Tag Archives: дрес

Хрват облече МАКЕДОНСКИ ДРЕС само да ги нервира ИТАЛИЈАНЦИТЕ (Видео)

ознатиот хрватски инфлуенсер Перица на свое снимање во италијанскиот град Торино облече дрес од македонската репрезентација за да ги провоцира случајните минувачи. Некои од нив негодуваа, некои го признаа поразот од Македонија, а една девојка направи повеќе склекови од јутјуберот, пишува 24сата.

Тој видеото го постираше на својот канал JoomBoos, или џумбуш.

– Господине, извинете, имам едно прашање. Дали мислите дека Италија треба и заслужи да биде на Мундијалот? – запраша Перица еден Италијанец во костум.

Господинот како од топ одговори дека „не заслужиле затоа што играле лошо“. Друг случаен минувач му кажа на Перица дека „заслужено изгубиле“. Со следниот соговорник Перица наиде на јазична бариера бидејќи господинот не знаеше англиски, но се обиде да комуницира со Перица на италијански.

Целиот текст ТУКА

Видео:

ФФМ со уникатна фотосесија!

А од страна на ФФМ денеска по социјалните мрежи излезе уникатна фотосесија од нашите фудбалери со уникатни гестикулации, момците изгледаа одлично, спремна за навивање е цела Македонија 🙂

ЕСПН: Македонија го има најубавиот дрес на Европското првенство! Грците со жалба (Видео)

Американски „ЕСПН“ го прогласи дресот на македонската фудбалска репрезентација за најубав на ЕП.

Некогашниот американски репрезентативец, Еркулес Гомез Уртадо заедно со Клинтон Јејтс го издвоија нашиот дрес како најоригинален и најтрактивен на првенството.

Македонија утре ќе дебитира на Европското првенство со мечот против Австрија од 18 часот на националната арена во Букурешт.

Видео ТУКА

А на само неколку часа пред почетокот на Европското првенство нашиот јужен сосед упатил жалба до УЕФА за македонскиот дрес, објави грчкиот весник ‘Катимерини’.

Грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис се буни за логото на ФФМ на дресовите, односно кратенката „Фудбалска федерација на Македонија“, бидејќи истата ја нема придавката „северна“, што е спорно според Преспанскиот договор.

Писмо со жалба стигнало и до македонската власт откако грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас испратил допис до македонскиот колега Бујар Османи.

Македонија на ЕП со стариот дрес! Сејдини откри што се случило со изборот на новиот

Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини по бројните реакции по јавноста откако беше презентиран новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација за настап на ЕП 2020, пресече и доцна синоќа соопшти дека Македонија ќе настапува во досегашниот дрес.

Сејдини им се извини на навивачите, нагласувајќи дека ја превзема одговорноста, но и дека е испратен допис до УЕФА за промена на дресот на репрезентацијата. Во продолжение интегрално ви го пренесува писмото на Сејдини.

-Драги навивачи на македонската репрезентација, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство.

Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст.

Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите. Тимот бараше нови репрезентативни дресови. Ние сакавме да го исполниме тоа барање. За жал, техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ. Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер.

Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови.

Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање.

Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото.

Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме.

Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб, пишува Сејдини во писмото до јавноста.

(Фото) Пандев ги шoкираше во Федерација со порака за дресот, собрани над 10,000 потписи

Новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација што нашите фудбалери ќе го носат на ЕВРО 2020 предизвика бурни реакции поради избраната бордо боја.

На оние на кои дресот не им се допаѓа вечерва им се приклучи и капитенот Горан Пандев, кој на својот инстаграм-профил објави фотографија како го држи стариот дрес на Македонија, и тоа оној од историскиот меч во Тбилиси против Грузија на кој „црвено-жолтите“ стигнаа до историски пласман на овој европски шампионат.

За пола ден над 10,000 Македонци побарале промена на стариот дрес.

Се појави онлајн петиција за враќање на стариот дрес на Македонија

Откако денес ФФМ го промовираше новиот дрес на Македонија со кој ќе настапува на ЕУРО 2021 се појави онлајн петиција за враќање на стариот дрес.

Петицијата „Македонија на ЕП со старите дресови“ е покрената заради незадоволството во изборот на боите и изгледот на дресовите со кои репрезентацијата ќе игра против Австрија, Украина и Холандија на континенталниот шампионат.

Инаку, новите дресови се во бордо боја.

Пендаровски му подари дрес од Македонија за ЕП на папата Франциск (Фото)

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ватикан имаше аудиенција кај папата Франциск. Како што објави шефот на државата на Фејсбук, потврдено е искреното пријателство и длабоките врски меѓу Светата Столица и Република Македонија.

– Добивме поддршка и благослов да продолжиме посветено да работиме за мир, среќа и благосостојба на сите наши граѓани. Врз темелите на бесмртното дело на Светите Кирил и Методиј, со заштитниците на Европа и понатаму ревносно да градиме заедничка просперитетна иднина, напиша Пендаровски по средбата со папата Франциски.Тој му заблагодарил на папата за историската посета на земјава, што претставува огромно признание за нас.На аудиенција кај папата Франциск, претседателот Пендаровски му подари дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име.

– Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство, наведува Пендаровски на ФБ