Tag Archives: Ерменија

(Видео) ПОЧНА ВОЈНАТА МЕЃУ АЗЕРБЕЈЏАН И ЕРМЕНИЈА: Жителите на Нагорно-Карабах биле известени по смс за „антитерористичка операција“

Азербејџан започна „антитерористичка операција“ од локален карактер во Нагорно-Карабах за да го врати уставниот поредок, соопшти тамошното Министерство за одбрана. Азербејџанските медиуми јавуваат дека Баку го затвора воздушниот простор на земјата за Ерменија.

Како што се наведува во соопштението, овие мерки се преземени поради систематското гранатирање на вооружените сили на Ерменија, како и поради континуираното минирање на територијата.

Сирените за воздушен напад се огласуваат во главниот град на непризнатата Република Нагорно-Карабах.

Како што соопштија во Баку, армијата со високопрецизно оружје изведува напади на линијата на фронтот и во длабочина, врз позициите на единиците на ерменските вооружени сили и воените објекти.

Во написот се забележува дека „цивилното население и цивилната инфраструктура не се цели“.

Се

Македонија на 9-то место, ПОБЕДИ Ерменија (ВИДЕО)

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ кои имаа одличен настап на овогодишната детска Евровизија во Париз со песната „Green Forces“, завршија на 9-то место со освоени 114 поени.

Песната на Малена „Qami Qami“ со вкупно 224 поени, пак, заврши на првата, победничка позиција.

Погледнете го и одличниот настап на нашите претставници. Македонија секако е горда на нив!