Tag Archives: филм

И НА ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР МУ ПУКНА ФИЛМОТ: Каде се милијардите што ги дадовме!?

Холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп, во емисијата „Дипломатија и бизнис“ на МРТ рече дека уставните измени се користат како изговор од македонските власти за неспроведување на реформите.

„Неопходните реформи можеа да бидат направени пред 10-15 години, а не беа направени. Неиздржано е да се зборува за евроскептицизмот од тој асепкт, дури е и навредливо, зашто после 20 до 30 годоини поддршка за да влезете во ЕУ, прашањето е каде се милијардите, каде се и што се случи со обуките што ги спроведувавме? Зошто сите нови правила и регулативи не се правилно имплементгирани? Дали е тоа прашање на менталитетот? Можеби се сеќавате, наши даночни обврзници ги платија вакцините за коронавирусот за Западен Балкан. Европската комисија пред неколку месеци даде дополни 200 милиони евра за Владата на Македпнкија поради високите цени на енергенсите и инфлацијата иако и нашите даночни обврзници беа соочени со истиот енергетски проблем и високите цени.

Слушам кога се вели дека повеќе пари даваме за Бугарија, Романија, Грција, а не за земјите од Западен Балкан… Па да одговорам вака: Дали вие треба џепарлак да давате за своите деца или и за децата на соседите и тоа во ист износ? Смешно е. А што се однесува до проблемот со третите земји, тоа не е изразен толку многу во вашата земја. Вистинскиот проблем е што луѓето немаат доверба во институциите. Таа доверба е десет пати помала во споредба со земјите од ЕУ. Луѓе се жалат на судовите, обвинителството, полицијата… Добиваме писма и мејлови. Па ние не сме слепи“, рече Коп.

Тој додаде дека за Холандија, кога станува збор за евроинтеграциите на Македонија, секогаш првенствено ќе се мери колку се спроведуваат реформите пред се. Неговата порака е остра критика до македонските власти дека не се фокусирани на рефомите.

„Целта треба да ви биде влез во ЕУ, а тоа може да се случи за неколку години кога ќе ги исполните условите. И, ако до тогаш не го смените Уставот, тогаш ќе мора секако да го смените за да се внесат сите промени во новата рамка на денот кога вашето знаме ќе биде поставено до нашето во Брисел“, додаде амбасадорот.

Ги заведе ЈУ-земјите како Љиљана од филмот „Офицер со роза“ – Како изгледа по 4 децении ?

Драгана Мркиќ ја освои публиката откако одигра забележителни улоги во бројни култни продукции.

Во нејзината актерска работа, меѓу другото, останаа запаметени експлицитните сцени што ги сними. Врвот на популарноста го стекна во продукцијата „Офицер со роза“, каде го толкуваше ликот на Љиљана.

Познатиот филм „Офицер со роза“ на режисерот Дејан Шорок беше премиерно прикажан во 1987 година на фестивалот во Пула, каде што Шорак ја освои Златната арена за најдобро сценарио, а Жарко Лаушевиќ за најдобар актер. Овој филм постигна голем успех, не само во Југославија, туку и пошироко, а умерените еротски сцени и интересниот заплет ги создадоа Лаушевиќ, Ксенија Пајиќ и Драгана Мркиќ.

Филмот доживеа голем успех, не само во Југославија, туку и пошироко, а умерените еротски сцени и интересниот заплет ги создадоа Лаушевиќ, Ксенија Пајиќ и Драгана Мркиќ.

Дејствието на филмот е поврзано со 1945 година, кога веднаш по Втората светска војна, партизанскиот офицер Петар, кој во филмот го игра Жарко, доаѓа во Загреб со неговата свршеница Љиљана, која ја игра Драгана, и заедно почнуваат да живеат како станари со Матилда, која ја играше Ксенија. Петар се вљубува во Ксенија, со која започнува страсна врска, откако неговата вереница Љиљана ќе го напушти Загреб. Насловот на филмот е изведен од сцената во која Петар носи две рози, по една за Љиљана и Матилда.

Насловот на филмот е изведен од сцената во која Петар носи две рози, по една за Љиљана и Матилда.

Тројцата актери кои ги играа главните улоги во оваа продукција уживаа огромна популарност, Жарко Лаушевиќ по долги години се врати на актерството и имаме можност повторно да го видиме на екранот. Ксенија Пајиќ повремено игра во театарот, но многу малку се знае за најмладата членка на оваа актерска екипа Драгана Мркиќ.

Драгана Мркиќ играше во култните југословенски филмови „Искушение на ѓаволот“, „Поглед од Ајфеловата кула“, „Погледни ме“, „Гњурац“, „Вештачки рај“, „Планински венец“, серијата „Сложна брача“, но познавачите на југословенската кинематографија најмногу ја паметат како убава црнка од филмот „Офицер со роза“, каде што го имаше своето деби.

Драгана Мркиќ во филмот во режија на Живко Николиќ, „Искушение на ѓаволот“

Во едно интервју таа познатата сцена од филмот, кога Љиљана и Матилда се капат заедно во када, ја нарече „нежна, чиста и невина“.

„Сцената во која јас и Ксенија се бањаме е снимена во стан во Загреб. Се сеќавам дека на снимањето имаше многу смеа и дека сцената ја доживеавме сосема нормално и опуштено. Како една од поважните карактеристики би ја истакнал лузната што ми ја залепија, бидејќи младиот партизан што го играв мораше барем еднаш да биде ранет. Таа лузна ми беше многу смешна“, рекла еднаш актерката.

Вака денес изгледа актерката Драгана Мркиќ

Драгана денес режира претстави, предава глума во училиште, а повремено игра и во театар. Живее и работи во Белград.

НОВА „Невозможна мисија“ – веќе со над 2 милион прегледи (ВИДЕО)

Откако е објавен пред скоро еден ден, прегледан е 2.4 милиони пати.

Круз се враќа како Итан Хант во долгоочекуваното продолжение на акционата франшиза, а ќе му се придружат и другите ѕвезди од Mission Impossible, Винг Рејмс, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Хенри Черни, Ванеса Кирби и Фредерик Шмит.

Трејлерот започнува со тоа што Круз драматично застанува со својот мотоцикл на самиот раб на карпа, но не поминува долго пред да одлучи дека и тоа нема да го спречи да забрза.

Официјалното име на филмот е Mission: Impossible – Fallout with the Dead, Part 1, а во кината треба да пристигне на 12 јули.

„ЗБОГУМ Холивуд?

Актерот Џони Деп денеска во Кан изјави дека повеќе не му треба Холивуд.

Од Деп беше побарано да се повлече од франшизата за „Хари Потер“ „ Fantastic Beasts“ поради обвинувањата за наводно злоставување на неговата поранешна сопруга, а сега изјави дека не е заинтересиран да се врати во студиски проекти откако беше бојкотиран од Холивуд.

Деп се појави на Канскиот филмски фестивал еден ден по премиерата на неговиот прв филм по три години, „Jeanne di Bari“, во кој го игра кралот Луј XV, објави АП.

Ова е првиот филм на Деп откако жирито во голема мера го прекина минатата година неговата страна во правната битка со поранешната сопруга Амбер Херд.

Дел од аргументите на Деп во тој судски процес за клевета во 2022 година беше дека тој ја изгубил работата поради наводите на неговата поранешна сопруга дека ја злоставувал пред и за време на нивниот краток брак, а на Амбер Херд и било наложено да му плати на Деп отштета од 10 милиони долари.

По прикажувањето на филмот, на канскиот фестивал публиката го награди со седумминутен аплауз.

Луѓето станаа и почнаа да му аплаудираат, а Деп едвај ги задржа солзите, наведнувајќи ја главата пред да ја прегрне француската режисерка на филмот Мајвен Ле Беско.

Директорот на фестивалот Тиери Фремо ја бранеше својата контроверзна одлука да го отвори фестивалот со филмот на Деп наведувајќи ја слободата на избор.

„Имам само едно правило во мојот живот: слобода на мисла и слобода на говор и дејствување во законски рамки. ” рече тој.

“Ако има една личност на овој свет што нема ни најмал интерес за неговото судење, тоа сум јас. Не знам за што се работи. Се грижам за Џони Деп како актер”, додал тој.

,,Сите ќе умрете!… Знам сега ни кажа директорот” (Видео)

Една од најсмешните сцени во македонската филмографија е токму на Димче Мешковски, кој вчера почина во својот дом во Лос Анџелес,САД.

Сцената е од филмот Викенд на мртовци, каде Мешко го игра Тасе, во контакт со секретарката која му вели: Сите ќе умрете … некои сега некои подоцна, никој не живее вечно”.

Пресмешна е неговата реплика и едно од најсмешните сцени од филм.

Погледнете видео:

https://youtu.be/tdgbhY-_nu8

Финалето на оваа серија ГИ СРУШИ РЕКОРДИТЕ!

Хит серијата на HBO „The Last of Us“ ја затвори првата сезона со уште еден триумф во серијата. Последната, деветта епизода привлече 8,2 милиони гледачи, соборувајќи го сопствениот рекорд за серијата, а успехот е уште позначаен ако се земе предвид дека беше објавена за време на телевизиското емитување на овогодинешните Оскари.

Ова не е прв пат датумот на објавување на нова епизода на „The Last of Us“ да се совпадне со емитување на важен настан. Поради финалето на Супер Боул, петтата епизода беше прикажана два дена порано, додека четвртата успеа да привлече 7,5 милиони гледачи за време на преносот на Греми наградите.

Иако во меѓувреме стана најгледаното шоу во историјата на HBO Max во Европа и Јужна Америка, премиерната епизода на „The Last of Us“ со 4,7 милиони гледачи заостана зад успехот на стриминг платформата, серијата „House of the Dragon“.Сепак, на крајот ги надмина резултатите од популарниот приквел на „Game of Thrones“ со просечна гледаност од 30,4 милиони гледачи по епизода. Интересно е и како во текот на првата сезона се зголемила гледаноста на серијата за цели 75 проценти.

За потсетување, „The Last of Us“ е адаптација на истоимената видео игра на развојното студио Naughty Dog, која првично беше претставена во 2013 година како ексклузива за PlayStation и беше оценета како најдобра игра на сите времиња. Серијата, базирана на играта, се одвива 20 години откако модерната цивилизација е уништена и го следи криминалецот Џоел, кој го игра Педро Паскал, кој има задача да ја прошверцува тинејџерката Ели (Бела Ремзи) од зоната на карантин.

Со текот на времето, навидум лесната задача се покажува како голем залак за Џоел, бидејќи за време на бруталното патување низ САД, двајцата преживеани се целосно зависни еден од друг.

Серијата го катапултираше до слава американскиот актер роден во Чиле, Педро Паскал, кој го толкуваше главниот лик Џоел Милер во адаптацијата на HBO на истоимената видео игра. Педро се појави порано во некои успешни ТВ-шоуа, како што се сериите „Game of Thrones“ и „The Mandalorian“, но популарноста што ја заслужува поради своите актерски способности ја стекна дури по првите епизоди на „The Last of Us“.

Љубовниот статус на Педро е прилично непроѕирен. Познато е дека тој беше во врска со колешката Марија Дизиа со која се појави во серијата „Закон и ред“, а се останато е шпекулација. Тој не е религиозен, отворено се залага за левичарски идеи и јавно го поддржуваше Габриел Бориќ за време на претседателските избори во Чиле.

„Многу сум среќен поради тоа што сега се случува во Чиле“, изјави тој по победата на Бориќ. Тој особено се залага за правата на ЛГБТК+ заедницата бидејќи има и трансродово лице во неговото семејство: тоа е неговата помлада сестра Лукс, исто така актерка и активист. Триесетгодишната Лукс, родена како Лукас Балмакеда, вели дека поддршката и разбирањето на нејзиниот брат биле клучни во процесот на транзиција завршен пред две години.

Бугарската БТВ прикажа филм – Бугарите се жртви на насилство во Македонија (ВИДЕО)

Бугарската телевизија БТВ сними документарец насловен „Бугари во Македонија“.

Документарецот, како што велат од телевизијата, е снимен во Охрид, а неговата цел е да се докаже дека Бугарите во Македонија се соочуваат со насилство, кое се поврзува со последниот настан со тепањето на Христијан Пендиков.

„ По серијата вандализам во Македонија и тепањето на Христијан Пендиков – екипа на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе ве сретнеме со неколку мажи – родени и израснати во Македонија, но тие велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство.

За првпат – за БТВ зборуваат и двајца браќа од Охрид, кои беа приведени веднаш по нападот на Пендиков.

Бугарите направиле филм за „македонските бугари“ – Ќе се емитува денеска

Бугарската телевизија БТВ за денеска најави емитување на филм со наслов „Бугарин во Северна Македонија“.

Во најавата не се наведува дали станува збор за документарец, но според објавени исечоци, во него има сведоштва на граѓани на Северна Македонија кои се декларираат со бугарска самосвест, меѓу нив е и Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.

„По серијата вандализам во Северна Македонија и тепањето на Христијан Пендиков – екипата на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе ве запознаеме со неколку мажи – родени и израснати во Северна Македонија, но велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство“,

пишува во најавата на БТВ.

За првпат, велат, јавно ќе зборуваат двајца браќа од Охрид кои биле приведени по нападот на Пендиков.

Филмот, според најавата, го снимале една репортерка и еден снимател.

„Ќе ве запознаеме со неколку мажи – родени и израснати во Северна Македонија, но велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство“, е дел од најавата за денешното емитување на филмот.

Стојановска: Првпат снимив еротска сцена пред 15 години, не се секирав што ќе кажат луѓето

Ана Стојановска е истакната актерка од помладата генерација. Препознатлива по филмовите на Милчо Манчевски и сè уште актуелна по последниот, „Кајмак“, таа е една од оние глумици што го привлекуваат вниманието. Како ќерка на Силвија и Ненад Стојановски, природно било да се запише на ФДУ. Денес, таа е вработена во МНТ, каде што зад себе има многу улоги и е дел од театарската сцена.

Сè уште со скорешни сеќавања од светската премиера во Токио за последниот филм, таа вели: „Таму беше многу возбудливо. Прво, затоа што бевме во Јапонија, второ, нè пречекаа како ѕвезди. Иако таму се изгубив додека се шетав низ градот, па по два-три часа лутање по улиците сама, завршив во полиција. Таму, место да ми помогнат да се снајдам, затоа што ми се испразни телефонот и не го знаев името на хотелот, полицијата ме однесе во продавница, ми купи полнач и ми рече: еве ,снаоѓај се“, раскажува Ана.

Кога уметноста е во прашање, секогаш е актуелна темата за разголување пред камера или снимањето љубовни сцени. Таа со смеење зборува за сцената со зелките на голите гради од последниот филм.

„Имаше многу коментари. Но, види, мене не ми е проблем разголувањето. Јас пред 15 години ја снимав првата полуеротска сцена. Тогаш можеби ми било малку непријатно. Со искуството стануваш посигурен. Порано повеќе се секирав како изгледам на камера, дали сум дебела, да не ми се гледа некое влакно на ногата или слично. Кога се снима таква сцена, не е сега ‘ај вие имајте секс’, сепак има техника, малку луѓе се присутни во просторијата. За разлика од театар, потешко е да се соблечеш од причина што има прашина на сцената, а кога снимаш за филм, барем е чиста просторијата“, вели Ана за „Репортер“.

Во сеќавањата за татко ѝ Ненад Стојановски, еден од најголемите македонски актери, вели:

„Го паметам како убав, голем, светол човек. Беше многу популарен, а денес многу повеќе го доживувам како актер затоа што кога почина, јас бев мала. Денес, кога гледам негови улоги, викам бил феноменален. Мајка ми ни е најголема поддршка и на мене и на сестра ми Јана“, вели Ана и додава: „Се случило да одиме на кастинг за иста улога и јас и Јана, мајка ми ни помага, ама никако не смее да каже која е подобра, ептен ќе ѝ се скараме“, се смее актерката.

Зборувавме и за Влатко Илиевски, со кого беше во љубов, па вели: „Многу го сакав. Беше многу убав и беше одличен глумец. Два дена пред да почине бевме кај него и игравме карти. Ме погоди неговата смрт“.

Зборувавме за модата, а ни откри и дека одлично готви. За љубовта, пак, вели: „Сама сум уште, сакам да се заљубам, ама научив да си ги простувам грешките и да се сакам повеќе“.

Текст на Вистина.мк

Сцена од филм ќе ја чинеше Џенифер Лопез ЖИВОТ !(ВИДЕО)

Џенифер Лопез и нејзините колеги од филмот „Shotgun Wedding“, Џош Дамел и Џенифер Кулиџ, раскажале како била во животно загрозувачка ситуација на снимањето.

На прашањето кој најверојатноможе да изведе вратоломија како што треба при прв обид, Лопез рече дека таа и Дамел станале многу добри во опасните сцени за време на снимањето, а потоа сподели како таа за малку ќе умрела снимајќи една сцена.

„Освен еднаш кога за малку ќе паднав од карпа. Тоа не беше забавно“, започна Лопез, изненадувајќи ја Кулиџ, кој ја праша дали е вистина.

„Да, вистина е. Ја знаете сцената кога мојот фустан се фаќа на воланот? Еднаш се закачи а воланот и ме повлече, а јас го погледнав Џош и му реков: „Џош, не ме пуштај те молам.“ На тоа тој и одговорил: „Те имам. Ако ти заминеш сите одиме“, рекла актерката и додала дека тој момент бил застрашувачки за неа.