Топилницата за никел од Кавадарци, ФЕНИ која сега го носи називот ЕУРОНИКЕЛ од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството, јави Лидер.
-Денеска во 10 часот се одржа состанок на менаџерскиот тим, на кој се донесе одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата,а подоцна да одат во технолошки вишок, вели извор за Лидер.
Ова што се случува со ЕвроНикел, оваа компанија ја прави до овој момент најголема компанија која е жртва на енергетската криза.
Оваа топилница од јавно достапните информации има повеќе од 700 вработени, нивните работни односи во фирмата се неизвесни.