Tag Archives: долг

Ќе го платиме долгот, ако ни ги отпишат каматите: Екипите на ЕВН не можат да влезат во Слупчане

Екипите на ЕВН сè уште не можат да влезат во селото Слупчане за да ја реконструираат дистрибутивната мрежа бидејќи жителите го блокирале влезот во селото и им се заканиле на работниците.

ЕВН информира дека било известено Министерството за внатрешни работи (МВР) за случајот, но и покрај тоа жителите на селото не попуштаат и не дозволуваат на екипите да работат на мрежата.

-Подготвени сме да го платиме долгот кон ЕВН, но не сакаме да плаќаме камата на каматата. Ветувањата кон селаните досега не беа исполнети, а тоа е уште една причина за револт, вели претседателот на месната заедница Селадин Шаини за „ТВ Њуз“.

Според пресметките на ЕВН, во ова село се краде 80 отсто од годишно потрошената електрична енергија, односно се наплаќа само 20 отсто од потрошените количини.

Ужасни детали за монструмот – За долг од 10.000 евра роднината го убил цело семејство

Горан Џониќ од Моравац се товари со обвинението на Вишото јавно обвинителство во Ниш за убиство на неговиот братучед Горан (57), неговата сопруга Гордана (56) и неговата ќерка Лидија (26) од Алексинац од личен интерес.  Ги убил со намера да прибави пари за да врати долг од 10.000 евра што го позајмил за да купи и реновира куќа за еден од неговите синови.

Според обвинението до кое имал увид „Блиц“, тој се товари дека детално го испланирал делото кое го извршил во атар на с. Моравац кај Алексинац, во разумна состојба, знаејќи дека Ѓокиќ има менувачница и верувајќи дека дел од парите што ги користи за менувачница ги носи со себе или ги чува во своето патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“.

Затоа ги следел неговите движења и кога видел дека Ѓокиќ со сопругата и ќерката дошол кај мајка му со споменатиот автомобил и знаејќи дека ќе се вратат во станот во Алексинац каде што живееле, истата вечер одлучил, според обвинението, да ги спречи на враќање, а потоа да им ги одземе животите и да им ги одземе парите.

Според обвинението, тој со таа намера околу полноќ отишол на делот од коловозот од железничкиот премин до раскрсницата каде улицата се вкрстува со автопат бр. 217 Алексинац – с.Тешица, а кога го видел Ѓокиќ и поради семејни врски и однос на доверба, го запрел автомобилот, а пријавениот влегол во автомобилот, седнал на задното седиште зад возачот и извадил пиштол што неовластено ги стекнал, држел и носел.

Веднаш го вперил оружјето во правец кон него и го навел Ѓокиќ да вози од автопатот Алексинац – Тешица до земјениот пат до основното училиште во Моравац, кој води до реката Јужна Морава.

Како што е наведено во обвинението, тој ги убил сите три жртви пукајќи од тоа оружје, прво во возилото со еден истрел кон Горан Ѓокиќ, а потоа надвор од возилото со по два истрела на неговата сопруга Гордана и ќерката Лидија, кои починале на лице место од нивните повреди.

Горан го застрелал со еден куршум во глава, а Гордан и Лидија во градите и главата.

-Потоа им полил гориво на телата до јамата во рамките на платото, ги запалил и ги турнал во јамата, а потоа со возило марка „пасат“ се упатил кон село Тешица и ја преминал Јужна Морава кон место викано Владине Баре, каде од возилото пронашол и одзел странски пари во вкупен износ од 160 американски долари во апоени по еден долар, 1.380.000,00 динари во разни апоени, 27.130 евра во разни апоени, 3.940 швајцарски франци во разни апоени и 1.690 американски долари во разни апоени, па го запалиле возилото, се вели во обвинението.

Железници Транспорт доби струја, долгот ќе го платeла државата

Железници Транспорт АД Скопје напладне повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес.

Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот собраќај, иако постоеше  таква опасност со огле д дека струја им е потребна за пумпите за нафта.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претходно во изјава за медиумите најави дека Железници ќе има струја и повтори дека долгот кон ЕВН за неплатените сметки на одредени државни институции ќе биде подмирен веднаш штом во Собранието ќе  помине најавената пренамената на средствата од Буџетот.

Според него,  не треба никаква друга гаранција дека тоа ќе се исполни, бидејќи веќе го најавија и премиерот Димитар Ковачевски и други членови на Владата.

– Сметам дека веќе во овој  момент во „Железници Транспорт“ има струја. Владата не е ниту договорна, ниту облигациска страна кон ЕВН и ако ЕВН не сфаќа дека Владата не е тука страна која дава гаранции, тогаш ЕВН има навистина проблем со толкување на нивното функционирање во нашата држава. Премиерот, вицепремиерот и министерот за финансии кажаа дека ќе се платат долгови кон ЕВН и тоа е сосема доволно за било кој економски оператор да сфати дека тоа е Влада и држава и оти не треба никакви други гаранции, рече вицепремиерот Битиќи во одговор на новинарско прашање зошто досега Владата не испратила гаранција до ЕВН дека ќе го подмири долгот, откако изутрина беше исклучена струјата во „Железници Транспорт“.

ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други.

За долг од 2.000 евра: Обид за убиство во Македонија

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое односите му биле влошени поради должничко-доверителски обврски. Имено, оштетениот му должел 2.000 евра на осомничениот и се договориле да се сретнат за да му ги даде. Но, помеѓу нив, најпрвин настанала расправија околу враќањето на парите, а потоа осомничениот го турнал оштетениот и од засега непознато оружје испукал кон него два куршуми. Од истрелите, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во градниот кош, абдоменот и колкот.

Веднаш потоа осомничениот избегал, а оштетениот успеал да се јави кај неговата сопруга која повикала итна медицинска помош.

Оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетените, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор.​​

За ДОЛГ од 6.500 евра барал 50.000 ЕВРА

На 01.12.2021 во 16.50 часот на ул.„7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода О.Р.(53) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека во угостителски објект му се заканувал на 45-годишен маж од Кавадарци за долг од 6.500 евра што го имал 45-годишниот маж кон него и за кој му барал да му исплати 50.000 евра.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Општина Тетово блокирана од извршители, вкупниот долг изнесува 24 милиони евра

24 милиони евра изнесува вкупниот долг на општина Тетово. Како што вели градоначалникот Биљал Касами, долгот ги надминал неговите очекувања.

„Ова е вкупниот долг. 17.3 милиони се кон приватниот, а 6.7 кон јавниот сектор. Долгот на општината, односно на администрацијата е 14 милиони евра, долгот на Јавното комунално претпријатие е 9.7 милиони евра, долгот на Претпријатието за градски паркинг е 187 илјади евра, а долгот на училиштата 77 илјади евра.“, вели Касами.

Општината е блокирана од над 430 извршители и во моментов може да исплаќа само платите на вработените.

„Во моментов општина Тетово е блокирана. Има над 430 решенија на извршители кои ги доставиле до трезорот и во моментов не располагаме со сметката на општината.“, рече Касами.

Градоначалникот најави дека подготвуваат план за решавање на проблемот со долгот. Најпрвин ќе ја деблокираат општинската сметка со цел од јануари да почне да се реализира планот за исполнување на сите барање кои ги ветиле. Долгот на општина Тетово ќе биде видлив за граѓаните преку монитор на плоштадот „Илирија“, а детално ќе биде објавен и на веб-страницата на општината.