Tag Archives: фаланга

Фалангата доби признание од организаторот – Македонците направија фантастична атмосфера! (Фотогалерија)

Официјалниот полски профил на Светското првенство, се заљуби во македонските фанови кои синоќа креираа убава атмосфера во „Таурон Арената“.

Македонските ракометари доживеаа висок пораз од Норвешка, но македонските фанови креираа одлична атмосфера која ги импресионираше организаторите.

На официјалниот полски твитер профил за Светското првенство, организаторот на двапати ја истакна фантастичната атмосфера која ја креираше Фалангата.

Фалангата подготвена за РАКОМЕТНО ЛУДИЛО, започнува мундијалот во Полска

Според последните информации, македонските навивачи поради ултра евтините билети ги ,,разграбаа” сите слободни места и ќе бидат во голем број со поддршка за Македонија.

Еден од организаторите на СП, директорот на полскиот дел од организацијата Грегор Гутковски во изјава за „Спортове Факти“ вели дека подготовките за Мундијалот одат во добра насока, и очекува спектакл од 11 до 29 јануари.

Македонија ќе биде дел од група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а првиот меч е против скандинавскиот ривал на 13 јануари.

(Видео) Македонија се сака и кога победува и кога гyби: Фалангата со овации ги испрати македонските фудбалери

Со овации и солзи во очите Фалангата ги испрати македонските репрезентативци по мечот со Украина. Десет минути по крајот на натпреварот, трибините ечеа во чест на нашите фудбалери, кои херојски се бореа на теренот. Фалангата громогласно ги поздрави хероите кои ги оставија срцата на теренот и покажаа дека Македонија се сака и кога победува, и кога губи.

Македонија за прв пат настапи на Европското првенство во фудбал. Досега одигра два меча, со Австрија и со Унгарија. И двата, заж, завршија со пораз на македонската репрезентација.

(Видео) Фалангата го ocвојува Букурешт – ечи химната!

Македонските навивачи вчера и денеска приредуваат шоу во центарот на Букурешт, како загревање за утрешната премиера на нашата репрезентација на ЕВРО 2020.

Македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“ ечеше во романскиот главен град, а „фалангата“ уште пред да почне шампионатот сакаат да стават до знаење кој ќе биде главен на трбините во Букурешт, дури и во корона-услови…

Погледнете како изгледа атмосферата во главниот град на Романија: