Tag Archives: двојазичност

Апасиев: Ќе ти ги враќам двојазичните документи! Џафери: Ти си еден век назад, во 96-та си имал 11 години!

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица повикувајќи се на член 3 став 4 од Деловникот, на денешната собраниска седница му укажа на претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе ги враќа материјалите ако повторно им бидат доставени двојазично, бидејќи тоа е противуставно и противделовнички.

Ние како Левица овие материјали од денеска ќе ви ги враќаме. Ова на албански јас не го разбирам. Барам во иднина на службите да има кажете дека јас не сум пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот, да ми доставуваат материјали исклучиво на македонски јазик – рече Апасиев.

Тој исто така го праша Џафери зошто двата закони што тие ги поднеле не се ставаат на дневен ред поднесени во мај и април, потсетувајќи го дека тој е должен во рок од три дена нив да ги достави до пратениците, со што започнува собраниската постапка.

– Немам што да додадам во однос на процедуралното, во контекст на постапката што ја направи во Собранието и не бара дополнителни објаснувања. Во 1996 година имаше 11 години, доцна си дошол на оваа возраст. За среќа ние сме во 21 век, 2021 година и твојата постапка укажува дека си еден век назад во однос на перцепцијата и разбирањето – му одговори Џафери.

Вчера КОЗИ, денеска НЕПИСМЕНА ТАБЛА (Фото)

Денеска реакции на социјалните мрежи по постот на доктор Никола Пановски од неписмената табла од Поликлиниката Букурешт, на која двојачизно на албански јазик е напишан оддел или гранка во медицината која е непостоечка.

Вчера имаше кози иако болницата во Струмица демантира дека тоа се случило, па вели дека сликата била одамна, денеска нова глупост за ново исмевање од страна на граѓаните на социјалните мрежи.