Tag Archives: Днк

Нова песна на Панчо од ДНК „Мами“ во етер (Видео)

Панчо од ДНК вчера ја изненади публиката со неговата најнова песна со наслов „Мами“, кој за првпат откако постои нивното дуо реши да ја изведе без неговата добро позната половина – Андреј.

Но, за да биде сè на „чисто“, Панчо оваа песна ја сними со одобрение и благослов на Андреј, кој од оправдани причини во моментов на снимањето не беше во Македонија.

Станува збор за нешто поразлично, нешто што е многу популарно во светот и се нарекува афро звук.

Панчо ДНК е решен да израдува една тинејџерка: Подарува фризура и шминка за матурантка – ќерка на самохрана мајка

Панчо од дуото ДНК е човек кој кога може и колку може секогаш се труди да помогне, па така и овој пат во пресрет на матурите на своите социјални мрежи откри дека ќе подари фризура и шминка на девојка која годинава ќе е матурантка, а која не може да си го дозволи тоа. Односно како што напиша тој во објавата предност имале девојките кои се одгледани од самохрани мајки.

Инаку, пејачот го откри и фризерот кој ќе ја подготвува девојката и за него не штедеше зборови: „Инаку шминката и фризурата за матурската вечер ќе биде направена од според мене најдобриот македонски шминкер и фризер Даниел Николовски кој без двоумење ја прифати мојата идеа и притоа додаде дека девојчето кое ќе отиде кај него ќе направи да блеска на нејзината матурска, а јас воопшто не се ни сомневам во неговите вешти и магични раце“.

Целиот негов пост ви го пренесуваме во целост:

„Драги мои.

Полека набилжуваат матурските прослави кои се еден од омилените и позначајни денови на тинејџерите. Со оглед на ситуацијата и општеството во кое живееме знаеме дека не секој може да си дозволи шминка и фризура за својата матурантка па оттука Панчо реши да подари и комплетно да ја подмири потребната сума за шминката и фризурата на некоја самохрана мајка која не може да го обезбеди тоа за својата ќерка.
Нема потреба да се срамите и слободно пишете во инбокс, а дискрецијата ви е загарантирана. Инаку шминката и фризурата за матурската вечер ќе биде направена од според мене најдобриот македонски шминкер и фризер Даниел Николовски кои без двоумење ја прифати мојата идеа и притоа додаде дека девојчето кое ќе отиде кај него ќе направи да блеска на нејзината матурска, а јас воопшто не се ни сомневам во неговите вешти и магични раце. 

Би ве замолиле само да го споделите постот или препратите до оној кому знаете дека навистина му е потребно. 

Приоритет имаат самохраните мајки.
Ви благодарам однапред.
Ваш Панчо“.

Целиот концерт на ДНК објавен на Јутјуб: Вака се славеа 20 години постоење! (ВИДЕО)

ДНК вчеравечер на социјалната платформа Јутјуб објавија видео од целиот концерт кој го одржаа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 3-ти декември минатата година, по повод 20 години од нивното постоење на македонската музичка сцена.

Концертот го започнаа со нивната последна издадена песна со наслов „Романи“, а потоа се нижеа и останатите хитови кои тие ги создадоа изминативе години….

„Драги луѓе, во мое име и во името на Андреј и целиот бенд ви се заблагодаруваме. Ова е најдоброиот подарок кој можеше да го добиеме за еден роденден. Бескрајно сме ви благодарни. 20 години постоиме само поради вас и ова никогаш нема да ви го заборавиме“ – беа првите зборови со кои Панчо се обрати на десетилјадната публика.
На овој голем и јубилеен концерт работеше доста голема екипа, а факт дека ќе остане запаметен како еден од најпосетените концерети на македонски изведуачи во последниве дваесетина години….

АНКЕТА која ја насмеа цела МАКЕДОНИЈА: Кој е поубав Андреј или Панчо од ДНК

По повод 20-годишниот јубилеј на ДНК и претстојниот концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“ многу нивни колеги, пријатели, соработници, подготвија и спакуваа интересно видео во кое кажаа што прво им паѓа на памет кога ќе им го споменат името на дуото ДНК, која им е омилена песна и, секако, кој е поубав Панчо или Андреј.

Што кажаа Каролина, Наум Петрески, Перо Антиќ, Елена Ристеска, Таско, Јанг Дади, Ферус, Бени Нон стоп, Борис од Дупер, Сузана Гавазова, Теа, Сергеј Ќетковиќ, Сара Јо, Антониа Гиговска, Лозано, Иван од Либеро бенд, Сара Мејс, Зоки Фаци, Миле Кузмановски … слушнете и видете во видеото во продолжение.

А Панчо и Андреј се пресреќни и воодушевени од гестот.

„Навистина прекрасно изненадување. Видеото во исто време не насмеа и не разнежни. Од срце им благодариме на сите кои сте одвоиле време да бидете дел од честитката. Се гледаме на 3 декември во „Борис Трајковски““, велат Панчо и Aндреј.

Панчо и Андреј пеат „Романи“! Ова е новата песна на ДНК (Видео)

Не, не ништо не, овие години не промениле, срце полно рани, рани, рани, рани, во душа празни страни, непишани романи… вака гласи рефренот од новата тема на ДНК, со наслов „Романи“, а со која момците го заокружуваат последниот студиски материјал „Дваесет“.

„’Романи’ е една убава љубовна тема. Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет“, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј“, велат Панчо и Андреј.

Круна на славењето ќе биде големиот концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“, кога двоецот заедно со сите свои фанови од сите генерации ќе го одбележи убавиот јубилеј.

Темата „Романи“ е дванаесетто парче на албумот, што во продажба ќе го има на самиот концерт, а освен што дел од собраните средства ќе бидат насочени во хуманитарни цели, сите оние кои сакаат да имаат потпис и фотографија со Панчо и Андреј тоа ќе можат да го направат по завршувањето на концертот. Панчо и Андреј ќе останат во салата сѐ додека фановите тоа го бараат од нив. На материјалот уште се ставени и темите „Кога би знаела сѐ“, „Ромео и Јулија“, „Ние“, „Македонија на Европско“…

Инаку, видеото за „Романи“ е снимено во Турција и е со потписот на Даниел Јовески, а со поддршка на Fibula Travel и Kirman Calyptus. Во кадрите, кои ја следат приказната од текстот, освен Панчо и Андреј се појавува и моделот Ана Парлапанова.

Панчо откри: Еден од нас наскоро заминува од Македонија (Видео)

На 3 декември во арената „Борис Трајковски“ дуото ДНК ќе прослави 20 години успешна работа на македонската музичка сцена. Во новата „Еден на еден“, која ќе се емитува во недела, Владимир Блажев – Панчо открива дека ова најверојатно ќе биде нивниот последен концерт.

Не сакавме да го откриваме ова сега, но големи се шансите еден од нас да се отсели од Македонија, вели тој.

Во најавното видео за емисијата не се открива дали станува збор за негова или преселба на Андреј.

Слаткар ги „изнаруга“ со потсмев ДНК ? (ВИДЕО)

Пред големиот концерт закажан за 3-ти декември 2022 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје,  членовите на ар-ен-би дуото ДНК  како дел од својата рекламна кампања за големиот настан проследен со јубилеј – 20 години постоење, споделија снимено видео во кое голем дел познати лица од македонската естрада кажаа што мислат за нив, преку одговорот на  прашањето: „Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомне ДНК?“

Познати спортисти, ТВ водители, музичари, пејачки и пејачи од Македонија и регионот преку своите одговори им испратија своевидна честитка за јубилејот и поддршка за работата и претстоечкиот концерт, а сето тоа спакувано во специјална видео-порака.

Видеото полно со  честитки за јубилејот  и дузина желби за многу среќа и успеси, од сите и тоа секој на свој начин. Сите освен еден…

Имено, меѓу сите ѕвезди во видеопораката и тој, Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика.  Ионака познат по својот „мрсен“ вокабулар полн со „сочни пцости“ Слаткар и овој пат сакал да остане свој дури и во честитката, арно ама… По се’ изгледа се надминал себе си во „дозата сарказам во хуморот“, кој  речиси никој, освен тој самиот не го сфатил онака како што го замислил!

Имено, на некогашниот рапер од Ново Лисиче, музички „лут ривал“ на ДНК, по се изгледа овој пат ривалитетот му надвладеал над желбата за добри намери. Или барем тоа така изгледа и звучи во неговата „игнорантска“ видео – честитка до ДНК!?  Па, наместо од срце кажани убави зборови или барем протоколарни комплименти, излезе дека Слаткар им се „изнаруга“ со потсмев на Панчо  Андреј.

„Као Македонец традиционалиста, за мојата ‘као конкуренција’, мислам се’ најлошо. Значи, не можам да ги смислам. Прво што ми текнуе е на оние ДНК анализи од оние крими-џими филмои. Иначееее… на друго ништо не ми текнува“ – порачал М.М. во видеото.

Дали Слаткар само сакаше да се „пошегува“ со Панчо и Андреј, па тоа испадна како што испадна, а јавноста „погрешно“ го протолкува или сепак во секоја шега има и половина вистина, проценете самите? Каква и да ви е Вам проценката, а на Слаткар намерата, сепак некако останува впечатокот дека… Таму каде што има чад има и оган!?

„Милион денови“ за нови чувства од Панчо и Андреј (Видео)

„Милион денови“ е насловот на новата песна на ДНК. Станува збор за одлична балада која и овој пат е со потписите на едната половина од двоецот – Панчо и Лазар Цветкоски, односно музиката е на Панчо и Лазар, текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазар.

Видеото е работено под режисерската палка на Владимир Митревски – Ѓуле, фотографијата е на Кристијан Војдановски, а за продукцијата се погрижи Фокус филм.

Кадрите за видеото се снимени на повеќе локации во околината на Скопје, како и во хотелот Austrian Palace, а интересно е дека во нив освен Панчо и Андреј се појавува и атрактивната сопственичка на студиото Фигурела Наташа Петровска.

Зошто сите свиркаат и ги тагнуваат ДНК?!

Дали по социјалните мрежи ги видовте видеата со познатите кои свиркаат иста мелодија и притоа ги означуваат Панчо и Андреј од ДНК?

Нешто се крчка или короната направи некоја „хаварија“ меѓу нив?!

Ако се уште не сте виделе ниту едно видео, еве компилација од сите.