Tag Archives: Featured

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

НОЌТА ПРЕД ВОДИЦИ Е НАЈМОЌНАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА

Големиот христијански празник – Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст.

На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“.

На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се осветува вода во сите цркви и храмови. Тоа е свечен обред на кој, скоро редовно, присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, бидејќи оваа Света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште, и се користи само при голема потреба (болест, вознемирување од зли духови).

Богојавление е еден од најголемите христијански празници и соодветно на тоа, се развиле многу народни обичаи поврзани со самиот ден, како и ноќта пред Богојавление.

1. Отворање на небото

Ова е најпознатиот обичај поврзан со Богојавленската ноќ. Имено, се верува дека еден ден пред Богојавление, точно на полноќ, се отвораат небесата. По тој повод, треба да се погледне во небото и да се замислат желби за кои се верува дека сигурно ќе се остварат.

2. Огледала под перницата

Вообичаено е невенчаните девојки да ставаат огледала под перниците ноќта пред Богојавление, бидејќи се верува дека така ќе го сонуваат младичот со кој ќе стапат во брак.

3. Вода од извор

Во некои делови, вообичаено е младите девојки да одат на недопрен извор на вода утрото на Богојавление, да фрлат неколку зрна пченица или некои други житни култури во неа и да кажат: „Како што поминува водата, така ќе се бере и жетвата на нашите полиња“. Потоа ја полнат водата и ја носат до своето домаќинство. На некои места, сè уште е зачуван обичајот на семејството да пие малку од таа вода преку секира, бидејќи се верува дека на тој начин ќе се избегнат расправии меѓу нив.

4. Предвидување на времето

Обичај е некаде постарите жени да ги земаат предвид временските услови на Богојавление и со тоа да предвидат каква ќе биде годината. Ако, на пример, има мраз и снег на тој ден, се верува дека годината ќе биде плодна, а ведро време најавува сува година.

УАПСЕН осомничениот убиец на Вања – Љупчо Палевски Палчо!

Првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо е уапсен.

Дел од медиумите објавија дека Палчо е уапсен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница.

Министерството за внатрешни работи закажа прес-конференција вечерва во 22:30 часот.

Осомничените добија поздрав од затворот Идризово: САМО ТУКА ДА ВЕ ДОНЕСАТ, НАЈУБАВА ПРЕСУДА ЌЕ ИМАТЕ!

На Фејсбук страницата Горан Ангелов Ќосето се појави пост со поздрав од затворот од Идризово.

САМО ТУКА ДА ВЕ ДОНЕСАТ, НАЈУБАВА ПРЕСУДА ЌЕ ИМАТЕ! – пишува на страницата.

Се БАРА СМРТНА КАЗНА – јавноста ги линчува осомничените! (Фото)

(ФОТО, извор ФБ профил на Кешишов: Палевски и Кешишов)

Љупчо Палевски познат и како Палчо е осомничениот кој според истрагата, стои зад двојното убиство извршено во Велес (каде е убиен 74-годишниот фризер Панче Жежовски)и во Скопје (каде е убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска). Палевски е недостапен и најверојатно отпатувал од државата. МВР и обвинителството не ги соопштија иницијалите и возраста на осомничените, иако вообичаено постојано ги соопштуваат, особено полицијата во своите известувања до јавноста.

Палевски има десничарска проруска партија во Македонија, се занимавал со градежништво, а по меѓународна потерница распишана од Хрватска беше во екстрадициски притвор во Белград. Имаше и свој поткаст.

Меѓу осомничените е и штипјанецот Влатко Кешишов, тој е приведен и уапсен. Трет осомничен е Велибор Манев, кој исто така е приведен, пишува Телма.

Во јавноста се вртат веќе пораки за линчување на осомничените.

МОНСТРУМИ! – ПОРАДИ ВАКВИ ЗЛА ПОСТОИ СМРТНА КАЗНА

Револтирани сограѓани ги преплавија социјалните мрежи со негативни коментари за веста Вања Ѓорчевска, 14-годишното девојче кое од понеделникот е исчезнато. Биле земена со возило од пред нејзиниот дом, а била убиена истиот ден, на 27 ноември, околу 10 часот.

Таа е убиена уште истиот ден, во близина на Скопје.

еделникот е исчезнато. Биле земена со возило од пред нејзиниот дом, а била убиена истиот ден, на 27 ноември, околу 10 часот.

Таа е убиена уште истиот ден, во близина на Скопје.

Според МВР, мотивот е користољубие.Во близина на Велес денеска е пронајдено уште едно убиено лице, на 74-годишна возраст.Во Кривичниот суд тројца од петтмината осомничени за убиството вечерва се очекуваат да бидат донесени во доцна во ноќта. Едно од петте лица е надвор од државата.

Дел од статусите на социјалните мрежи:

Во која држава живееме да не можеш детото свое слободно да го пуштиш да прошета на улица, монструми поради вакви зла постои смртна казна, каде ќе ви оди душата!

Трагедија: Вања е пронајдена почината

Во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, соопшти Јавното обвинителство.

Истовремено, обвинителството соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, велат од обвинителството, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

„Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е ‘користољубие’. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, велат од Јавното обвинителство.

Сите осомничени се од македонска етничка припадност, велат од обвинителството, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина.

Приведено е лицето кое го симна црковното и го постави албанското знаме на Попова Шапка (Видео)

Вчеравечер е уапсено едно лице кое попладнето од црквата Свети Наум Охридски Чудотворец лоцирана на Попова Шапка прво го симнал знамето на МПЦ – Охридска Архиепискоција а потоа поставил знаме на Албанија.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.

https://youtu.be/GMXr3JzI6K0?feature=shared

Роденденската торта на Бајден е хит на социјалните мрежи (Фото)

Американскиот претседател Џо Бајден неодамна го прослави својот 81 роденден, а фотографијата на која позира со торта стана тема на бројни шеги и мемиња на социјалните мрежи.

Имено, Бајден насмеан позира покрај роденденска торта на која беа запалени 81 свеќи. Со оглед на тоа што ги имаше толку многу на мал простор, свеќите се споија во голем пламен, а за тоа се пошегува и самиот американски претседател. „Благодарам на сите за роденденските желби. Излезе дека ви снемува простор за свеќи на вашиот 146-ти роденден“, напишал тој во описот, а следбениците брзо се огласија во коментарите.

„Кој решил да се пошегува за својата возраст, треба да добие покачување“, „Дали таа торта треба да ја претставува Америка денес?“, „Дајте му покачување на неговиот асистент на социјалните мрежи“, „Оваа торта изгледа како неговата крајна дестинација“, „Толку си стар што ти гори логорски оган на тортата“, се дел од коментарите, а реакциите се појавија и на Х.