Tag Archives: фотографија

Груби опседнат со Ахмети – му заблагодари за „сонот (за автопатот)“, па објави фотографија од Али со цигара

Првиот вицепремиер Артан Груби не пропушта можност јавно да ја покаже својата лојалност кон партискиот шеф во ДУИ, Али Ахмети, за што го искористи официјалниот почеток на изградбата на автопатските делници од американско-турската градежна компанија „Бехтел и Енка“.

„Посакувам успех во градежниот процес и изразувам благодарност до сите соработници за нивната искрена посветеност, до амбасадата на Соединетите Американски Држави за нивната поддршка, а особено до Али Ахмети кој ни го даде сонот за чија реализација посветено работиме!“, рече тој пред присутните на свеченоста.

На својот профил на Фејсбук, пак, Груби објави и нова фотографија од Ахмети со цигара в уста.

„Потреба за ќеф вечерва со чадот директно нагоре. Запомнете го овој ден пријатели…“, напиша тој во придружниот коментар на фотографијата:

ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГИ СКРШИ СРЦАТА: Татко ја држи за рака својата мртва ќерка закопана во урнатините

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.100, а десетици илјади се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Спасувачите се во трка со времето. Бројот на загинати расте со голема брзина. СЗО претходно денеска процени дека бројот на загинати може да се искачи на 20.000.

Покрај последователните потреси, спасувачите имаат голема борба и со студот. Луѓето се заробени под урнатините каде што се изложени на ризик од смрт од студ, глад или повреди.

Една од најтрогателните фотографии доаѓа од разурнатиот од земјотресот град Кахраманмарас. Месут Ханчер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка. Таа лежи мртва на креветот, закопана во урнатините. Не е можно да се извлече.

Најубавата кошаркарка на светот ги стопли фановите (Фото)

Најсексапилната светска кошаркарка, убавата Италијанка  Валентина Вињали повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со разголени фотки. 

Најатрактивната кошаркарка на светот, и во зима ги топи своите фанови со разголени фотографии.

Убавата италијанска кошаркарка на радост на следбениците не престанува да објавува провокативни слики и видеа на социјалните мрежи.

Убавата Валентина која е висока 183 см е популарно телевизиско лице и модел во Италија, а иако се гордее со своите кошаркарски способности, сепак главниот приход и доаѓа од нејзиниот изглед.

Таа со години ги спојува овие две големи љубови – кошарката и манекенството, и може да се каже дека е многу успешна на двете полиња.

Сега атрактивната Валентина воодушеви со нова гола фотка.

Летото гола позираше на креветот, а зимава сличен ефект постигна со можеби најпровокативната фотографија досега. Имено, Валентина позираше пред огледалото целосно гола, без долна облека, облечена само во проѕирен фустан со светки.

Внукот на Тоше покажа необјавена фотографија од нивното семејство

Вчера, на 25 јануари, се одбележаа 42 години од раѓањето на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

По тој повод во Крушево и Скопје се одржаа низа настани кои го слават неговото дело, живот и хуманост.

Како и претходните 15 години на овој ден, социјалните мрежи беа преплавени со негово фотографии и песни кои се споделуваа во негова чест и спомен.

Неговата сестра Дора, како и секоја година, така и оваа му направи роденденска торта на која испиша порака: Секој твој роденден Тоше наша е воздишка.

Нејзиниот син Кристијан пак, на радост на сите фанови на Тоше, сподели една досега невидена фотографија од нивното семејство направена во родното Крушево.

На фотографијата се Тоше, сестра му Дора и Кристијан на свои рани години, на пикник во преубавата природа во Крушево.

Веруваме дека ова се најдраги спомени кои семејството Проески ги има и ги чува од заборав.

КРИВА ПАЛАНКА е НАЈУБАВО УКРАСЕН ГРАД во Македонија

Општина Крива Паланка заврши со новогодишното украсување  и, како што вели градоначалникот Сашко Митовски, и годинава ќе биде најубаво украсен град во Македонија. Додека во Скопје градоначалничката Данела Арсовска нема поставено ниту еден новогодишен украс и светилки, целиот центар на Крива Паланка е украсен и осветлен. Поставена е новогодишна елка, светилки, украси, има куќички за продажба на пијалоци, храна, новогодишни украси и подароци.

Градоначалникот Митовски вели дека за новогодишниот амбиент на градот не се потрошени буџетски пари, туку украсите се донација на компании и граѓани кои се по потекло од Кирва Паланка, а живеат во странство.

„Сите пари за украсувањето се обезбедени преку спонзорство од домашни и странски фири. Кога велам странски, мислам на фирми на наши иселеници кои потекнуваат од Крива Паланка и околината, а голем дел од нив за Нова Година си доаѓаат дома. Така беше лани, кога им се допадна како беше накитен градот, ми рекоа дека се презадоволни и дека следната година би сакале и тие да учествуваат во украсувањето. И си го одржаа зборот. Затоа оваа година е уште поубаво украсено од лани. Украсувањето чини вкупно 12.000 евра, без да се потроши ниту денар од градската каса. Цел град е украсен, не само плоштадот“, вели Митовски за Сакам да кажам.

Линк до фотографии:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02rbmY7RTSDR6vhxSZKrwhAiii8tqkjgNjZhPimq3BCK3qWLKgt7GqQmkFBHf6Y9vol&id=100067123301845&mibextid=Nif5oz

Можете ли да погодите кој е на сликава ?

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ (71) важи за еден од најдобрите и најпопуларни изведувачи на нашите простори. Тој пее со ист ентузијазам како и децении порано, а има се повеќе посетители на концертите, иако помладите генерации за него можеа да дознаат само од нивните родители. И со децении – ја има истата долга коса со истата фризура.

На социјалните мрежи деновиве се појави една фотографија, а поткрепена е и со тоа што Здравко не само што е одличен пејач и шоумен, туку и еден од најубавите мажи. Припадничките на понежниот пол буквално паднаа во транс на неговите концерти.

Чола одлично се држи и на почетокот на својата 8-ма деценија од животот, а многумина знаат како изгледал кога бил млад, па се согласуваат дека по изглед и харизма достоен наследник на легендарниот Чола се уште нема се појави. Дамите останаа без зборови кога беше објавена фотографијата на Чола од воените денови.

На оваа фотографија Здравко ја нема својата типична долга коса бидејќи тоа го налагаат воените закони, а тој позираше во униформа составена од сива кошула закопчана до грло и војнички костум во зелена маслинесто боја. Познатиот модник дури во војска носеше црна вратоврска над кошулата, а коментарите не недостигаа на таа негова ретро фотографија.

Зиков: Јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка … (Фото)

Љупчо Зиков, дежурниот бранител на власта на СДСМ со навреди им одговори на медиумите и на јавноста кои бараа одговори за висината на неговата плата од 120.000 денари како директор во државната компанија МЕПСО.

Зиков, во објава на социјалните медиуми безобразно и недостоинствено одговори: „јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка ставете”.

Со оглед дека, според објавената фотографија кон овој пост, може да се забележи дека Зиков консумира вино, претпоставуваме дека тоа тој го има направено во алкохолизирана состојба кога разумот и свесноста му се намалени.

Се надеваме дека дежурниот бранител на СДСМ, главниот лик во аферата „паразити”, Љупчо Зиков нема да го смени мислењето во текот на утрешниот ден кога ќе испари алкохолот од неговиот организам.

Се појави досега невидена фотографија од апсењето на Вукотиќ со македонски пасош

Се појави досега невидена фотографија од апсењето на сега убиениот водач на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ. Настаната е во летото а во 2018 година по неговото апсење во Турција и е поврзана со Македонија.

На оваа фотографија е Вукотиќ ведаш по апсењето со македонски пасош, пишува „Курир.рс“.

На фотографија се гледа Јован Вукотиќ како ги држи рацете зад грб, каде најверојатно е врзан со лисици. Седи на стол во опуштена комбинација на облека – шорцеви, маица со кратки ракави и папучи.

Оваа фотографија била направена од турската полициј кога Вукотиќ е уапсен во таа земја поради фалсификување документи.

-Таа година Вукотиќ нашол „прибежиште и безбедно засолниште“ во Анталија, каде во моментот на апсењето бил во друштво на манекенката Дејана Живковиќ, со која тогаш бил во емотивна врска – дознава „Курир.рс и додава дека Вукотиќ имал со себе лажни документи во моментот на апсењето, т.е. македонски пасош со име Георги Андонов.

– Јован бил уапсен кога со Дејана отишле во продавница. Веднаш штом излегле од скапиот автомобил, им пришле турски полицајци и го уапсиле водачот по потерница од Грција која распишала потерница од Интерпол поради сомнение дека го организирал шверцот на 135 килограми кокаин. Кај него е пронајден и фалсификуван македонски пасош-дознава „Курир.рс“

Вукотиќ потоа беше депортиран од Турција во Србија, а во Вториот основен суд во Белград се бранеше дека не е шеф на ниту еден клан но беше осуден од Вишиот суд во Белград на 15 месеци затвор за користење фалсификуван македонски пасош со негова слика

„Извини што не успеав да го победам ракот“: Си го теши братчето откако му кажува дека нема уште долго да се заедно

Трогателната фотографија од две момчиња во прегратка го потресе светот. Направена е моменти откако кога постариот му кажува на помаладиот брат дека неговиот рак се вратил и дека нема да живее уште долго.

На 15-годишниот Иан во 2019 година му бил дијагностициран остеосарком. Неговото семејство било пресреќно кога по операцијата и неколку циклуси на хемотерапија им било кажано дека ракот го нема. За жал, во ноември 2021 година дознале дека болеста не само што се вратила, туку се проширила низ телото.

Сега на Иан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека момчето наскоро ќе почине.

Кога тој му ја соопштил трагичната вест на својот помлад брат Питер, тој притрчал во прегратките на Иан и неутешно плачел. Иан, од друга страна, останал храбар, го тешел својот брат и му се извинил што не можеше да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент беше објавена на Фејсбук од човек од Орегон по име Бенџамин Елиот, чија врска со Иан и Петра е непозната, и брзо се прошири на интернет, оставајќи многу корисници потресени.

Без зборови, оваа фотографија испраќа многу посилна порака отколку што некогаш можеле зборовите, напишал Бенџамин со фотографијата.

Фотографијата на следниот линк:

https://www.facebook.com/100082037553048/posts/pfbid02J1VexfdnYBsoFAGHvaT62Wenw6Ya4h5mb7FcwNfW335ofLMw1mXmk6MU8ZkGfWXdl/

Братот на Мартин: Ова е последната фотографија од брат ми направена последниот ден пред исчезнувањето

Братот на исчезнатиот Мартин, Горан Јовановски на Фејсбук сподели фотографија од неговиот исчезнат брат за која вели дека е фотографирана денот кога тој исчезнува во водите на Егејското Море кај Посиди.

– Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата се уште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат слободно исконтактирајте ме. Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика, пишува Горан, братот на Мартин.

По Мартин се трага веќе пет дена, а претходно беа пронајдени и спасени неговите двајца другари Иван и Васил.