Tag Archives: фудбал

,,Следниот фудбалски натпревар министрите ќе го играат во Идризово, ако бидат послушни“

Сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на блефот на министрите од ДУИ дека доколку опозицијата ги изгласа уставните измени тие се спремни да заминат во опозиција.

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, на министрите од ДУИ им порача, наместо оставки, да си подготват одбрани.

„Доста глумење жртви, разум и европски вредности зашто вие сте сѐ, освен тоа. И, да, може и фудбал да ви дозволат да играте во затвор, се разбира – ако сте послушни“, вели таа.

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска вели: „Министрите може и пресуди да си потпишат, нивен проблем“.

На социјалните мрежи таа пишува дека проблем на народот е нивниот криминал, нивното беззаконие, нивната алчност, нивната неписменост да прават и да потпишуваат штетни договори за Македонија.

„Овие проблеми ќе се решат, одговорност ќе има! Дополнително, како на мало дете, да повториме за власта во заминување: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата НЕМА да гласаат за уставните измени под бугарски диктат“, вели Стаменкоска-Трајкоска.

„Евтини трикови не ви проаѓаат повеќе. Оставките ќе ви ги завери македонскиот народ на следните парламентарни избори по што следниот натпревар во фудбал ќе го изиграте во ‘Идризово’“, коментира Мирче Аџиоски.

Пратеникот Миле Лефков смета дека министрите не се учесници во процесот на менување на Уставот и со оставките ја злоупотребуваат својата положба.

„Министерските места што си ги користеа за бизниси, за рекет, за провизии, за обезбедувања блиски, од денес јавно се користат и за ПОСРЕДУВАЊЕ при спроведување туѓи барања! Министрите НЕ се учесници во процесот на менување на Уставот, со ова ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат ПРОТИВПРАВНО да ПОСРЕДУВААТ во туѓ интерес! Кривично дело по дефиниција! Противправно посредување чл. 359 од КЗ.
(2) Тој што со искористување на својата службена или општествена положба или влијание ќе посредува да се изврши службено деіствие што не би смеело да се изврши, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, напиша тој.

Дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот? (Видео)

Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.

Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.

Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?

Доаѓате на собир со Луј Витон, Ролекси и глумите ѕвезди, а на терен сте – ФК Долно Дупени

Македонија вчера доживеа дебакл на „Олд Трафорд“ против Англија (0-7) во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а тоа предизвика бурни реакции кај македонската публика.

Навивачите не се задоволни од настапот на македонските фудбалери, иако играа против моќната Англија, но ова не е прво разочарување.

Пред неколку дена Македонија разочара и против Украина, откако водеше со 2-0 на полувреме, а на крајот загуби со 2-3.

„Ова е најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал!“(ФОТО)

Иконата на македонскиот фудбал, Горан Пандев преку социјалните мрежи го кажа своето мислење за актуелната состојба во репрезентацијата по дебаклот од Англија.

Откако беше повикан на инстаграм стори да даде свое мислење, Горан Пандев одговори на слика на која се посочени личности меѓу кои претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот, Боби Милевски. 

„Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал, нека ни е чест на сите“, напиша Пандев.

Горан Пандев уште пред историскиот настап на Европското првенство влезе во жестока битка со раководството на ФФМ застанувајќи во одбрана на селекторот Игор Ангеловски кој беше сменет и покрај одличните резултати со селекцијата.

,,Сите амбасадори што дошле кај мене шутирале, градоначалникот на Тирана даде гол со петица” (Видео)

Нема амбасадор што дошол во мојата канцеларија, а да не шутирал фудбал, изјави вицепремиерот Артан Груби прашан за фотографиите што ги објави вчера, а на кои министрите од ДУИ играат фудбал во неговата канцеларија.

Се извинувам ако фотографиите до толку задираат во вашите чувства. Јас сум спортски тип“, рече Груби.

Вицепремиерот коментира дека пред некој ден словачкиот амбасадор играл фудбал во неговата канцеларија, но тоа не било оценето од страна на медиумите како скандалозно. Исто така, градоначалникот на Тирана шутирал во просториите на Министерството за политички систем и дал гол со петица.

Ова е таа хистерија за која зборувам, двојни стандарди, селективни правди, измислување теми“, рече Груби.

На прашањето дали тој како највисок играл центар, вицепремиерот одговори: „Јас дриблам“.

БЕКТЕШИ ЗА ДРИМ ТИМОТ И ФУДБАЛОТ НА АХМЕТИ: Да бевме во странство, за тоа видео, ќе добиевме аплаузи и сите ќе аплаудираа

Тоа видео да се направеше во странство ќе добиевме аплауз, вели министерот за економија Крешник Бектеши во интервјуто за РСЕ што ќе биде емитувано целосно в недела, откако тој беше дел од функционерите кои се снимија во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби како играат фудбал и кошарка.

– Јас мислам тоа видео да се направеше во странство, сите ќе аплаудираа, но кон ДУИ се упатуваат сите стрели затоа што е најстабилна политичка партија и затоа има такви реакции за жал. Мене ми е криво што се креира една негативна енергија генерално во општеството заради тоа што такво видео не е во фазла употреба, туку тоа може да се направи во секое работно место. Ние сме колеги и го направивме како антистрес, без да сакаме да пратиме некому порака, рече Бектеши.

„Што е чудно што си игравме во канцеларија?“: Груби вели дека има „хистерични реакции за сѐ и сешто“

„Не гледам ништо неморално, коментарите не се долични. Едноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, толку, ништо посебно. Сме станале општество на хистерични реакции за сѐ и сешто“, вели вицепремиерот Артан Груби во врска со објавата од попладнево, во која тој сподели фотографии од него и министрите од ДУИ, како играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет.

Груби вели дека денот бил напорен и предизвикувачки. Пораката од „играњето“ била дека се одличен тим, многу сложни заедно, дека се млади и полетни, желни за резултати…

„Не беше во работно време, но и да беше. Беше по завршување на Управувачкиот комитет за изградбата на коридорите 8 и 10 д што е најголем проект во независна Северна Македонија. Потоа имаше владина едница со многу точки и обраќање на шведската амбасадорка. Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе прв пат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракомет…“ рече Груби во гостувањето на „ТВ24“.

Тој вели дека во сегашната опозиција „нема некој кој е доволно фраер за да игра фудбал“.

Во врска со синиќешното двојно убиство во Скопје, Груби рече дека нема повеќе информации и не ги знаел жртвите.

„Не ги знам жртвите, ниту сум ги сретнал. Страшно е тоа што се случи. Апсолутно е неприфатливо и ги осудувам најостро ваквите криминални дела. Ги охрабрувам МВР и обвинителството да ги најде извршителите“, рече тој во емисијата „24 Анализа“.

ВИДЕО: Прв натпревар во Турција по земјотресот, фудбалот во втор план – Трогателна порака се појави на трибините

На стадионот „Шенол Гунеш“ вчера во Конференциската лига се одигра натпреварот меѓу Трабзонспор и Базел, кој е првиот голем спортски настан во Турција по страшниот земјотрес.

Навивачите на Трабзон пред натпреварот изведоа специјална кореографија со голема фигура на спасител на чиј шлем се знамињата на некои земји кои им дојдоа на помош на Турците. Беше истакната порака: „Ќе бидеме заедно, ќе си ги преврземе раните“.

И швајцарскиот тим свесен за деликатниот момент испрати трогателна порака до домаќините пред натпреварот.

-Во вакви моменти фудбалот останува во втор план. На нашето патување мислите ни се со жртвите од земјотресот и затоа ќе објавуваме само црно-бели фотографии“.

Исто така, Трабзон реши, а Базел поддржа, да нема славје на теренот доколку се постигне гол.

-Дефинитивно ќе се приклучиме на тоа и ќе им кажам на играчите дека ја почитуваме таа одлука. Ќе им кажам дека не славиме ако постигнеме гол, изјави Хајко Вогел, тренерот на Базел.

Емотивен беше и тренерот на Трабзон, Абдула Авчи.

-Ќе го одиграме најтешкиот натпревар во нашите животи. Имаме многу болки… Само сакаме да помогнеме да залечиме некои рани што е можно повеќе со обединувачката моќ на фудбалот. Сакам да им заблагодариме на спасувачките тимови од целиот свет кои дојдоа и им благодариме на сите што ни подадоа рака на помош, рече тој.

Пеле и Марадона: Од денеска таму горе е фудбалско шоу! (ФОТО+ВИДЕО)

Пеле или Марадона? Кралот или Богот? Бразил или Аргентина? Тоа беше дилемата на минатиот век. Сега и со Меси светот го доби и третиот, некои викаат најголемиот.

По Марадона од денеска меѓу нас не е Едсон Арантес до Насцименто или скратено Пеле.

Диего си замина пред две години, денеска си замина и Пеле. Можеме само да претпоставиме какво фудбалско шоу ќе биде таму горе. Сега и Пеле и Марадона ќе играат во ист тим.

Кралот и Богот, е тоа е…

На времето и двајцата немаа баш премногу убави зборови еден за друг. Но возраста, староста си го прави своето. Прво Марадона го повлече потегот на задоволство на сите фудбалски фанови кога кажа дека Пеле е кралот, а Бразилецот врати со порака дека Марадона е еден и единствен.

Кога Диего почина токму Пеле беше меѓу првите кој се јави и се прости од Марадона. Тоа беше знак дена “војната“ меѓу нив и дефинитивно заврши.

Сега и Диего од таму горе сигурно дека испрати своја порака.

Штета, не играа еден против друг како во новото време Меси и Роналдо, за да кажеме кој е подобар. По интернет има неколку видеа од нив двајцата, ама едно воодушевува кога ја искажуваат сета своја виртуозност и тоа заедно.

Бразил е во шок, како што тоа беше Аргентина пред две години. Фудбалските фанови, оние кои го сметаа(т) Пеле за најголем исто така се во шок. И покрај неговата борба со тешката болест, се надевавме дека Пеле и сега ќе победи.

Но против некои работи едноставно не можеш.

Ете некој од горе го викна Пеле по само две години да му се придружи на Диего.

И сега двајцата со нивните насмевки, нивната фудбалска генијалност, ќе бидат заедно.

Дали е тоа знак дека Бразил и Аргентина фудбалски ќе престанат да “војуваат“ околу тоа кој е најдобар, кој е подобар, Пеле или Марадона.

Вистинските фудбалски фанови тоа го знаат.

Марадона е Богот, а Пеле Кралот.

Е, па, мајстори, играјте таму горе како во најдобрите денови…

Аргентина е СВЕТСКИ ШАМПИОН!

Големото финале на Светското првенство во Катар донесе голема драма и победа на репрезентацијата на Аргентина во дуелот со Франција 4-2 (3-3 регуларен дел). Аргентинците имаа убава предност од два гола, но тоа светскиот првак го анулира за две минути. И по продолженијата немаше победник, бидејќи беше постигнат по еден гол во секоја мрежа. На крај, одлучија пеналите, по кои поуспешни беа аргентинските фудбалери, а трагичари беа Кингсли Коман и Аурелиен Чуамени.

Бранителот на светскиот трон одигра катастрофално прво полувреме. Противникот предводен од Лионел Скалони ги постигна единствените два гола и стекна висока предност. Од самиот почеток „гаучосите“ тргнаа амбициозно и агресивно. Тоа им донесе резултат и два погодоци. Анхел ди Марија беше најдобар поединец на теренот. Офанзивецот доби шанса од првата минута и беше нерешлива енигма за десната страна од француската одбрана. При еден негов пробив Осман Дембеле стартуваше невнимателно и направи пенал. Меси ја презеде одговорноста и погоди за 1-0.

Французите не одговорија соодветно. Нивната тактика очигледно беше да се препушти играта на противникот, кој вторпат ја казни лошата поставеност на „триколорите“. По една убиствена контра, Аргентинците стекнаа двојна предност. Ди Марија се најде на вистинското место за да ја комплетира одличната акација на својата репрезентација. Дидие Дешамп одговори со две измени пред паузата. Оливие Жиру и Осман Дембеле не ги задоволија неговите очекувања и завршија на клупата за резерви. Долгото продолжение не помогна, па Аргентина замина во соблекувална со огромна позитива.