Tag Archives: донации

ПРОДАВА КРОФНИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЛУНА: Марија од Гевгелија го следи хуманиот гест на Нина

Инспирирана од Нина од Нови Сад која продаваше крофни за да собере пари за лекување на својот татко и малата Марија од Гевгелија продава крофни на плоштадот во градот за да помогне во собирањето пари за лекување на Луна од истиот град која не ја познава.

Луна Поп-Костова истот така е девојче од Гевгелија кое има напредна фаза на сколиоза и треба да оди на операција во Турција за чија операција се потребни 65.000 евра.

Засега продажбата на Марија оди успешно. Покрај Марија и уште две деца, Петар и Силвија, исто така со продажба се обидуваат да помогнат во собирањето пари за Луна.

Истовремено се отворени и телефонските броеви за донации: Телеком 143 – 103 и на А1 143 – 478 на кои може сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција.

11-годишно девојче собра пари за болниот татко од продажба на крофни: „Доаѓаат луѓе од сите страни …“

Откако на социјалните мрежи се прошири веста за девојчето со крофните, бројни граѓани застанале во ред. Крофните по симболична цена од 100 динари, што е околу 50 денари, се продаваат уште денеска.

11-годишната Нина, која последните денови продаваше крофни во Нови Сад за да собере пари за лекување на својот болен татко, успеала во својата намера. Како што потврди нејзината мајка Наташа, успеале да ги соберат потребните средства.

„Се отиде предалеку, луѓе доаѓаат од сите страни и многу сме им благодарни. Ги собравме парите и одиме во Москва, карта до таму чини 1.000 евра, а ќе видиме колкави се останатите трошоци. Засега имаме доволно пари“, открила таа, пишува „Kurir.rs“.

Откако на социјалните мрежи се прошири веста за девојчето со крофните, бројни граѓани застанале во ред за да купат. Крофните по симболична цена од 100 динари, што е околу 50 денари, се продаваат уште денеска.

„Јас прво сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека би можела да му помогнам на тато да собереме пари што побрзо за неговите лекови. Така почнав да продавам поради него“, рекло девојчето за „Blic“.

„Колку сум горда на овие луѓе“, „Браво за новосаѓаните“, „Душа мила, браво девојче мало“, „Секоја чест за сите овие прекрасни луѓе“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Таткото на Нина, Зоран, го загубил видот во 2016-та година по аблација на мрежницата. Во март 2022-ра година повторно ја јавила аблацијата, по што му се дијагностицирани симпатичка офталмија и панувеитис, поради што животот му е загрозен. Сега му е потребна помош за да може да оди на далечно лекување во Москва.

„Морам да кажам дека ние се лекуваме тука од 2016-та година, но ситуацијата е сè полоша. Им благoдaрам на министрите, на сите лекари кои се прекрасни и прават многу за нас“, рекла мајката на Нина.

Хуманитарниот концерт за Кико ќе се одржи, парите ќе бидат донирани за друго дете

Почина Кристијан Коцев-Кико, момчето за кое цела македонска јавност се крена на нозе за да собира донации за негово лекување. Неговата состојба се влошила во последниве два дена. Јутуберот Стефан Лазаров кој е во постојан контакт со семејството, за ова објави и на социјалните мрежи.

Стефан Лазаров преку социјалните мрежи информираше дека хуманитарниот концерт за помош за Христијан Коцев – Кико кој беше закажан во вторник, 27 јуни во Домот на културата во Штип ќе се одржи.

Парите ќе бидат донирани на друго дете. Ако не успеавме да го спасиме Кико, ќе дадеме се од себе да спасиме некое друго дете. Хуманитарниот концерт во вторник ќе се одржи, ќе дадеме се од себе сите што треба да учествувавме. Сите сакам да дојдете да ја наполниме салата за Кико, да пееме за Кико и сите средства кои ќе ги собереме ќе ги донираме на друго дете“, низ солзи рече Лазаров.

КИКО ПОЧИНА…

Иако беа собрани парите за лекување во Турција малиот Кико од Долни Балван почина. Не издржа да замине за странство да се лекува од ретката болест од која боледуваше.

Неговата здраствена состојба нагло се влоши пред два дена кога во приватна болница му откажа дишењето и беше ставен на апарати.

Иако после неколку часа се почувствува подобро сепак неговото срце не издржа.

Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаа дека нема да го издржи патот.

ДА ПОМОГНЕМЕ: Отворени се и телефонски броеви за донација за лекувањето Маре Симевска

Потребни се донации за Маре Симевска (47) од Пехчево, која е маjка на три деца.
Потребно е да се соберат средства, за понатамошно лекување, а семејството не може да ги покрие сите трошоци.

Потребно е итно преместување од една клиника во друга за понатамошен третман на болеста која е со дијагноза:

ДГ:J18.8-друга пневмонија микро организам неозначенLoading…

J98.8-други означени респираторни заболувања.

„Секој Ваш денар во моментот, за нас ке биде од големо значење.

Однапред Ви благодариме за вашата подадена рака“, се вели во описот на објавата за донации.
Се замолуваат сите граѓани кои се во можност да донираат финансиски средства да ги уплатат на следната трансакциска сметка:

НА ИМЕ: Ѓорѓи Симевски

С-КА 300057100332473

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ.

Отворени се и телефонски броеви за донации:

ТЕЛЕКОМ 143 122

А1 143 467

Граѓаните од странство може да донираат ТУКА.

БРАВО ЗА СИТЕ ДОНАТОРИ! – Собрани НАД 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ за настраданите во Турција и Сирија

Од Црвен крст, велат „заклучно со 19.02.2023 година преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 31.387.966 денари“.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

Како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO. 3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

„Правните субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина: зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, зимски церади, вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена (според минималните стандардите за хуманитарна помош).

Задолжително сите донирани артикли да бидат нови. Приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња“, стои во соопштението на Црвен крст.

Смрдливи алишта се оставаат на плоштад – револтирани и волонтерите (Видео)

Искинати гаќи, неупотребливи и замирисани стари алишта. Ова се само дел од донациите кои се оставени на плоштадот „Македонија“ во Скопје за настраданите од Турција и Сирија. Дел од организаторите се револтирани, исто како и дел од волонтерите. Сметаат дека ова е недозволиво, а има граѓани кои ги оставаат донациите без да прашаат дали требаат или не, пренесува Макфакс.

„Во црни кеси и кутии има партали кои и не можат да се наречат облека, а уште помалку помош“, коментираат организаторите.

Волонтерите кои со денови се на плоштадот, ја препакуваат облеката. Тие ги отвораат пакетите, проверуваат што има во нив, а тоа што е неупотребиво се вади и фрла. Апелираат до сите хумани граѓани, да донираат, а не пунктот да го користат за исфрлање на отпадот од дома.

Инаку, утрово, 11 камиони со донации ја поминаа македонската граница. Тие треба да стигнат до погодените подрачја од земјотресите во Турција и Сирија. Едниот камион, според волонтерите, веќе пристигнал и ги оставил пакетите со донации.

За девојка од Скопје која беше застрелана во Чикаго, се собираат донации за трошоците за лекување

Ана Бранковиќ (31) од Скопје која пред неколку години замина да работи во Соединетите Американски Држави е повредена откако била застрелана на работно место во Чикаго.

На социјалните мрежи се појави апел за донации во кој, како што пишува, девојката била жртва на вооружен напад на работно место од страна на вработен и повредена е на три места. 

„Погодена е на три места, во рамо, колк и во нога. До сега успешно ѝ се направени две операции и следува подолг период на рехабилитации и оздравување. Ни треба вашата помош за да можеме ги подмириме болничките трошоци. Ви благодариме”, стои во повикот за донации.

Според порталот Serbian Times убиство се случило вчера, кога смртно е застрелан Србинот Никола Мишовиќ (30). Напаѓачот Џереми Спајсер (31) од Арканзас се самоубил, а една девојка е повредена и згрижена во болница.

Пукањето се случило во просториите на компанијата, а за убиството е обвинет колега на убиениот кој работел во истата компанија. По кратката полициска потера, убиецот се самоубил. 

Американските медиуми објавија дека девојката е пренесена на лекување во болница и дека не е критично повредена.

Нејзиниот идентитет не беше споменат, туку само дека нејзината изјава би можело да ги разјасни случувањата. 

На Михајло Салтировски му треба нашата помош за повторно да биде со своето семејство

На 31-годишниот Михајло Салтировски, татко на две мали деца му е потребна помош од хуманите граѓани за да се избори за својот живот.

Тој боледува од панкреатит со бубрежна и белодробна слабост и Сепса. Во моментот е пациент во Аџибадем Систина. Неговото семејство бара помош од сите хумани граѓани бидејќи за лекувањето на Михајло потребни се над 20.000 евра.

-Хоспитализацијата ќе трае се додека истата биде неопходна бидејќи е во кома и на респиратори кои се многу скапи!На Михајло му е потребна финансиска помош од преку 20 000 евра.Овие средства ќе му помогнат на Михајло да застане на нозе и да биде повторно со своето семејство, се вели во објавата на Фејсбук.

Михајло Салтировски има само 31 година и е татко на две мали деца! Моментално е пациент во Клиничката Болница АЏИБАДЕМ…

Posted by Мартин Александра Салтировски on Wednesday, April 14, 2021

Што луѓе ќе бевме: Украле кутија за донации за Гоце Илиески во центарот на Прилеп (Фото)

Украдена кутија за донации наменети за нашиот сограѓанин Гоце Илиески, возачот од брза помош кој се бopи за живот поради кopoнавиpycoт.

Кутијата на плоштадот во Прилеп ја поставиле дуќанџиите, со намера да му помогнат на Гоце и неговото семејство.

Вечерва во 19:00 часот лице со веспа ја украло кутијата, пишува еден од сопствениците на дуќани во чаршијата.

Случката е пријавена во полициja и се проверуваат камерите од дуќаните.