Tag Archives: генерал

Снимка на генерал Апостолски: „СЕ БОРЕВМЕ СО ТИЕ ШТО ТВРДАТ ДЕКА СМЕ БУГАРИ“

На социјалните мрежи беше споделена кратка аудио-снимка од легендарниот генерал и прв редовен член на МАНУ – Михајло Апостолски. Генералот раскажува за борбата меѓу партизаните и бугарските фашисти за време на Втората светска војна.

„Секоја чука на Плачковица е забележана со борби и тоа баш против Бугарите, против тие што денеска тврдат дека сме Бугари. А кој може сам против себе да се бори?

Новинарот: Ако сме Бугари… па зошто тие влегоа?

Генерал Апостолски:
 Ако сме Бугари… Тоа… Јас затоа инсистирам не да подигаме големи споменици , него плоча на која ќе биде обележано местото, со кого кој се судрил и време кога се судрил.

Новинарот: Другар Апостолски, ви благодариме за гостувањето во оваа наша емисија.”

Како Генералот Михајло Апостолски спречи влез на бугарска војска – „Бугарите ни куршум не испукаа за ослободување на Скопје“!

Генијалниот генерал Михајло Апостолски не дозволи преобразената бугарска војска да влезе во градот. Да дозволеше, може да замислиме како тоа денеска ќе го претставуваше Софија, рече неодамна Трајко Стаматовски, претседател на боречката организација на Скопје. Генералот Апостолски дури и војска испратил за да спречи бугарски војници да влезат во Скопје.

Но, борецот од НОБ Стаматовски на 13 ноември, на одбележувањето на ослободувањето на главниот град на Македонија, пред Споменикот на ослободителите на Скопје потсети на историските настани:

„Генијалниот генерал Михајло Апостолски не дозволи преобразената бугарска војска да влезе во градот. Да дозволеше, може да замислиме како тоа денеска ќе го претставуваше Софија”.

Стаматовски рече дека борците од Народно ослободителната војна многу добро знаат дека војувале против бугарската војска. Товарот на војната го носеа македонските партизани, а посебни заслуги тој му дава на генералот Михајло Апостолски.

„Ние добро знаеме против кого војувавме, колку жртви дадовме. Колку беа храбри нашите партизани. Се бореа за секоја улица, за секоја зграда, за секоја институција. Загинаа 398 борци, меѓу нив и голем број првоборци. За подвизите на диверзантските групи кои ги деминирираа Камен мост, ХЦЕ Матка, за недолжните стрелани скопјани, многупати сум говорел. Овојпат сакам да потсетам на генералот Михајло Апостолски и на неговата далекусежна визија да не се дозволи влез во Скопје на единици од тукушто преобразената бугарска војска. Како ќе се користеше денеска тоа доколку им беше дозволено на Бугарите, можеме да си замислиме. Значи, се имаше чувство како за минатото, така и за иднината. Генералот Апостолки својата генијалност ја покажа многупати, како за време на Февруарскиот поход, или во акциите во источна Македонија, многу многу пати за време на антифашистичката борба”, рече Стаматовски.

Инаку, во сеќавањата на генералот Михајло Апостолски е запишано дека пред ослободувањето на Скопје му била испратена пораката од Отечествено фронтовската бугарска војска дека би сакале да одржат парада во Скопје. Апостолски насетил кон што тоа може да доведе, дека веќе утре довчерашните окупатори на Македонија би можеле да се претстават како ослободители. Наредил вооружена единица да се распореди на приодите кон градот и да спречи влез на бугарски војници.

„Кога го видоа тоа Бугарите, се повлекоа. Ако дозволевме да одржат парада, денес никој не можеше да докаже дека тие, буквално, ни куршум не испукале за ослободувањето на Скопје”.

Но потоа била испратена порака дека би сакале да одржат помен „за бугарските војници паднати во борбите за ослободување на Скопје”.

„И тоа ме налути. Веднаш испратив чета за да го спречи поменот. За каков помен станува збор, на кои паднати бугарски војници?”,запишал генерал Михајло Апостолски.

За време на бугарската окупација Скопје претрпе огромни загуби:

„Скопје загуби 4.654 сограѓани, од кои што 956 во борбите, а 3.698 како жртви на фашистичкиот терор, но и дека го загуби и речиси целото свое еврејско население. Орце Николов, Вера Јоциќ, Цветан Димов, Раде Јовчевски Корчагин, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Даме Крапчев…се само дел од многуте борци коишто ги положиле своите животи за нашата подобра иднина и за слобода на нашето Скопје.

Се боревме со тие што тврдат дека сме Бугари!

На социјалните мрежи беше споделена кратка аудио-снимка од легендарниот генерал и прв редовен член на МАНУ – Михајло Апостолски. Генералот раскажува за борбата меѓу партизаните и бугарските фашисти за време на Втората светска војна.


„Секоја чука на Плачковица е забележана со борби и тоа баш против Бугарите, против тие што денеска тврдат дека сме Бугари. А кој може сам против себе да се бори?

Новинарот: Ако сме Бугари… па зошто тие влегоа?

Генерал Апостолски:
 Ако сме Бугари… Тоа… Јас затоа инсистирам не да подигаме големи споменици , него плоча на која ќе биде обележано местото, со кого кој се судрил и време кога се судрил.

Новинарот: Другар Апостолски, ви благодариме за гостувањето во оваа наша емисија.”

Како генерал Апостолски ги врати дома Бугаритe

Михаило Апостолски, SВЕР, SВЕР, SВЕР!
„Кога дојдовме до Пчиња, нѐ пресретна еден бугарски полковник. Се претстави дека е командант на Петтата дивизија.

Го прашавме зошто седат тука, а тој ни одговори дека не можат да ја поминат реката, па чекаат да им донесат материјал за да направат мост, а Пчиња тогаш беше длабока само до колена. Тогаш енергично им реков да ја врати Дивизијата, зошто нам не ни е потребна. Му реков и тоа дека Скопје е веќе ослободено, иако знаев дека таму уште се водат борби. Бев многу лут поради нивните саботажи. Патем слушав како Радио Софија јавува дека нивните војски го ослободиле Велес, а тие не ни видоа како изгледаше Велес кога се водеа борби за негово ослободување“, пишува Апостолски.

И продолжува записот на генералот:

„Потоа дека го ослободиле и Штип, што беше невистина зашто бугарската војска беше 30 киломтери далеку од Штип кога се водеа борби за негово ослободување. На полковникот му го истурив сиот гнев што го имав собрано слушајќи ги вестите на Радио Софија и го вратив назад. …“ ((Михаило Апостолски – “Сеќавања”).

Генерал-мајор Конашенков: Русија не започнува војни, Русија ги завршува

Русија не започна воени операции во Украина, туку ги завршува. Војната во Донбас траеше осум години, при што загинаа повеќе од 14.000 луѓе, меѓу кои и деца. Ова го соопшти официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Русија не започнува војни. Русија ги завршува. Воените акции на режимот во Киев и систематското истребување на жителите на Донбас траат веќе осум години“, рече тој.

Според генерал-мајорот, неопходно било да се стави крај на бескрајните закани од режимот на Киев против Русија.

“Најдоа човек од подземјето кој е спремен на се“ (Фото)

Првата реакција на одлуката на властите во Приштина да го именува Башкин Јашари на чело на Косовските безбедносни сили може да се собере во констатацијата на поранешниот новинар а сега српски функционер за Косово Милован Дрецун кој вели: Подготвен е на се.

Да потсетиме, од Приштина денеска беше соопштено дека поранешниот командант на КБС Рахман Рама поднел оставка од таа функција, поради што новиот командант е избран по итна постапка.

Причината за заминувањето на Рама од шефот на КБС е наводно конфликтот кој датира од кога тој ја одбил наредбата повторно да обои во сино американско оклопно возило и да го испрати на административниот премин со централна Србија, за време на тензиите на Косово и Метохија околу кризата со царинските дозволи.

Претседателот на српската собраниска комисија за Косово и Метохија, Милован Дрецун вели дека е очигледно што Приштина со промените на чело на Косовските безбедносни сили сака да ја искористи КБС за еднострани насилни акции на северот на Косово. Тој вели и дека Приштина нашла личност која е подготвена да направи се.

„Во Башкин Јашари најдоа лице, криминалец кој ќе биде подготвен да направи се што може против српскиот народ и максимално да го искористи капацитетот на КБС да го заврши етничкото чистење на Србите и како таков претставува ризик за безбедноста и опстанокот. на Србите во Косово и Метохија“, рече Дрецун.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го именува генерал-мајорот Башким Јашари за нов командант на Безбедносните сили на Косово/ Фото: МИА

Во врска со пишувањето на албанските медиуми дека Рама одбил да испрати возила на КБС на север како поддршка на полициската акција, Дрецун изјави дека очигледно бараат некој кој ќе биде подготвен да користи опрема, оружје, возила и персонал на КБС за некои нови акции во северно Косово.

„Постоеше план, судејќи според медиумите, да се користат некои воени возила на КБС за полициска акција на север, што не е дозволено врз основа на договорот што Белград го постигна со НАТО, што значи дека без претходна согласност на КФОР, КБС не може да делува на север“, рече Дрецун.

Тој изјави дека на ова следело предупредување од Амбасадата на САД дека опремата донирана од САД не може да се користат во други формации без одобрение од САД. „Може да се претпостави дека Баским Јашари ќе биде подготвен да изврши такви наредби, да ја користи опремата или персоналот на КБС за акции на север без одобрение на командантот на КФОР“, рече Дрецун.

Тој изјави и дека Башкин Јашари е член на еден од најсилните криминални кланови на Косово. „Тоа е кланот Јашари, чиј водач е Рифат Јашари. Башкин Јашари, како бригаден генерал на Косовскиот заштитен корпус е идентификуван како криминалец вклучен во шверц на дрога и оружје, проституција, изнуда и рекетирање, во кои активно соработувал и соработува со криминалната група од Дреница Хашим Тачи“, рече Дрецун.

Новиот командант на ФСК, 44-годишниот Башким Јашари, е син на Рифат Јашари, кој е брат на основачот, или, како што го нарекуваат во Косово, легендарниот командант на Ослободителната војска на Косово, Адем Јашари.

За овој генерал нема Северна

Генерал-мајор Павле Арсоски е командант на Командата за операции во Армијата на Република Македонија.

Роден е во Гостивар во 1967 година, воена гимназија завршува во Загреб (Република Хрватска) во 1986 година, а военото образование го продолжува на Воената академија на копнената војска во Белград (Република Србија) и Задар (Република Хрватска).

Дипломирал во 1990 година како потпоручник на родот артилерија. Воената кариера ја започнува во поранешната Југословенска Народна Армија (ЈНА) во Република Словенија, а во Армијата на Република Македонија е од првиот ден на нејзиното формирање во април 1992 година.

Она што радува е што во врвот на армијата се уште има Македонци за кои Македонија не е Северна. Војнички поздрав генерале!

-Вечна им слава и сеќавање на јунаците кои пред 20 години на денешен ден, на патот меѓу селата Селце и Вејце на Шарпланина, ги дадоа животите за одбрана на татковината Македонија.

Починa генералот, оcновачот и дekан на Воeнaтa aкaдeмија „Генерал Михaјлo Апoстoлckи“

По кратко и тешко боледување од Ковид-19 во текот на вчерашниот ден почина првиот министер за одбрана и член на експертската Влада по прогласувањето на независноста на Република Македонија, генерал-мајор, проф. д-р Ристо Дамјановски.

Дамјановски е роден во Доленци, Демирхисарско, 1937 година. Тој е основач и декан на првата Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“. Завршил највисок степен на воено образование во Белград, Политичката школа на ЈНА и Висока военополитичка академија, а докторирал на Универзитетот во Скопје и станал прв доктор на воено-историски науки на тема „Воените аспекти на Македонското националноослободително движење“ на Филозофскиот факултет во Скопје. Напредувал од поручник до генерал и од учител до универзитетски професор. Бил претседател на Општински комитет на НММ, член на СКЈ, секретар на Комитетот на СКЈ во полк, во дивизија, на подрачје на Армија и на Комитетот на СКМ во Касарната „Стив Наумов“ во Гарнизонот Битола. Подоцна бил помошник на командантот на Територијалната одбрана на СРМ, предавач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и виш предавач на Правниот факултет во Битола по Основи на општонародната одбрана на СФРЈ. Бил член на Извршниот совет и Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана.

Исто така, учествувал на поголем број научни симпозиуми и има објавено преку педесеттина трудови. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на „4-ти Ноември“ награда за едногодишна работа и наградата „Гоце Делчев“ за највисоки дострели во науката.