Tag Archives: забава

(Видео) Американски инфлуенсер отпеа екс ју хит: Ги повика следбениците да му платат патување на Балканот

Овој 22-годишник доаѓа од Јужна Дакота, не само што нема врска со нашиот дел од Европа, туку никогаш не бил на овие краишта, а фасциниран е од балканската музика и фолклор.

Џастус Рид има повеќе од 300.000 следбеници на популарната социјална мрежа, но на луѓето од поранешна Југославија им го го привлекол вниманието затоа што на својот канал редовно поставувал видеа како ги пее најголемите балкански хитови.

Сепак, тој самиот признава дека навистина нема поим што значат зборовите што ги кажува и дека му било многу тешко да ги научи.

@justus_reid Do you know this classic? #balkan #bosnia #serbia #croatia ♬ original sound – Justus Reid

Овојпат на ТикТок објавил видео на кое заедно со својот татко ја пее песната на  „Забрането пушење“ – „Zenica Blues“ и секако тоа предизвика воодушевување, дури и кај оние следбеници кои никогаш претходно немале можност да го слушнат овој хит.

Покрај музиката, која очигледно му се допаѓа, Рид ја проучува културата и обичаите на Балканот, па се обидел да подготви храна која е карактеристична за нашето поднебје. Она што амбициозно сакал да го направи се кебапи, бурек, сарма, а потоа храната ја пробал пред своите следбеници и очигледно многу му се допаднала.

Рид сака да го посети Балканот

Бидејќи неговите објави сè повеќе се поврзани со Балканот, луѓето почнале редовно да го канат да го посети нашиот регион. Рид во едно од видеата изјавил дека има голема желба да нè посети, но дека за тоа му требаат многу пари, па ги замолил своите следбеници да го споделат видеото за на крајот да привлече спонзори и да си ја исполни желбата

Му ја одзеле возачката зашто се возел пијан НА ТРОТИНЕТ

Се возел пи јан зад трезен пријател на електричен тротинет и затоа привремено останал без возачката дозвола.

Така пресуди повисокиот суд во Олденбург, оценувајќи дека патник во алко холизирана состојба ја загрозил безбедноста на сообраќајот.

Тој се држел за воланот, рече портпаролот на судот во петокот, објаснувајќи ја пресудата во жалбениот процес.

Пресудата во прв степен беше иста. Во конкретниот случај полицијата при контрола констатирала дека осудениот бил во алкохо лизирана состојба далеку над дозволената граница.

Според тоа, законски му било дозволено да вози само придржувајќи се за возачот.

Полицијата и судот не ги земале предвид забелешките на осудениот дека немал контрола над брзината на тротинетот.

(Видео) Англичанка ги покажа градите и доби овации на трибини во Катар

Англија отвори на спектакуларен начин, па навивачите на оваа селекција имаа причини за задоволство и славје, па и на еден чуден начин.

Овој пат во центарот на вниманието се најде навивачка на англиската репрезентација. Девојката која под маичката не носеше градник, по громогласните овации на фановите кои ја опкружија, ги воодушеви покажувајќи им ги градите. Тоа е мала радост за Британците кои поради ограничувањата во Катар не можат да го консумираат алкохол.

Видео од 75 милиони прегледи: Овие алпаки кои скокаат преку вир станале хит

Видеото станало вирално собирајќи 75,2 милиони прегледи и речиси 7 милиони лајкови.

Целото шоу го украла алпаката која последна скокнала и покажала колку добро го прави тоа и така ги воодушевила корисниците на ТикТок.

„Ова многу ме насмеа“, „Се прави важна“, „Оваа последната како да вели: Гледај што можам јас“, се само некои од коментарите на тиктокерите.

@pubity He was so fancy for no reason 😭 #fyp #animals #pets #alpaca #dogs #petsoftiktok #pubity ♬ original sound – pubity

Балканец во Германија: Каде е мајката на ова јајце? (Видео)

Една снимка од Балканец во германска продавница стана хит на „Тик-Ток“.

Балканецот не знаел како да каже кокошка на германски, па реши на интересен начин да го праша вработениот.

Тој најде едно јајце и го праша продавачот „каде е мајката на јајцето“, по што продавачот се насмеа и го однесе на вистинското место.

ХИТ ВИДЕО! Типов направил неверојатна илузија која го излуде светот

На најмладата социјална мрежа секојдневно се појавуваат нови трендови, а благодарение на неа многу непознати автори можат да станат познати буквално преку ноќ.

Ова го овозможува алгоритмот кој, иако понекогаш истакнува многу чудни видеа, додека ги „закопува“ оние интересните, умее и да препознае содржина што им се допаѓа на луѓето.

@zachking They rejected my application to Hogwarts but I still found a way to be a wizard. 🧹#illusion #magic #harrypotter ♬ Zach Kings Magic Broomstick – Zach King

Видеото кое со своите 2,2 милијарди прегледи има најмногу прегледи на оваа популарна мрежа му припаѓа на Зак Кинг. Овој млад човек создаде илузија на тема Хари Потер.

Во видеото кое е старо веќе три години, Зак лета на магична метла која на почетокот изгледа многу реално, додека вистинското изненадување се крие на самиот крај од видеото.

– Ми ја одбија апликацијата за Хогвортс, па најдов начин да станам волшебник – стои во описот на видеото.

ТЕПАЧКА ВО ЗАДРУГА: На Лабунски му ја откорнаа косата, плачеше и молеше да биде спасен (ВИДЕО)

Адам Лабунски додека беше во дворот со Кристијан Голубовиќ и други задругари беше нападнат од страна на Урош Чертиќ кој го повлекол за косата, при што му скинал цел прамен.

– Недостасува дел од праменот, па ти си правел надоградба – рече Чертиќ и си замина, за набргу да се врати и повторно да налета на пејачот.

– Од кога мажите ставаат надоградба на косата? Се гледаме македонско девојче – повторуваше цело време Урош.

Чертиќ не престана со провокации, поради што обезбедувањето мораше итно да реагира.

– Ве молам, спасете ме, тој ми ја извади половина од косата – рече пејачот додека гледаше во камерата и плачеше.

Новиот менаџерски тим на Скопје (Фото)

Чест ми е што сум дел од новиот менаџерски тим на град Скопје, како главен инспектор за проверка на карти на бесплатниот превоз, заедно со колегата Kire Čorbe кој е директор на скопскиот голф терен “Васко Жабата ексклузиве” и Зоран надлежен за одржување на зеленилото на скопскиот космодром.

Честито нека е народе – пишува Божидар Божиновски.

(Видео) Куќен притвор – Наскоро нова хит серија

Наскоро ќе почне да се прикажува новата македонска серија „Куќен притвор“ во која главната улога ќе ја има инспектор Томе од „Преспав“. Серијата ќе се прикажува на Македонската телевизија, а се фокусира на животот и семејството на корумпираниот инспектор од пансионот на браќата Бузалевски.

ОХО-продукција веќе го објави првиот трејлер од серијата.

Томе е уапсен во пансионот, а адвокатите бараат да помине 30 дена во притвор, но наместо во затвор, Томе мора да ја служи казната дома. Во серијата првпат се појавува и сопругата на Томе, нејзиниот 20 години помлад љубовник, комшиката Снеже и откачениот адвокат.

Главните улоги во новата серија ги глумат Горан Стојановски, Ирена Ристиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Јована Спасиќ и Зоран Љутков.

Видео:

https://fb.watch/foFvfKyFj9/