Tag Archives: Газа

Загинале тројца македонски државјани во Газа? – Османи нема потврда

На прес конференцијата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи беше презентиран извештајот за досегашните државни напори да се извлечат македонските државјани кои се наоѓаат во воените подрачја во Газа и Израел. Османи на новинарско прашање рече дека нема информација за тројца загинати македонски државјани во Газа, како што соопшти Еврејската заедница во Македонија.

Османи сподели информација дека има само една брачна двојка заглавена во Појасот Газа, која се нашла на па непосредно пред затворање на преминот, по што останала во блокираниот дел.

– Тие во моментот се безбедни. Ситуацијата таму е многу променлива, и тие можеме да сметаме дека се во некаков ризик. Работиме и со властите во Египет, за да ги ослободат да излезат, а потоа ќе организираме превоз од Египет. Меѓутоа, засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа, објасни Османи.

Инаку, досега , како што рече Османи, се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе се вратени, додека останатите 90 би требало да пристигнат утре.

Газа е пеколот на земјата (Вознемирувачко Видео)

„Во текот на последните 24 часа, авионите на воздухопловните сили извршуваа опсежни напади долж должината и широчината на Појасот Газа, предизвикувајќи пустош врз терористите на Хамас“, се вели во соопштението на ИДФ.

На социјалните медиуми се појавуваат видеа на кои се гледа како по ракетните напади зградите паѓаат какo кула од карти, а од птичја перспектива се гледа дека појасот Газа полека се брише од лицето на земјата.

Страшни сцени го ужаснуваат светот од војната во Израел и појасот Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле воздушни напади врз 130 цели на Хамас во Газа во изминатите три часа.

Најтрогателна е сцената како татко го држи во раце своето мртво девојче по ракетните напади од страна на израелската војска.

Свети ПОРФИРИЈ, епископ во Газа: Успеа да ги приведе газаните во Христовата вера

Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во Мисирската пустина. Под раководство на опитен духовник младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. После ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник, монахот Марко. Се подвизуваше во една пештера близу Ерусалим пет години, но тогаш расслабе во нозете и не можеше да оди. Сепак, ползејќи на колена постојано ги посетуваше Божјите служби. Една ноќ му се јави во видение Самиот Господ и го исцели од болеста во нозете и стана сосем здрав. Кога го избраа за епископ во Газа Порфириј ја прими таа должност со тешко срце. Во Газа затекна само двесте и осумдесет христијани; сите други жители беа идолопоклоници, и тоа фанатици. Само со својата голема вера и трпение Порфириј успеа да ги приведе Газаните во Христовата вера. Мораше лично да патува во Цариград кај царот Аркадиј и кај патријархот Јован Златоуст за да бара потпора во нерамната борба со идолопоклониците. Бараната поддрша ја доби. Идолските храмови беа затворени, идолите урнати, а тој изгради прекрасна црква со триесет меремерни столбови. Ѕидањето на овој храм особено го помогна царицата Евдоксија. Порфириј поживеа доволно долго за да го види целиот град Газа обратен во христијанската вера, но дури после неговите долги и тешки напори, страдања и плачни молитви кон Бога. Се упокои мирно во 421 година. Беше чудотворец за време на животот и по смртта. Моштите и денес му почиваат во Газа.

(Видео) Cкaндалозни наводи: Дали Изpaел ја бoмбapдира Газа со забpaнето opyжје кое ја топи човечката кожа?

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел ја ракетирал палестинската територија со фосфорна бомба.

Видеото објавено на „Твитер“ покажува два чада на местото на нападот, црн и бел, за кои корисникот на социјалната мрежа кој го објави видеото тврди дека е доказ дека Израел фрлил фосфорна бомба, која е забранета со Женевската конвенција од 1980 година. Автентичноста на снимката и тврдењето за тој вид бомба не се потврдени.

Меѓу сите запаливи материи што се користат во запалива муниција, белиот фосфор зазема посебно место. Ова се случува поради неговите уникатни хемиски својства и пред сè поради температурата на согорување, која достигнува 800-1000 Целзиусови степени.

Друг важен фактор е способноста на оваа супстанција спонтано да се запали при интеракција со кислород во воздухот. Кога гори, белиот фосфор ослободува густ отровен чад, што исто така предизвикува изгореници на внатрешниот респираторен тракт и труење на телото.

Доза од 0,05 до 0,1 грам е фатална за луѓето, а во зависност од количината топи човечко месо.

(Видео) Јас сум само дете, зошто некој би не убил – Девојче од Гaзa гo pacплaкa cвeтoт 😔

Потресни зборови на десетгодишно девојче, откако нејзините врсници од соседството беа убиени.

Воените напади помеѓу Израел и Хамас најтешко им паѓаат на жителите на Газа каде секојдневно гинат луѓе, најмногу Палестинци, а видео со десетгодишно девојче од ова разрушено подрачје го потресе светот.

Надин Абдел Таиф почнува да плаче на сред интервју додека ги покажува урнатините позади себе во кои страдале осум деца и две жени, нејзини соседи.

„Не знам што да правам, имам само 10 години. Не можам повеќе да се носам со ова. Би сакала да бидам доктор и да им помогнам на моите луѓе, но не можам. Јас сум само дете. Кога ќе го видам сето ова, буквално плачам секој ден. Се прашувам со што сме го заслужиле ова. Моето семејство вели дека не’ мразат (Израелците н.з.). Едноставно не не’ сакаат зошто сме муслимани. Погледнете ги сите овие деца околу мене, тие се само деца. Зошто некој би фрлил ракета на нив и би ги убил? Не е фер“, низ солзи зборува Надин.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Во меѓувреме, немирите помеѓу Израел и Хамас не стивнуваат. Напротив, се интензивираат. Израел продолжи со воздушни напади во појасот Газа, но ниту Хамас не остана должен, па лансираше ракета во насока на Тел Авив. Петти ден откако почна новиот конфликт, загинаа стотици луѓе, а Израел тврди дека на нивна територија, од правец на Газа, се фрлени повеќе од 2.000 ракети.

Последна вест е дека во воздушен напад Израел ја уништил кулата во која се сместени редакциите на телевизијата „Ал Џезира“ и на агенциите „Асошиејтед прес“ и „Франс прес“.

Светските сили повикаа на смирување на тензиите, освен турскиот претседател кој повика муслиманскиот свет да го „избрише“ Израел.

Извор: mastilo.mk

(Видeo) Шoкантно известување во живо: Новинар известуваше кога зад него згpaда беше ypната од пpoектил

(Видeo) Шokантно известување во живо: Новинар на Би-Би-Си известуваше кога зад него згpaда беше ypната од пpoектилЗа време на директен пренос на Би-би-си за ситуацијата во Газа, зад новинарот се сруши зграда погодена со проектил.

https://youtu.be/1eCUerIGN8k

Израел извpши дoceгa нajcилeн yдap вpз пojacoт Гaзa – Бpoјoт нa жpтви ce иcкaчи нa 119, двe дeцa гo изгyбиja живoтoт yтpинaвa

Израелската војска рано утрово соопшти дека нејзините сили извршиле најсилни удари врз Појасот Газа од почетокот на конфликтот со екстремистите на таа палестинска територија.

Според Министерството за здравство во Појасот Газа, бројот на убиени Палестинци се искачи на 119, вклучувајќи 31 малолетник и 15 жени, а околу 830 лица се ранети.

Девет лица беа убиени во Израел, вклучувајќи две деца, еден војник и пет жени.

Околу 2.000 ракети и минофрлачки проектили се истрелани од Појасот Газа од понеделникот, кога почна најсилниот конфликт од војната во појасот Газа во 2014 година, според израелските медиуми.

Ноќта помеѓу четвртокот и петокот беа истрелани 220 ракети, од кои 30 паднаа во палестинска територија.

Десетици ракети насочени кон станбени области биле пресретнати од противракетниот систем „Железна купола“.

Израелски авиони истовремено извршија голем напад врз мрежата на тунели ископани од исламистички Хамас под градот Газа околу полноќ. Нападот траеше околу 40 минути, а 450 ракети беа истрелани кон 150 цели. Армијата соопшти дека големината на штетата се уште не е утврдена. Израелскиот воен портпарол Хидаи Зилберман, објасни дека војниците се уште се на израелска страна и не влегле во Појасот Газа и покрај претходните тврдења за спротивното.

Испукани се околу 500 артилериски гранати, заедно со 50 тенкови гранати.

Палестинците во Газа соопштија дека израелскиот напад траел еден час и дека има многу жртви.

Портпаролот Зилберман изјави дека операцијата е резултат на разузнавачки информации и внимателно планирање.

Израелската армија спремна да влезе во Газа, Пентагон со поддршка (Видео)

Израелската армија може може да изврши копнена инвазија на Појасот Газа во текот на денот, јавува Тајмс оф Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека атентатот врз командантот на градската бригада Газа, Басем Иса е „само почеток“ на офанзивата, а Соединетите држави соопштија дека Израел има право да се брани.

Нетанјаху вети дека ќе стави крај на „анархијата“ меѓу Израел и Палестина Нетанјаху вети дека ќе стави крај на „анархијата“ меѓу Израел и Палестина.

Борбите меѓу Израел и Палестина се интензивираат последните денови, најмалку 67 лица загинаа во израелските воздушни напади врз Газа и седум загинати во нападите на Хамас врз Израел. Повеќе од 400 се повредени во регионот.

Хамас изрази подготвеност да ги запре нападите доколку Израел го стори истото.

Израелските одбранбени сили соопштија дека „десетици терористички цели“ биле нападнати во текот на ноќта, вклучувајќи инфраструктура, воени пунктови на Хамас и безбедносни штабови на Хамас.

Тие го обвинија Хамас за цивилните жртви во последните денови, велејќи дека тие „намерно ги ставаат своите воени средства во срцето на цивилното население“ и дека војската презема „мерки на претпазливост за да се минимизираат можните штети на цивилното население за време на своите воени активности.

Советот за безбедност на ООН одржува трет состанок оваа недела за да разговара за тековниот конфликт. Според извештаите, состанокот во петок ќе биде прв што ќе биде јавен и ќе вклучува и учесници од Израел и Палестина.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска ја повтори железната поддршка од Соединетите Американски Држави за Израел за време на разговорите со израелскиот колега Бени Ганц, објави Пентагон.

„Министерот Остин ја изрази железната поддршка на Министерството за законско израелско право да се брани себе си и својот народ“, рече портпаролот на Пентагон, Џnон Кирби, во изјавата, пренесе Ројтерс.

„Тој ја повтори важноста на напорите сите страни да преземат чекори за враќање на мирот“, додаде Кирби.

Израел во војна со Палестинците – двете страни разменуваат оган, многу загинати и ранети

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади.

Израелската армија утрово објави дека како одговор на гранатирањето од Појасот Газа врз Израел, гаѓала 130 цели на палестинската територија кои припаѓаат на Хамас.

Најмалку 15 припадници на палестински вооружени групи се убиени во Појасот Газа. Војската исто така потврди дека извршила десетици воздушни напади врз појасот Газа во текот на ноќта, насочени кон воени инсталации и припадници на Хамас.

Во Газа, синоќа во израелски напади беа убиени 22 лица, од кои девет деца, а над 700 Палестинци беа повредени во судирите со израелските сили во Ерусалим и во Западен Брег во последните 24 часа, а 500 од нив беа примени во болници , Пренесува АП.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека терористичките организации во Газа ја преминале „црвената линија“ и извршиле ракетен напад врз предградијата на Ерусалим.

Тој рече дека борбите можат да продолжат уште некое време и дека кој ќе го нападне Израел ќе плати висока цена.

Во изјава утрово, водачот на Хамас, Исмаил Ханија, рече дека ракетните напади ќе продолжат, сè додека Израел не ги запре дејствијата на тероризам и насилство во Ерусалим, во близина на џамијата Ал Акса.