Tag Archives: Дупки

И кај нас вака уште малку – Тинејџер од Босна самиот ги поправа дупките на улицата (Фото)

Петнаесетгодишно момче од Босна и Херцеговина сам ги поправа дупките на патот бидејќи властите со години го игнорираат проблемот.

На Фејсбук-страницата на граничниот премин Маљевац објавена е приказната за 15-годишното момче Енес од Јоховица, село во Босна и Херцеговина, кој сам го поправал патот.

Се работи за пат во близина на граничниот премин Боговоља – Хаџин Поток, а населението од овој крај со години апелира до комуналните власти на градот Чазин, кои се надлежни за одржување на тој локален пат, да ја санираат четирикилометарската делница од граничниот премин до селото Штурлиќ. Но, надлежните не одговараат на нивното барање.

Затоа, Енес решил да ги земе работите во свои раце. Дупките на патот ги наполнил со црн песок што впива вода и со свои пари ангажирал машина за да го зацврсти, па, како што вели, сега изгледа речиси како асфалт.

„Народот ми е благодарен што го одржувам патот затоа што возат поскапи коли, па сега помалку ќе бидат уништени“, вели Енес, кој има порака и за возачите, пренесува ГП Маљевац.

„Забележав некои луѓе што доаѓаат од ЕУ како фрлаат ѓубре на страната на патот и тоа не е во ред. Да се ​​грижиме за природата бидејќи тоа е нашиот живот. Исто така, би сакал поединците да возат побавно за да не ме удрат на страната на патот. На сите им посакувам безбеден пат и поздрав од Енес до сите“, вели момчето.

Од патарини за 5 месеци наплатени над 900 милиони денари, а дупките СТООО…

Податоците за остварената наплата на патарините во првите месеци од годинава ни даваат за право да бидеме оптимисти дека не само што ќе се вратат приходите остварени пред пандемијата на Ковид 19, туку реално е да очекуваме и да се зголемат, вели во интервју за МИА  директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

За периодот јануари-мај, во 2021 година е остварен промет од наплата на патарина поголем во однос на истиот период во 2019 година (која според годишниот промет е рекордна) и има зголемување за над 4 проценти. Ако во 2019 година до мај биле инкасирани 926.114.696 денари, за истиот период во 2020 година е остварен промет од вкупно 751.329.426 денари, за разлика од 2021 година кога прометот изнесувал 968.718.496 денари или зголемување од 28,9 проценти во 2021 година.

Но, од друга страна граѓаните се се посилни во своите реакции за скапите патарини, а несредените патишта, па често прашуваа за што плаќаме патарини кога возиме по дупки а патиштата не се одржуваат.