Tag Archives: долнаоблека

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Фирма која досега произведувала долна облека доби 8,3 милиони евра за да врши надзор

Фирмата „Електра солушн“ која до сега не работала надзор, туку главна дејност ѝ била производство на долна облека, доби најголем дел од 22,3-милионскиот тендер за надзор на автопатите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, објави „360 степени“.

„Електра солушн“ добила 8,3 милиони евра, додека „Евро консалтинг“, на Бранислав Димитријевиќ, за кого има обвинение во Ерменија, 7,1 милиони евра од тендерот.

Од останатите пари, 4,1 милиони евра одат кај „ИРД Инженеринг“ од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на „ИРД“ во Скопје ќе чинат околу 2,4 милиони евра. За последниот партнер во конзорциумот, шпанско-кинеска „Ептиса“, се предвидени 400.000 евра.

Електра солушн“, до објавувањето на тендерот немала лиценца за надзор. Барање до Министерството за транспорт и врски фирмата го доставила 12 дена по објавување на тендерот, а лиценцата е издадена за помалку од 5 дена.

Што носи Стефановска под облеката (фото)

ТВ водителката Елена Стефановска е позната како дама која води сметка на се’, од избор на облека, па се до нега на својата кожа, лице, коса, нокти, но и нега на внатрешниот дух со хедонизам кон нештата кои и прават мерак.

Елена е позната по својот беспрекорен избор на гардероба, а тоа редовно го кажува на својот Инстаграм профил каде не ретко има предлог стајлинг за своите следбенички.

Имено, таа откри дека неделните утра и започнуваат жешко, а за температурата да се качи што повисоко виновна е нејзината црна тантела на градникот и гаќичките.

Сара Мејс тазе породена се сликаше разголена, па го возбуди Инстаграм, ама најмногу нејзиниот сопруг! (ФОТО)

Македонската харфистка и пејачка Сара Мејс како што е веќе познато неодамна се породи и стана мајка по втор пат. Обично некое време по породувањето жените не сакаат многу да го покажуваат своето тело ниту на најблиските, а камо ли јавно. Речиси сите, но не и таа… Сара!

Неодамна таа храбро и самоуверно се соблече да позира во долна облека по повод снимање реклама за еден познат бренд за долна облека.

Сега Сара реши да искористи неколку од фотографиите за реприза со поента… И тоа животна!

Имено, пејачката во бордо долна облека само по градник и гаќички и свилен пењоар реши да го збогати својот фото-репертоар, па да сподели малку  возбуда во јавноста, при тоа  споделувајќи ја и својата животна визија за постпородилната голотија.

„Не е важно да сме совршени, не е важно да сме под исти калап сите најслаби, највитки, најманекенки. Важно е да си го сакаме телото, кожата, себеси и животот.
Животот е прекрасен кога се чувствуваш убаво и удобно во своја кожа и кога го живееш на максимум (насмеана)
Ме прашуваа како ќе сликаш, само што се породи?! …Дечки, важно е ТИ како се чувствуваш. И каква енергија ТИ произведуваш. Останатото се прилагодува на првите две“ – споделила Сара покрај  „скокотливата“ минии фотосесија која предизвика чудесија кај нејзините обожаватели и Инстаграм следбеници, ама и кај некој друг. Очекувано или не, највозбуден нејзниот сопруг.

Имено, откако позите на неговата убавица во долна облека „го заскокоткаа“,  познатиот водител и маркетинг менаџер Димитар Андоновски не одолеа љубопитно јавно да праша:

„Има и со голи слики? Добро де, да знам“?

На тоа сексапилната сопруга на водителот веднаш му возврати:

„Опааа, ќе гори инстаграмов, а? – посакувајќи си еротска желба: „Го сакам Димитар гол во поштенско сандаче“!

„Уживај дека ќе биде у сандаче“ – јавно се израдува водителот со брза рекција веднаш подготвен за „акција“. Арно ама…

Наместо „акција“  Димитар доби домашна задача од друг тип.

„Домашната работа“  од „поштенското сандаче“ очигледно мораше да би де одложена или барем некое време да почека… Додека не заспијат децата!

Вистина.мк