Tag Archives: фондација

Фондацијата на Гејтс: НЕМА ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ГО КОРИСТИМЕ ВЛИЈАНИЕТО И ПАРИТЕ

Фондацијата Гејтс беше критикувана дека е премногу моќна и влијателна во глобалното здравје, вклучително и Светската здравствена организација, без да преземе соодветна одговорност.

Во годишното писмо објавено во вторникот, извршниот директор Марк Сузман одговори на тие критики, истовремено најавувајќи дека фондацијата ќе потроши 8,3 милијарди долари оваа година, што е најмногу досега.

„Не е правилно приватната филантропска организација да е еден од најголемите финансиери на глобалните здравствени напори“, рече Сузман, додавајќи дека државите треба да бидат лидери.

„Но, да нема забуни – каде што има решенија за зачувување и подобрување на животот на луѓето, ние ќе бидеме таму. Нема да престанеме да го користиме нашето влијание и нашите пари за да најдеме решенија“.

Сузман рече дека целта на фондацијата не е да им каже на СЗО и на другите здравствени организации што да прават, туку да им понуди различни опции и податоци за да можат да донесат клучни одлуки.

Гејтс, технолошкиот милијардер кој ја основаше фондацијата, ја бранеше фондацијата од обвинувањата дека големите пари и даваат несоодветно влијание врз светскиот развој.

Со инвестиции насочени кон искоренување на болести како маларија и полио, фондацијата е вториот најголем донатор на СЗО. Ова е едно од прашањата што критичарите редовно го истакнуваат, особено за време на пандемијата на Ковид-19.

„Би сакал да видам уште многу влади да не надминат на таа листа, бидејќи тоа би значело повеќе спасени животи“, напиша Сузман.

СЗО минатата година се согласи дека земјите-членки треба да ги зголемат своите плаќања за да ја намалат улогата на приватните донатори и да и овозможат на организацијата да ги троши парите пофлексибилно.

БУГАРСКАТА ФОНДАЦИЈА МАКЕДОНИЈА: Додека го славите овој празник, нема место за вас во ЕУ

Државниот празник „11 октомври“ раѓа омраза кон Бугарите во Македонија и за Македонија нема Европска Унија додека денот се празнува. Источниот сосед не остана рамнодушен дека Македонија го слави Востанието на македонскиот народ против фашизмот.

Провокација стигна од бугарската фондација наречена „Македонија“ која со денови сее провокации на социјалните мрежи, пренесува ТВ АЛФА.

На денешниот официјален „празник“ во … Македонија, посакуваме да им порачаме на Македонците: немало народно востание на 11 октомври 1941 година. Ве лажат. Станува збор за кривично дело на 20 герилци од Тито кои што се фатени од полицијата во Прилеп за неколку часови. Овој „празник“ раѓа омраза кон Бугарите во … Македонија и Скопје не може да стане членка на ЕУ додека го „слави“ денешниот датум! – пишуваат од фондацијата,

Фондација, директно финансирана од државниот буџет на Бугарија, уште пред празникот ни посочи дека ако не се укине прославата за „11-ти октомври“, кога во Прилеп и Куманово била нападната како што велат – бугарската полиција, Македонија нема да може да смета дека некогаш ќе биде дел од ЕУ.

-Комисијата за историја ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица, чија жртва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев! Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека криминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода“… Срам кој наскоро ќе биде ставен на крај!, велат од „Фондација Македонија“- Софија.

Се јави Заев – Донирал 100 илјади денари преку фондацијата (Фото)

Фондација „Заев – Едно општество за сите“, на Светскиот ден на хуманоста, донира 100.000 ден на СОС Детско село и 100.000 ден за семејствата на четирите куќи од Прилеп, кои неодамна беа опожарени од удар на гром. Со хуманост да ја поттикнеме хуманоста – напиша екс премиерот Зоран Заев на Твитер мрежата.

Бугарска фондација постави бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градски парк (ФОТО)

Пред три дена активисти на бугарската Фондација Македонија поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Тие најавија дека доаѓаат во Македонија за да исчистат неколку споменици во Македонија. Од 15-ти до 21-ви август најавуваат нови активности.

„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на фондацијата.

Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11-ти август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“.

Стојанов на својот фејсбук профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза.

„Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија.