Tag Archives: физичкинапад

Бркотници среде ноќ во Куманово – Видео снимка причина за обвинувања за напад на етничка основа!?

Бркотници среде ноќ по улиците во Куманово. На видеото од безбедносни камери објавено на социјалните мрежи се гледа како група од 10-тина маскирани излегуваат од автомобил и почнуваат да трчаат. Во атмосферата се слушаат и навредливи зборови. Според информациите кои излегоа во јавност инцидентот се случил во населбата „Орта Бунаре“, а цел на напад биле две момчиња. Причината засега е непозната. Од МВР потврдија дека во кумановската полиција бил пријавен ваков случај.

На 14.11.2022 година во СВР Куманово Б.Ш. (20) од Куманово пријавил дека околу 01.20 часот на улицата „Карл Маркс“ Куманово , додека бил во неговото возило „голф“, во кое имало уште едно лице, повеќе лица со тврди предмети му го оштетиле возилото, по што во обид да избега предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Од Алијанса за Албанците обвинија за физички напад на етничка основа од страна на маскирани лица. Од партијата велат дека доцна во ноќта бил нападнат млад албанец и бараат напаѓачите да се фатат и казнат.

– Овие сцени се слични на оние пред неколку години од поранешниот режим, каде што настрадаа многу граѓани, главно млади луѓе. Итно апелираме до надлежните органи, Министерството за внатрешни работи на чело со министерот Оливер Спасовски и заменик министерот Назим Буши, да ги идентификуваат, приведат и изведат пред органите на правдата овие хулигани кои ги вознемируваат минувачите и предизвикуваат паника кај граѓаните на Куманово, стои во соопштението од партијата Алијанса за Албанците.

Видеото во прилогот на Сител ТВ:

Драма на Бит Пазар: Две жени пpeтепале 21 годишник од Кондово

На 19.10.2021 во СВР Скопје, Л.Р.(21) од с.Кондово, скопско, пријавила дека околу 22.10 часот во близина на аптека на подрачје на Бит пазар била физички нападната од две женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

❗Физички напад врз девојка во центарот на Куманово среде бел ден (Видео)

Физички напад врз девојка во центарот на Куманово среде бел ден! Ова не смее да помине вака… А вие што снимате и ништо не превземате сте тешки шупаци.. – напиша граѓанин на Твитер и го сподели видеото кое предизвикува реакции во јавноста.