Tag Archives: Емили

Без Прилеп немаше да видам снег: Емили е прилепска снаа од Кенија, го сака градот, храната и не сака зима

Емили – Ањанго Аума од Кенија е наша сограѓанка веќе неколку години. Мажена е со прилепчанец со кого ја имаат прекрасната ќеркичка Зорица.

Неделниот весник “Зенит” разговараше со Емили за нејзиниот живот тука и во што се разликува нејзиниот роден град, милионскиот Најроби, со Прилеп.

-Бидејќи сум хотел-менаџер по професија, во Катар работев заедно со сопругот. Се запознавме и љубовта ја крунисавме со брак кој трае девет години. Откако се роди Зорица, бевме во Кенија, накусо доаѓавме и тука. Пред три години конечно падна одлука постојано да живееме во Прилеп – вели Емили.

Кога тргнувала на пат, баба и’ ја советувала: ,,Таму каде што одиш, да се навикнуваш, да ги прифаќаш за да те прифатат,,!

Во градов прво е волонтерка, физиотерапевт, кај деца со посебни потреби. Потоа е наставничка по англиски јазик во приватно училиште. Станува и инструктор по танци во фитнес клуб. Некои од членовите не плаќале и работата станала неисплатлива. Кенијката не сака да седи бадијала. Се посветува на фризерскиот занает. Прави фризури со афро-плетенки не само за прилепчанки, ами и за стружанки, охриѓанки, скопјанки, дури и од Демир Капија.

-Сега сум пица-мајстор во пицерија. Правам пици, кафе… Сé што треба. Фала му на Господ, знам сé. Му благодарам и на газдата за поддршката. Има добрина, трпение и разбирање што сум оддалеку. Ме почитува и не ме гледа како човек од друга држава, како странец. Ме прифати како да сум дел од неговото семејството. Од срце му благодарам, Господ да го благослови. Првин, не знаев што е шунка, печурки, кашкавал, како се викаат на македонски. Сега знам сé. Сé може да се работи, ако се има желба, ако се сака – порачува Емили.

Климата? За Африка се препознава по горештините. Од пекол во студенила. Како што Константин Миладинов во Москва мечтаеше за Охрид и Струга, за јужните краишта, така и Африканците кога се во Европа. Емили кажува дека во Кенија нема зима и затоа голем проблем и” е овде периодот од октомври натаму.

-Зима не сакам, многу е студено. Без јамболија и без ракија, уф! Таму сме навикнале со 25-26 степени, секогаш на многу убаво време. Ако врне и температурата падне на 20 степени, студено е и сите сме болни. Носиме винтјакни, чизми, ракавици… А овде? Првпат во Прилеп видов снег што дотогаш сум го гледала само на телевизија. Цел живот го чекав. Ќерка ми, тогаш тригодишна, ми свика: ,,Мамо, мамо дојди, има млеко турено надвор,,! Излегов, зедов малку снег в рака и го пробав, како да е јадење. Чудно и интересно – раскажува Емили.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА, пренесува Маркукуле.мк.

Ја искритикуваа Емили Ратајковски поради начинот на кој го држи бебето: „Го носи како да е торба“

Познатите личности често се под лупа на јавноста, а посебно кога ќе споделат некој приватен момент.

Емили Ратајковски која во март го роди своето прво дете во последно време често е на мета на критиките за работи кои немаат врска со нејзината професија.

Американската актерка овој пат ги налути следбениците поради начинот на кој го држи своето дете.

Тазе мајката на својот Инстаграм објави фотографија на која позира во бикини, а во рацето го држи бебето по име Силвестер чиј пол нема да го откри до 18тата година.

„Роденденска вечера со партнерот од соништата“, напиша Емили, но набргу беше принудена да ги „заклучи“ коментарите под фотографијата.

Причина за тоа е што Емили го држи бебето многу опуштено без да му ја придржува главата. Откако моделот ги забрани коментарите, нејзините фанови започнаа да ја коментираат на Твитер.

„Ме нервира начинот на кој Емили го држи бебето“, „Видов како Емили го држи бебето и сега сум анксиозен“, „Го носи тоа дете како торба“, „Го носи детето како партал за на плажа“, се само некои од коментарите.