Tag Archives: Донок

Емилија Динева доби „Срце за вечноста“ во Дојран ❤️

Скулпурата „Срце за вечноста“ е дело на младиот академски скулптор Андреј Миневски која е водена од идејата да се овековечи дарувањето на органи како  еден од највисоките чинови на човековата хуманост и можност кога еден живот згаснува друг да се распламти односно како што најчесто и бива да започне одново.

Вo знак на хуманоста и човечноста на семејството на Емилија Динева, првиот донор на срце и органи во Македонија денеска во Градскиот парк во Стар Дојран беше поставена спомен скулптурата/урбана инсталација  „Срце за вечноста”.

– Идејата на оваа акција е уште еднаш да се одаде почит на Емилија Динева и нејзиното семејство за овој несебичен и херојски чин и преку јазикот на уметноста да се поттикне органо дарителството како врв на хуманост и можност за спасување на стотици животи – рекоа носителите на иницијативата.

Скулпурата „Срце за вечноста“ е дело на младиот академски скулптор Андреј Миневски која е водена од идејата да се овековечи дарувањето на органи како  еден од највисоките чинови на човековата хуманост и можност кога еден живот згаснува друг да се распламти односно како што најчесто и бива да започне одново. Токму затоа и тематиката на скулптурата но и нејзината визуелност ја третира и темата на бесконечноста и начините со кои човекот може да се поврзе со бесконечноста преку постојната размена на енергии и материи. На овој начин авторот го овековечува херојството на Динева односно нејзиното семејство отворајќи и го патот до бесконечноста и незаборавот.

Самата скулптура е работена во техника која опфаќа спој на различни материјали како мермерно брашно, епоксид, метал изработени во стандарден скулпторски опус и доведени до совршенство од вештата рака на авторот.

Реализацијата на проектот е на Центарот за современи уметности – Скопје и Општина Дојран со финансиска поддршка од Фондацијата отворено општество – Македонија.