ти мајчина, бугарска, ќе те иселиме од Бугарија и ќе те убиеме“ – така стои во судската пресуда. Тоа го имаше на видео. Казната е 150 евра. Значи јас можам да отидам во град и да го претепам некој за 150 евра. Јас имав и угостителски објект, кој што беше запален. Исто така имав радио и ми го затворија поради тоа што се чувствувам како Бугарин, рече Георгиев во емисијата „Само вистина“.

Албанец се пријавил за„Тигрите“, ама го одбиле зашто НЕ ЗНАЕЛ ДА ПЛИВА – Спасовски тврди дека нема етничка дискриминација

„Во специјалната антитерористичка единица „Тигар“ не е важна етничката припадност, туку кандидатите мора да ги исполнуваат условите што ги предвидува оваа елитна единица“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето на „Алсат“, запрашан за застапеноста на Албанците во оваа единица.

Тој посочи и пример за еден кандидат-Албанец, кој ги поминал сите тестови за да стане дел од единицата „Тигар“, но на крајот не успеал, бидејќи не знаел да плива.

„Од сите кандидати што се појавија, само еден беше Албанец. Тој ги започна проверките и стигна до прелиминарните проверки, но бидејќи не знаеше да плива, не можеше да продолжи. Тука нема импровизации и никако не можете да направите отстапка во овој дел“, рече Спасовски.

Тој најави дека најдоцна до март следната година униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.

„Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година“, објасни Спасовски.

Бугарин се заканувал дека ќе ја убие Бендевска: Заканите се поттикнување на насилство од омраза и обид за вршење влијание врз Комисијата

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека „најостро реагира“ за говорот на омраза кој содржи закани за физичка ликвидација на нејзиниот член Весна Бендевска, извршено на двата профила на лицето Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија од Софија, на социјалната мрежа Фејсбук, со став дека тоа не само што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, кој е избран државен функционер, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост.

Како што соопштуваат од КСЗД, во неговите објави поставена е фотографија од Бендевска со навредувачка, но и поттикнувачка содржина за нејзина ликвидација. Во коментарите предизвикани од објавата се издвојуваат и повеќе заканувачки содржини.

– За ова, КСЗД го извести МНР, односно Тематската подгрупа за говор на омраза која е во рамки на Меѓуресорската работна група за политичка координација за спроведување на мерките од протоколот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, формирана со одлука на Владата и очекува соодветна институционална реакција, наведуваат од КСЗД.

Ваквите објави, за кои Комисијата смета дека не само што спаѓаат во говор на омраза што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост, посочуваат од таму, следеа по прес – конференцијата, во која беа објавени Мислењето и препораките по однос на претставката поднесена од „Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 година и граѓаните продолжувачи – Општински одбор – Битола“, против Здружението „Културен центар Иван Михајлов – Битола“, одржана во петокот, наведуваат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

– Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов“ – Битола. КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот. Здружението Културен центар „Иван Михајлов“, воедно, е должно во одреден рок да ги отстрани сите спорни елементи во статутот и програмата, што предизвикуваат вознемирување, утврди во петокот Комисијата и препорача до Министерството за правда во даден рок да изврши надзор над законитоста на примената одредба на Законот за здруженија и фондации