Tag Archives: ДунавкаТрифуновска

Дали е можно? Се смирија ли Дунавка и Ване ? (Фото)

По драмата со разделувањето помеѓу Дунавка Труфуновска и Ване Цветанов и препукувањата кои си ги поделија во јавнсота еден спрема друг, дали е можно да се смирија покрај Охридското крајбрежје?

Дунавка на својот профил вчера објави фотографија на која е обележан и Ване Цветанов 👇

Се огласи и Дунавка – Ване е „КАКО МАМА КАЖЕ“

Вчера Ване Цветанов сподели со своите пријатели дека убавата љубовна приказна завршила, а денеска се огласи и Дунавка Трифуновска.

Мојата одлука дека минатото не треба да „пушта ларви“ во сегашноста, а ни малку да биде „едно“ со иднината, кога ќе биде испочитуван, тогаш ќе може да гледаме други епизоди.

До тогаш господинот треба да се посвети на своите обврски, своите функции и своите деца.

Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата „како мама каже…“ е личен избор – напиша Дунавка.

Заврши убавата љубовна приказна на Ване Цветанов и Дунавка Трифуновска

Пукна тиквата помеѓу познатата манекенка Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција.

Цветанов на Фејсбук реши да сподели со своите пријатели дека убавата љубовна приказна завршила.

-Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.

Дунавка е прекрасна личност, искрено ѝ ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света.

Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш… Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена, а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца.

Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси!, напиша Цветанов.