Tag Archives: Фајзер

Прва тужба во Германија поради последици од вакцината на Фајзер против ковид

Фармацевтската компанија Бајонтек утре ќе се појави на суд во Хамбург по тужбата во која Германка бара отштета поради тешки последици од нивната вакцина против ковид-19. Ова е првата во низа можни тужби во Германија поради нуспојави од вакцината.

Жената го тужи германскиот произведувач за најмалку 150.000 евра за нанесување телесни повреди и надомест за неодредена материјална штета, се наведува во барањето за отштета кое го решава општинскиот суд во Хамбург.

Тужителката тврди дека поради вакцината имала болки во горниот дел од телото, отечени нозе и раце и нарушено спиење. Нејзиниот адвокат Тобијас Улбрих кажа дека планира да ја оспори проценката на германскиот регулатор и Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината на Бајонтек има позитивен сооднос на корист и штета.

Според германскиот закон, произведувачите на вакцини и лекови се подложни на тужби и отштетни барања ако „медицинската наука“ покаже дека нивните производи предизвикуваат несразмерна штета или ако упатствата за лекот се погрешни.

Бајонтек, кој вакцината ја разви во соработка со американски Фајзер, ја смета тужбата за неоснована. Таа вакцина, истакна компанијата, ја примиле 1,5 милијарди луѓе низ светот, вклучувајќи над 64 милиони Германци.

ЕМА тврди дека вакцината е безбедна и дека во првата година од пандемијата помогнала во светот да се спасат речиси 20 милиони животи. ЕМА, меѓутоа, признава дека по вакцинирањето постои мал ризик од развој на миокардитис и перикардитис, два вида на воспаленија на срцето и дека во голема мера ги погаѓаат младите мажи.

Агенцијата досега примила околу 1.7 милиони жалби за нуспојави кои се развиле по примањето вакцина против ковид-19. Станува збор за 0,2 случаи на 100 примени дози.

Во Европската економска зона (ЕЕА) се примени 768 милиони дози вакцини против ковид-19. Најчестите и вообичаени нуспојави се главоболка, треска, замор и болка во мускулите.

Од понеделник трета доза за лицата над 60 години, здравствените работници и хронично болни

Имунизацијата која ќе стартува од понеделник ќе се одвива само со вакцината Фајзер и засега ќе ја примаат одредени категории на граѓани.

Третата доза ќе се дава од производителот „Фајзер“ без разлика на која вакцина претходно е примена. Препораката ќе важи и за граѓани кои прележале ковид, а се вакцинирани со две дози.

Вчера од КОВАКС механизмот стигнаа 100 илајди вакцини на Фајзер, а 250 илјади вакцини донации од Данска „Џонсон и Џонсон“, која се прима само една доза.

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од 12 до 15 години.

Агенцијата ја разгледа измената на лиценцата за вакцината на ‘Фајзер’ и откако потврди дека се исполнети сите законски услови, и пред сѐ, дека се исполнети највисоките професионални критериуми поврзани со безбедноста и ефикасноста, заклучи дека оваа вакцина може да се користи кај население на возраст од 12 до 15 години во Србија, јавија српските медиуми.

Како што е наведено, експертите строго ги контролирале сите научни податоци од клиничките испитувања спроведени од производителот во други земји.

Еве што се случува со девојката која ПРИМИ ШЕСТ ДОЗИ НА „ФАЈЗЕР“ ОДЕДНАШ

26-годишната девојка од Тоскана, која по грешка прими шест дози од вакцината „Фајзер“, станала првиот и досега единствен случај во светот.

Такво нешто, имено, не се случило ни за време на експерименталните фази на тестирање на вакцините. Станува збор за практикант по психологија во здравствената установа „Тоскана Норд Овест“, која беше вакцинирана во неделата.

Според странските медиуми таа е пуштена утрово од болницата во која се следи нејзината состојба.

Лекарите рекле дека нема други последици освен типичните симптоми што можат да се појават по секоја вакцина, како што се треска, болка во коските и болка во раката.

Девојката е пуштена дома, иако нејзиното здравје ќе се следи во следните шест месеци, па затоа ќе мора да проверува секоја недела.

Антонела Винсенти, директор на одделот за заразни болести во болницата „Ноа“ во Маса, рече дека сè уште не е можно да се каже какво влијание ќе предизвика ова предозирање врз имунитетниот систем на девојчето.

„Сè уште не знаеме дали ќе биде потребна втора доза од вакцината или ќе се третира како личност која не примила ниту една доза, што е скоро извесно “, вели Антонела Винченти.

Здравствената установа „Тоскана Норд Овест“ на прес-конференцијата изјави дека е отворена истрага за овој случај.

„Не сакаме да уништиме ничиј живот. Тоа е човечка грешка, ќерка ми е добро, иако се плашиме, бидејќи никој не може да ни каже што ќе се случи со нејзиното тело во иднина”, изјави мајката на девојката од Тоскана.

Сличен случај се случи и во Израел, кога медицински работник прими пет дози вакцина „Фајзер“.

Утре пристигнуваат 10 илјади вакцини на „Фајзер“

Утре се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините утре со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.

Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската „Спутник-В“ и илјада од кинеските вакцини. Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.

По 2 месеци чекање доаѓаат 20.000 вакцини од Фајзер, Македонија на европското дно според вакцинацијата

По двомесечно чекање, на 19 април во земјата ќе стигнат 10.000 дози од Фајзер и уште 10.000 една недела подоцна. Овие пратки се дел од директниот договор на МЗ со компанијата за набавка на 800. 000 вакцини. До крајот на месецот надлежните ги чекаат и 75. 000 на Астра Зенека од Ковакс, а засега нема најави за пристигнување на големите количини од Синофарм и Спутник. Дури и најавената помош од ЕУ од околу 100.000 вакцини наместо овој месец е пролонгирана за мај, потврди министерот за здравство. И додека чекаме помасовна имунизација, статистиката покажува дека Македонија е последна во Европа по број на вакцинирани. Пред нас се и Босна и  Херцеговина и Албанија. Слаб е и интересот на граѓани кои се пријавуваат на вакцинација.мк.

-Очекуваме оваа да се менува како што ќе доаѓаат вакцини во нашата земја. Имаме подготвено и кампањи како ние како Министерство, така и Владата, а секако апелирам и до граѓаните да се пријавуваат на вакцинација.мк, овие денови ќе има и апдејтирање на податоците и ќе добиаат порака на смс, вели Венко Филипче, министер за здравство. 

Досега во земјата вакцини примиле околу 30.000 граѓани. Денеска завршија вработените од критични сектори и од утре во Борис Трајковски продолжува вакцинацијата според возраст. На ред се 73 и 74 годишни граѓани за кои има околу 2500 дози од Спутник, 2000 Астра Зенека и 1000 кинески донација од ОАЕ.  

Филипче најавува големи пунткови за имунизација во уште пет градови низ државата, а покрај намалување на епидемиолошката крива, вели, се уште е голем притисокот врз болниците каде на лекување има над 1700 граѓани. Рестриктивните мерки се на сила до 20 април, но не е исклучена можноста и од нивно продолжување. 

-Во зависност од индикаторите, ако има потреба дефинитивно да, вели Филипче. 

Од друга страна, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека полицискиот час е резултат на неспособноста за набавка на вакцини. Од партијата со реакција за трошењето на пшоследните дози и го прашуваат министерот како планираат да ја спроведуваат имунизацијата. 

Сител телевизија