Tag Archives: дрон

(ВИДЕО) Снимки од дрон од градовите: Не остана ништо, aпсолутно ништо!

Бројот на загинатите во двата разорни земјотреси што го погоди јужниот дел на Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.300.

Земјотресите оставија зад себе илјадници повредени луѓе, како и оние кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови се срамнети со земја. Огромната спасувачка операција се уште трае.

 Дваесет и четири припадници на Армијата, меѓу кои и две лица водачи на службени кучиња со кучиња, 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила се испраќат за помош во Турција по силниот земјотрес што вчера ја погоди земјата. Од Дирекцијата за заштита и спасување се испраќаат 40 лица – припадници на републичките сили за заштита и спасување, со комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила. Министерството за финансии е задолжено до Владата да достави одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес. Задолженија има и до други институции меѓу кои и до Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови. 

-Сочувствуваме со нашите пријатели за ужасните последици од земјотресот и ќе преземеме сѐ што е можно во напорите за спасување животи од урнатините и поддршка на настраданото население, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил.

 Владата вчера на вонредна седница донесе одлуката за испраќање итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес во којшто има голема загуба човечки животи, повредени и голема материјална штета. Според последните информации, во земјотресто животот го загубиле најмалку 4.800 лица. 

Во Киев падна дрон со порака „Среќна Нова Година”

На дрон што синоќа го погодил Киев, наводно пишувало „Среќна Нова Година“, објави Киев пост, пренесувајќи фотографии од началникот на киевската полиција.

Бројни експлозии се слушнаа во Киев и други места ширум Украина, а сирените за воздушни напади плачеа низ целата земја во првите неколку часа по полноќ на Нова година. Парчиња од проектили уништени од украинските системи за противвоздушна одбрана оштетија автомобил во центарот на главниот град, но нема повредени или жртви, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Градската воена управа на Киев соопшти дека се уништени 23 „воздушни објекти“ лансирани од Русија. Нападите уследија неколку минути по новогодишната порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој и посака победа на својата земја во војната која трае веќе 11 месеци.

 (МИА)

ДРОНОТ СОБОРЕН НАД СРБИЈА МОЖЕ БИЛ ЗА СНИМАЊЕ СВАДБА, смешни се бомбастичните реакции за рејтинг

Пензионираниот генерал Срето Малиновиќ вели дека начинот на кој српските медиуми реагирале за дроновите е смешене, дека се правеле „бомбастични акробации“ за да ѝ се даде рејтинг на власта во Србија и дека не треба да се клеветат луѓето. Според Малиновиќ, ваквите дронови не можат да им нанесат штета на Србите кои живеат јужно од Ибар.


Беспилотните летала кои во средата беа забележани како се движат од Копаоник кон Рашка во Србија може да биле т.н. мултикоптери кои служат за снимање на свадби, а паниката што се створи во српските медиуми е непотреба и вештачка, велат за порталот Н1 воениот експерт Срето Малиновиќ и Петар Војиновиќ, основач на медиумот Танго Шест. Според Војиновиќ за дроновите било известувано непрофесионално, а самата вест предизвикала страв и меѓу луѓето кои живеат на Косово.

Основачот на Танго Шест, сепак, не исклучува, дека ваквите мултикоптери можат да се користат за извидување и во воени цели, односно дека Украинците ги користат истите дронови за да фрлаат бомби.

Од своја страна, пензионираниот генерал Срето Малиновиќ вели дека начинот на кој српските медиуми реагирале за дроновите е смешен, дека се правеле „бомбастични акробации“ за да ѝ се даде рејтинг на власта во Србија и дека не треба да се клеветат луѓето. Според Малиновиќ, ваквите дронови не можат да им нанесат штета на Србите кои живеат јужно од Ибар.

Малиновиќ наведува дека јавноста реагирала негативно на тоа што се случува бидејќи начинот на кој се комуницирало е прилично иритирачки, а кога се работи за стручната јавност – дека таа ги навредила луѓето.

За потсетување, медиумите во Србија прво изјавија дека претседателот Александар Вучиќ наредил да се кренат знамињата на беспилотните летала, а потоа министерот за одбрана демантираше, наведувајќи дека знамињата не се подигнати поради таа причина.

Пензионираниот генерал Малиновиќ оцени и дека подигнувањето на готовноста на вооружените сили непотребно било јавно соопштено во Србија, иако со оглед на последните настани на Косово, тоа е природна реакција на српската Армија.

Тој наведува дека не е паметно јавно да се прават такви работи, туку дека има елегантен начин да ѝ се стави до знаење на спротивната страна и на посредниците во преговорите дека Србија нема мирно да гледа на она што се подготвува зад сцената.

Според правилата што ги образложи некогашниот генерал, доколку се утврди дека се работи за летало што може да загрози луѓе, граѓани и предмети, прво се објавува што е во прашање и се бара дозвола за евентуално соборување на леталото, а дозвола за соборување, кога земјата не е во воена состојба, дава само претседателот на државата, во случајот, Александар Вучиќ.

Војската на Србија СОБОРИ НЕПОЗНАТ ДРОН

Српското воздухопловство соборило дрон над касарната во Рашка, објавија српските медиуми.

Претходно било забележано набљудување и извидување на касарната, па армијата по наредба на врховниот командант дејствувала и го соборила дронот.

Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили, Александар Вучиќ, издаде официјална наредба веднаш да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија.

На ваков чекор претседателот се одлучил по инцидентот што се случи во областа над Мердар и во околината на Рашка, кога непознати дронови ги набљудуваа касарните и позициите на војската на Србија.

За да се спречат понатамошни непријателски активности, српските „мигови 29“ беа подигнати во акцијата на набљудување и евентуален напад на непријателските авиони. Недолго потоа, забележаните објекти го напуштиле воздушниот простор на централна Србија, а доколку не го стореле тоа ќе биле уништени бидејќи врховниот командант издал наредба за итно дејствување со противвоздушно оружје.

Министерот за одбрана, Милош Вучевиќ се обрати пред граѓаните по акцијата во која српската војска елиминирала комерцијален дрон кој го снимал теренот.

Српската војска околу 17.20 часот го неутрализирала дронот кој се движел од правец на Копаоник кон Рашка.

„Искористивме најмодерна технологија за да го елиминираме дронот. Војската на Србија го заштити небото. Им честитам на војниците за брзата реакција. Не може да нè удира кој стигна, армијата е подготвена да ги изврши наредбите на врховниот командант“, вели Вучевиќ.

УЖАСНИ КАДРИ ОД ДРОН – бугарски експерт во живо ги анализираше причините за трагедијата, еве ги можните причини (ВИДЕО)

Дијана Русинова, експерт за транспортни несреќи од Европскиот центар, утрово за една бугарска телевизија ги анализираше фотографиите од дрон од местото на несреќата која се случи утрово во Бугарија.

Според неа, задолжително е при истрагата да се измерат ознаките на патот на оваа делница, како и неколку километри наназад за да се види дали отсуството на ознаките на патот не го збунило возачот и не довело да го следи патот.

„Сосема е можно знакот за островот и да го немало или возачот да не го видел или да заспал“, вели таа.

Според неа на фотографиите од дрон јасно се гледа како тој се обидувал да излезе од паркингот и да го стабилизира автобусот, а потоа следел уште еден удар во заштитната ограда.

Друга фотографија покажува знак поставен на островот на коловозот. Според Русинова, сепак, не бил правилно поставен бидејќи бил поставен многу високо.

„Треба да се постави ниско долу за да се покаже дека е таму долу“, објасни Дијана Русинова.

Според неа, треба да се провери и светлосната рефлексија на патот, таа е уверена дека возачот ја згрешил лентата.

Видео ТУКА