Tag Archives: Евн

(Фото) ТЕНЗИЧНО ВО КУМАНОВО: Толпа од Оризари насилно влегла во просториите на ЕВН!

Револтирана група на жители на селото Оризари, бидејќи од вчера немаат струја, утрово насилно влегла во просториите на ЕВН во Куманово, велат извори од Електродистрибуција за Плусинфо.

Според информациите кои пристигнаа до нас во моментов жителите на Оризари бараат од Електродистрибуција веднаш да биде отстранет проблемот и тие да добијат електрична енергија, без разлика што дефектот поради кој ова село остана без струја е несовесното однесување на слупчанци, поради кое повеќе села од овој регион вчера беа напојување. Екипите на Електродистрибуција се спречени од жителите на Слупчане да влезат во селото и да го отстранат дефектот.

Од ЕВН нѐ информираа дека по вчерашниот упад на жителите на Слупчане во трафостаниците на ЕВН, селото но и Оризари се сѐ уште без напојување.

Оттаму додаваат дека екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија на селата: Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

По вчерашната целосна блокада за да ги спречат повторно да работат екипите на Електродистрибуција, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

– Се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работиме на санација на дефекти или извршуваме редовни работни активности во овие села – категорични се од ЕВН.

Инаку, вчера објавивме дека жителите на Слупчане имаат 13 барања кои компанијата ги достави до медиумите, во кои, тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи.

Жителите на Слупчане бараат да плаќаат најмногу 3.000 денари без разлика колку потрошиле: ЕВН и МВР пак не можат да влезат во селото

Жителите на Слупчане денес не ги пуштија екипите на ЕВН да работат и покрај тоа што на терен беа присутни припадници на полицијата.

За да им дозволат на екипите на ЕВН да работат, мештаните доставија официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се опростат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра и да добијат бесплатни нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари. Во барањето кое ЕВН го достави до „А1он“ жителите бараат верските објекти да не плаќаат струја.

„Не прифаќаме мерните уреди да се поставуваат надвор од куќите. Се додека ова не се случи во целата Северна Македонија не дозволуваме да бидеме исклучок. Далноводот да биде поставен под земја, да им се простат старите долгови на корисниците на ЕВН од Слупчани, да се избриши од сметката, стариот долг што го платиле потрошувачите а да не остане повторно на сметката. На секој крај од селото таму каде што граѓанинот гради куќа, да му се обезвбеди електрична мрежа од страна на ЕВН а не граѓанинот да плаќа илјадници евра за бандери.

Цената за новиот мерен уред да биде 6.00 денари, а барањето за него да се направи само преку лична карта. Да се постави ограничена цена од 3.000 денари по семејство без разлик на потрошените киловати. Корисникот да има пристап до мерните уреди за да има знаење за потрошените киловати. Цената да биде иста и по потрошувачката од 700 киловати од страна на потрошувачот, а не оваа цена да се дуплира“ , се дел од барањата во документот кој ЕВН го достави до „А1он“.

„Екипите на Електродистрибуција се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, како и целосни блокади за влез во селото. Се додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување на дефекти или пак да реализираат редовни работни активности во тој регион“, велат од ЕВН за „А1он“.

Пред околу 3 недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

Жителите на кумановското село Слупчане, при обид сами да ја вклучат струјата на селото, на 5 јули предизвикаа сериозен дефект кој ги остави и околните села без снабдување.

Семејство од Студеничани контролира кој ќе има струја во селото

Два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото.

Дефектот не може да се отстрани поради едно одредено семејство кое практично ги држи другите во заложништво без снабдување со струја.

Според информации на терен, семејството веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот.

„Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија”, велат од Електродистрибуција и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата за да не страдаат невини граѓани поради одредени лица.

Жители на Слупчане со палење гуми го блокираат патот и влезот на ЕВН, каде струја плаќаат само 20 отсто од домаќинствата (Видео)

Жителите на Слупчане со палење на гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН.

Тие неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во оваа општина, објави ТВ 21.

Слупчане важи за населено место каде што најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија. Фактури за струја пристигнуваат само кај 20 отсто од домаќинствата.

Видеото може да го отворите ТУКА.

Градоначалникот на Липково бара ЕВН да им ги прости сметките за струја на жителите на Слупчане!

Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, бара на жителите од селото Слупчане да им се простат долговите за сметки за електрична енергија што се постари од 15 години, откако изминатиот период стана јасно дека таму не му се дозволува на ЕВН да работи на обновување на мрежата.

„Проблемот е што сметките за струја се стари повеќе од 15 години, кои жителите не ги платиле. Велат дека за овие долгови нема судска постапка, но во фактурите се прикажани како основен долг. Бараат да се отпишат овие долгови“, вели Арифи.

Градоначалникот на Липково за ДВ вели дека мрежата не е проблем – туку долговите на жителите на Слупчане.

„ЕВН изминатиот период вршеше санација на мрежата во повеќе села во регионот. Слупчане остана последното село каде треба да се изврши модернизација на мрежата, како и уште неколку планински села“, вели Арифи. 

Тој тврди дека жителите немаат ниту против ваквите зафати на ЕВН – напротив и тие сами бараат да се реконструира целата мрежа.

Инаку проценките велат дека само за жителите на Слупчани се краде 80 отсто од потрошената струја годишно. 

„Проблем се старите долгови од пред 15-20 години кои што ги имаат и бараат да им се поништат. Нема ниту една постапка, а долгот им стои“, објаснува Арифи. 

За колкави долгови точно станува збор, според Арифи не знаат ниту самите жители на Слупчане. Претпоставките се дека долговите толку имаат пораснато за изминативе 20-тина години.

Ќе го платиме долгот, ако ни ги отпишат каматите: Екипите на ЕВН не можат да влезат во Слупчане

Екипите на ЕВН сè уште не можат да влезат во селото Слупчане за да ја реконструираат дистрибутивната мрежа бидејќи жителите го блокирале влезот во селото и им се заканиле на работниците.

ЕВН информира дека било известено Министерството за внатрешни работи (МВР) за случајот, но и покрај тоа жителите на селото не попуштаат и не дозволуваат на екипите да работат на мрежата.

-Подготвени сме да го платиме долгот кон ЕВН, но не сакаме да плаќаме камата на каматата. Ветувањата кон селаните досега не беа исполнети, а тоа е уште една причина за револт, вели претседателот на месната заедница Селадин Шаини за „ТВ Њуз“.

Според пресметките на ЕВН, во ова село се краде 80 отсто од годишно потрошената електрична енергија, односно се наплаќа само 20 отсто од потрошените количини.

Oсама Муадини: ЕВН наплаќа струја на Македонците поефтино од Албанците

„ЕВН различно им наплаќа на Македонците и Албанците за иста потрошена струја. Кој е крадецот тука?! Кој краде струја, а кој не плаќа?!“ – тврди Осама Муадини, советник во Советот на општина Куманово од редовите на Алијансата за Албанците, во својата објава на фејсбук-профилот, која ја пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА со нејзиниот наслов „ Феноменот на сметките за струја од ЕВН, во односот Македонец – Албанец!“.

Муадини пишува: „Кога Албанец кога ќе купи стан, или куќа од Македонец и откако ќе ја среди документацијата за пренос на сопственост, се случува да го остави само струјомерот на име на македонскиот сопственик. Откако ќе почне да живее албанскиот сопственик во тој стан, или куќа, ќе продолжат да му пристигаат сметките за струја на име на поранешниот македонски сопственик со износи од 800-1500 денари.“

„Поминува 1 година и Албанецот решава да го префрли на негово име и струјното броило, за да му доаѓаат и сметките на негово име! Но, по промената на името на сметката, уште од првиот месец ЕВН за истите месечни трошоци за струја доставува фактура од 3000-4500 денари?!“

„Ова се случува само затоа што сега броилото и фактурата за струјата гласат на името на Албанецот?! Кој е крадецот тука?! Кој краде струја, а кој не плаќа?!“

Граѓани збунети дека плаќаат ДВОЈНО, ЕВН вели да се чита и задната страна на сметката

ЕВН тврди дека вистинскиот период за кој се плаќа струја се наоѓа на задната страна на сметката, а датумите кои се на нејзината предна страна се датуми на неделата кога се чита броилото.

Дали се поткраднуваат граѓаните во сметките за струја? Граѓани велат дека поради тоа што има поклопување на денови од ист месец во сметките за струја двапати плаќаат за исти денови во месецот. ЕВН, пак, тврди дека нема никакво поткраднување во сметките бидејќи на предната страна од сметката што ја добиваат граѓаните е пишана неделата во која се читаат струјомерите. Вистинскиот период за кој се однесува сметката е на задната страна на фактурата.

Откако се зголеми цената на струјата голем број граѓани се жалат дека нивните сметки се повисоки од потрошената струја бидејќи двапати плаќаат за исти денови во месецот. Загриженоста на граѓаните се прелеа и социјалните мрежи и во медиумите. Коментарите одат до таму што се вели дека годишно на ваков начин на граѓаните им се крадат високи суми пари.

– Ова е кражба, двапати ми наплатуваат за исти денови. Во сметката јасно се гледа дека има преклопување на денови. Така ми наплатуваат над 1.300 денари повеќе секој месец – вели граѓанин.

ЕВН, пак, тврди дека граѓаните се доведени во заблуда со тоа што мислат дека на предната страна на фактурата се гледа периодот на пресметка на потрошената електрична енергија. Вистинскиот период за кој се плаќа струја се наоѓа на задната страна на сметката, а датумите кои се на нејзината предна страна се датуми на неделата кога се чита броилото.

– Датумите на предната страна на фактурата се всушност датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Додека датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страна на фактурата. Реално отчитаните датуми никогаш не се поклопуваат со отчитаните датуми во претходниот месец. Овој податок на прочитана потрошувачка се наоѓа во горниот дел на задната страна, веднаш до ставката: Податоци од броило – велат од ЕВН.

Оттаму појаснуваат дека датумите на предната страна фактурата се од информативен карактер во која отчитувачка група припаѓа корисникот, а на втората страна се наоѓаат податоците врз база на кои се прави пресметката на фактурата.

– Отчитувањето на клиентите на ЕВН Хоме со тарифа домаќинства и мали потрошувачи се врши по календарски недели. На задната страна на фактурата, веднаш до ставката „Податоци од броило“ корисниците може да ги најдат точните датуми за кои им е пресметана потрошувачката на електрична енергија. Овие датуми никогаш не се поклопуваат со денови од претходниот месец и со тоа се подразбира дека не постои ни најмала можност да се соочуваат со двојно плаќање. Значи нема двојна наплата и нема преклопување на датуми на отчитување – појаснуваат од ЕВН.

Според ова, пред да помислите дека сте поткраднати, погледнете ја и задната страна на фактурата за потрошена електрична енергија. Најдобро е да го проверите броилото по отчитувањето и да направите споредба со фактурираните киловати. Односно да ги споредите со потрошените киловати од минатиот месец.

izvor Plus info

ЕВН по два пати наплаќа за струја потрошена во исти денови!

Скопјaнец се пожали дека струјата потрошена во шест дена од месецот, од 16 до 21 јули, два пати е наплатена. Еднаш во сметката за периодот од 23 јуни до 21 јули, а вториот пат во сметката за периодот од 16 јули до 22 август.

Како што може да се забележи од побјавената сметка, деновите од 16 до 21 јули се јавуваат во двете сметки, па едни исти потрошени киловати му се наплатени два пати.

Ова тој го оквалификувал со еден збор – КРАЖБА.

Дураку за струјата: Апсурдно е во Арачиново да се плаќа кога граѓаните сме сиромашни!

Арачиновецот Шефик Дураку според неговата логика и од свој агол се труди да ја објасни ситуацијата во Арачиново кое должи 6 милиони евра на ЕВН за неплатени сметки за струја.

Апоред Дурау, граѓаните кои се сиромашни, меѓу нив и жителите на Арачиново не треба плаќаат за струја која ја произведува државата преку ЕСМ, а ја дистрибуира преку МЕПСО.

Во продолжение го објавуваме целиот текст од логиката на Дураку да не се плаќа струјата:

Да се обидеме преку логика да го оспориме апсурдот!

Еве го: ЕЛЕМ е производител на струја, тоа е државна компанија која се финансира од државниот буџет со наши пари.

Со наши пари ја произведуваме струјата, со свои пари ја дистрибуираме (примарната мрежа (висок напон) и секундарната (среден напон) и потоа готовата струја по ниска цена ја продаваме на ЕВН, странска компанија која потоа ни ја продава по багателна цена…

Малку да поедноставиме: со свои пари произведуваме струја, со свои пари ја дистрибуираме и на крај се враќаме и купуваме од странска компанија.. ова е апсурдот со кој здравиот разум ја изгуби битката овде.

Еве еден многу поедноставен пример за да се разбере уште подобро…

Јас сум селанец и ти давам пример: Посадив пченично поле – земјата е моја, семето е мое, сам ја обработувам, сам ја наводнувам, сите трошоци ги плаќам од џеб и кога е жетвата, ја продавам на воденицата кај цена од 10 денари за кг… а потоа одам и купувам брашно на пазар по цена од 30 денари за кг.

Со парите што ја продадов пченицата ги платив трошоците за производство и излегов со нула (премногу труд) и потоа брашното го купив за 30 денари.. што значи дека би сакал воопшто да не засадувам пченица за да имам, отидов и купив брашно директно во мелница, никогаш порано не сум пробал..

Што сакам да кажам со ова?

Зошто да даваме пари за производство на струја кога ја купуваме истата од ЕВН?

Зошто да даваме пари од буџетот на ЕЛЕМ и МЕПСО кога државата може со тие пари да субвенционира сметки за струја за семејства без месечни примања.

П.С. Јас сум лаик на теренот, можеби грешам… само кажувам, вели Дураку, кој бил активист на ДУИ и Алијанса за Албанците, а сега не бил политички активен.