Tag Archives: епизода

„Глупавиот принц и неговата глупава сопруга“: Меган и Хари мета на потсмев во новата епизода на South Park

Не стивнува вревата за последната епизода од ултра популарната анимирана серија South Park, во која на ред беа британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган. Безмилосно беа ставени како мета на потсмев.

Брачниот пар кој откако го напушти Обединетото Кралство и целосно се отуѓи од своето семејство, живее во САД, доби вистински кралски третман во Саут Парк. Секоја секунда од епизодата The Worldwide Privacy Tour, во која главните ликови се „глупавиот принц и неговата глупава сопруга“ е длабинска анализа на однесувањето на пар кој гласно „бара приватност“.

Авторите на серијата, која се снима од 1998 година, до сега навредуваа секого и сè. Имаше гнев, закани, но во повеќето случаи жртвите на потсмев одлучуваа дека е подобро да не прават ништо, да чекаат да помине вревата и смеата, а целта да стане некој друг.

Меган Маркл, пишуваат британските медиуми, наводно е „вознемирена и згрозена“ од прикажувањето на неа и нејзиниот сопруг.

Нивните имиња не се спомнати во цртаниот филм. Принцезата носи гардероба слична на онаа што всушност ја носеше Меган, на пример, познатиот бел фустан и капа што ги носеше за да го прослави јубилејот на кралицата Елизабета во 2018 година.

Во цртаниот филм, таа е опишана како „девојка, актерка, инфлуенсер, жртва“. Принцот го носи познатиот сив костум од интервјуто со Опра Винфри и ја промовира автобиографијата книга која личи на мемоарите на принцот Хари.

Објавен трејлерот: Специјалната епизода на „Пријатели“ ќе се емитува на 27 мај (Видео)

Објавен е двоминутен трејлер од долгоочекуваната специјална епизода на серијата „Пријатели“ насловена „Friends: The Reunion“, што долго време ја очекуваат фановите на серијата.

Годината е 2002 година, четврток навечер и брзате да се вратите дома за да ја гледате најновата епизода од серијата „Пријатели“. Сега подгответе се да го сторите тоа повторно – се наведува во описот на трејлерот што го објави „HBO Max“ на социјалните мрежи.

Двоминутното видео открива дека специјалнaта епизода ќе има од сè по малку. Членовите на актерската екипа, предводени од Дејвид Швимер, одговараат на забавни прашања во врска со серијата и се присетуваат на деновите кога нивната серија беше најгледаниот проект на телевизија.

Џенифер Анинстон открива дека режисерот на серијата на која претходно работела изјавил дека „Пријатели“ нема да ја направи ѕвезда.

Долгоочекуваното обединување конечно пристигнува по неколку одложувања, а во истото ќе се појават и бројни ѕвезди како Дејвид Бекам, Џастин Бибер, Лејди Гаге, Рис Витерспун, Малала Јусафзаи и други.

Култната серија „Пријатели“ која заврши во 2004 година, беше една од најпопуларните ТВ серии во 90-тите години и заживеа на стриминг платформите како една од најгледаните серии низ целиот свет. Специјалната епизода ќе се емитува на 27 мај, на стриминг сервисот „HBO Max“.

Главните ликови на шесте пријатели што живеат во Њујорк во серијата ги играат  Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.