Tag Archives: ЕленаДоцевскаБожиновска

,,Ќе лежам 20 години но Македонија не ја предавам”

Потресно интервју со Елена Доцевска Божиновска која била држена во притвор во затворот во Шутка цели 41 ден пред да биде однесена да даде исказ пред јавен обвинител.

Доцевска Божиновска била обвинета затоа што со ,,гестикулации” вршела терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија по што била притворена во ноември 2017 година.

Таа деновиве објави дека судот за човекови права во Стразбур донесол пресуда според која македонските власти и обвинителката Вилма Русковска, судијката Добрила Кацарска и други луѓе ја осудиле во незаконска процедура.

Целта на власта тогаш била врз Доцевска Божиновска да се направи обид со долго држење во Шутка без исказ пред обвинител да биде ,,скршена” и таа да сведочи во корист на обвинителството односно СДСМ и ДУИ.

Но правничката која работела во кабинетот на претседателот на собранието 12 години издржала и не прифатила да сведочи лажно по желба на обвинителството.

Иако во затворот и се случила голема трагедија скромната Доцевска Божиновска вели дека била подготвена за долгогодишна казна ако со тоа ја спасува Македонија.

Не сака да ја коментира информацијата која доаѓа од правосудни кругови според која таа би лежела и 20 години но Макеоднија никогаш не би ја предала.

Била однесена во затвор откако во нејзиниот дом во Куманово дошле десетици тешко вооружени полицајци кои ја апселе пред нејзините деца од една и две години а дел од полициските службеници се изживувале врз неа.

Потресното сведоштво на ,,Заспиј ако можеш” со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ во видеото.