Tag Archives: ДудаАлексиќ

Дуда Алексиќ победи на натпреварот за НАЈМРЗЕЛИВ Црногорец, лежеше 117 часа

Натпреварот во лежење во Црна Гора што започна на 20 август заврши, а победник е Дуда Алесиќ, кој постави и нов рекорд во ова несекојдневно натпреварување.

Новиот рекорд е 117 часа, а го постигнаа речиси сите тројца натпреварувачи кои до самиот крај се бореа за наградата од 300 евра.

„Победникот е Дуда Алексиќ со 117 часа, а само 5 минути порано џентлменски стана Никола Бошковиќ и 115 часа издржа и Марко Вуќковиќ. Сите се морални победници. Ѝ честитаме на Дуда“, напишаа организаторите. Претходниот рекорд беше 49 часа. Натпреварот се организира веќе десетти пат.